Груевски е во тешка паника

Груевски е во тешка паника

Груевски е нешто во тешка паника. Дали у Пешта му се климата работите и е можно негово “враќање” во Мкд, претпоставувам.
Ама он ептен се плаши за 27ми, оти знае дека во тој случај е на врвот на пирамидата, заедно со братучед му, се разбира (до падот на ВМРО од власт, управувањето со партијата беше бицефално, со една глава на Груевски, а друга на Мијалков)!

Доволно е да се види дека бодигард на Груевски во тоа време, а и заедно со него дента во Виена е братот (личен) на Нинџа, а Нинџа е главниот мост меѓу инспираторите, организаторите и извршителите на тој настан, тогаш равенката е без ниту една непозната.

Токму од стравот дека 27ми му носи најмалку 10-15 г. ефективен затвор, Груевски најмногу се плаши, бидејќи и ефективната пресуда што ја има, како и останатите процеси се ептен климави и јасно политички процеси кои можат лесно да паднат, меѓудругото и во Стразбур (вез основа на помилувањето од Иванов, а 27ми е настан после помилувањата).
Токму затоа, Груевски од Пешта има вшприцано сериозен кеш во медиумско-општествено-политички кругови и лица, кои по секоја цена, па и со разни налудничави тврдења само за да се обидат да ја оттргнат јасната насока што води кон него како мастермајнд на тој настан!

Обидите по секоја цена да се обвини Мијалков, а Заев го брани како свој брат, може да одведат обвинение во некоја трета насока, само заради дефокус, па да настрада некој сосема невин за оваа, според мене, голема местенка во која учествуваа и странци и тогашна власт и опозиција и претседател на држава!

 

12.02.2021

(Тврдење и анализа направено од лице многу блиско до Н. Груевски. Ексклузивно за Дудинка)