Глас за малите партии е глас за Зоран Заев

Глас за малите партии е глас за Зоран Заев

Вечерва започнува изборниит молк. Иако тоа за социјалните мрежи нема да важи. Таму битката ќе се води и во недела.

Македонија, која е држава на преседани, промовира уште еден преседан! Имено, од партиички што се прокламираат за опозициони,  не постои борба за рушење/промена на позоцијата/власта! Постои желба/задача опозицијата да не победи. Или сликовито, “ја сум опозиција што не сака опозицијата да победи”?!

Зишто? Затоа што мали човечиња (Хитлерчиња) имаат големи амбиции апсолутно несразмерни со нивниот скромен IQ капацитет.

Според сите показатели, доколку не се случи некоја апсолутна изборна кражба ид страна на Нарко картелот од Муртино, ВМРО во недела ќе победи.

Победата во недела ќе е последниот круг од трката за пад на Заев од власт.

Она што е битно е поразот на Заев да е што по голем, по изразит, по гласен. Затоа е потребна масовна излезеност и секој глас кој е против оваа наркоманско-предавничка банда.

Малите партиички се создадени и финансирани за овој пораз да го ублажат. Направени се да дефокусираат од нашата главна задача – рушење на Заев. Изникнати се за да посметаат опозицијата пто побрзо да може да го преземе менаџирањето на општините и државата.

Има многу општини каде на прсти ќе се бројат гласовите што ќе решат дали во прв јруг ВМРО ќе добие градоначалници. На таквите места се поставени “чеза партиите” (не се ниту пајтон) со листи од терки, баби, стрини, сопруги, блиска рода… – да можат да штрбнат некој глас кој ќе посмета на победата на ВМРО.

Во недела не се гласа за оваа или онаа партија или партиичка, ами за пад на фашистичкиот режим на Зоран Заев.

 

М. Неделковски

15.10.21

Скопје