Враќање на руската флота во Африка и Индискиот Океан

Враќање на руската флота во Африка и Индискиот Океан

 

Суданските власти го одобрија договорот за создавање руска поморска база во Порт Судан. Како резултат на дополнителните преговори, Русија се согласи да ревидира голем број параметри на договорот на кои инсистираа Суданците со цел да го стави договорот во сила.
Русија се согласи да му испорача на Судан дополнително вооружување, да помогне во создавањето на современа армија, плус инвестиции во пристаништето Порт Судан, и создавање на индустриска зона.
Како резултат на тоа, и покрај отпорот на Американците, Русија и Судан склучија договор. Некои арапски држави помогнаа договорот да се склучи.
Покрај поморската база, Русија на користење ќе добие и воен аеродром.
И на среден рок, Русија ќе ја има првата база во Африка од советската ера. Заедно со поморската база во Тартус, Сирија, која што и овозможува контрола на Средоземното море и на Блискиот Исток, и проекцијата на својата сила и политика, со поморската база и аеродром во Судан, Русија ќе обезбеди контрола на дел од Африка, Персискиот Залив и Црвеното Море, плус проекција на својата сила и политика во регионот плус Индискиот Океан.
А заедно со кинеската воена база во Џибути, и новите бази на Сајшелските острови, Пакистан, Шри Ланка, Мјанмар, Русија и НР Кина обезбедуваат контрола над овој дел од светот, и на важните поморски патишта и рути.

Дудинка

14.02.23