Гоце Делчев МАКЕДОНЕЦОТ

Гоце Делчев МАКЕДОНЕЦОТ

ГОЦЕ

Ако Делчев се борел за ослободување на Македонија и создавање автономна македонска држава, во што е неговото значење за Бугарија?

Ако не се борел за ослободување на Македонија и за автономна македонска држава, во што е неговото значење за Македонија?

Симон Боливар, Шпанец, го слават како ослободител и основоположник на нациите, 6 земји и 6 нации (Колумбија, Венецуела, Перу, Боливија, Еквадор, Панама), но не го слави Шпанија, а тој е Шпанец.

Осоновоположниците на САД (државата и нацијата) сите биле Британци. Нив не ги слави Обединетото кралство (Англија), ги слави САД.

Че Гевара е Аргентинец. Неговата личност и дело ги слави Куба, како и други земји во Јужна и Средна Америка, но не го слават во Аргентина.

Гоце е роден во географска Македонија, државјанин е на Отоманската империја, се бори за слободна и автономна Македонска држава.

Што е тоа што заеднички ќе го слават Македонија и Бугарија?

Неговата борба завршила со пораз, значи земјите не слават победа туку ја слават идејата, која идеја?

Територијално проширување на Бугарија?

Слободна автономна македонска држава?

Секоја држава може да слави кого сака и како сака, но како можат две држави заеднички да слават една личност, ако нивните историчари зборуваат за спротивставени идеи?

Разговорот не треба да е меѓу политичари туку меѓу историчари. Врз основа на историски факти да дојдат до историска вистина за идејата која го водела Гоце и на која и го посветил и за која го дал животот.

Тогаш, или Македонија нема да го слави, или Бугарија, но заеднички нема што да славиме.

 

Горазд Росоклија