Германско-Езуитската Измислена Историја Пропаѓа! Македонија Лулка на Ариевскиот Ген

Германско-Езуитската Измислена Историја Пропаѓа! Македонија Лулка на Ариевскиот Ген

Професорот на Харвард, Анатолиј Кљосов е научник, кој е роден и работел во Русија, за да во 1989 година пребегне и продолжи со науката во Америка. Неговото поле на наука е индустриската биохемија односно употреба на ензимите, земјоделскиот отпад да го претворат во корисна материја, поточно, како со помош на ензимите, преку гликосилација, да се направи антиканцер лек. Во 2008 година почнал да се занимава со ДНК генеалогија, која наука е ставена во категоријата на псевдонаука.

Спрема истражувањата на професорот Анатолиј Кљосов, Балканот е прататковина на сите Словени, вклучувајќи ги и русите. Со анализа на генот R1A1, кој е најчесто присатен кај жителите на така наречениот Динароидски дел на Балканот или ‘илирски’, тој заклучил дека од тука потекнуваат сите денешни Словени, но и поголем дел од народите на Европа.

Сите скелети, од добата палеолит и неолит, пронајдени во Европа досега, се од словенско потекло и сите го имаат генот R1А1, или таканаречен ‘камен ген’, што значи дека пред 12.000 години, сите жители на Европскиот континент, биле Словени. Ваков стар ген, преку 40%,  го имаат сите индоевропски народи во Европа. Според ова, сите Словени се дојдени од Балканот и се директни наследници на синот на Ноа. Прочитај повеќе овде: Македонија – Татковина на Ариевската Раса –Macedonia – Aryan Ancestral Homeland. A. A. Klyosov

Тој, на основа на мутација на генетската хапло група, карактеристична за Словените, заклучил дека Словените се од Балканот, но и дека индиската каста Ариевци, постанала со доаѓањето на Словените на подрачјето на Индија, пред околу 3.850 години.

Професорот Кљосов исто така тврди дека сите индоевропски јазици, во кои спаѓаат сите јазици на Европа (освен маѓарскиот и финскиот), ПраСловените ги имаат донесено во Индија, Иран и Афганистан.

Тие ПраСловени, со динароидски гени, кои живееле на Балканот пред 12.000 години, спрема студијата на Кљосов, после 200 генерации доаѓаат на равницата на Источна Европа и таму, пред околу 4.500 години, се појавува генетскиот предок на денешните Руси и Украинци. Петсто години подоцна, доаѓаат до Јужен Урал, за после 400 години да се појават во Индија, во која и ден денес живеат 100 милиони  луѓе со овој ген.

Оваа теорија, заснована на неговите ДНК анализи, ја ‘превртува’ на глава досегашната наука за смерот на миграција на индоевропските народи и предизвикува подвоени реакции кај сите научници во светот.

Но, не ја ‘превртува’ само теоријата за миграција на народите, туку фрла и ново светло на историјата и постоечките историски верувања.

Гените не лажат. Науката не може да ја сокрие вистината, може само историчарите да лажат.

Александар Македонски бил Mакедонец, а не Грк. Тој своето име го сочувал со милениуми. Ако е ова точно, тогаш целата античка историја ќе падне во вода, бидејќи таа историја е базирана на Грчка слава, која ватиканските езуити ја шират преку изучување на историјата на германските универзитети.

Илијада и Одисеја не се пишувани на грчки јазик, бидејќи тој се појавил на грчките простори, 500 години, подоцна.

Со ова паѓа во вода целата германска лажна пирамида, измислена историја и се гледа ватиканско-езуитската  историска измислица.

 

Преземно од Коложег.инфо