ВОЛШЕБНА ТЕЧНОСТ

Што е всушност МАТЕНИЦА (СУРУТКА)?

Млекото содржи два типа на протеини во себе: казеин и сурутка. Казеинот по процесот на создавањето на сирење оди во сирењето, а сурутката завршува во течноста.

Полна е со здрави материи – витамини (особено B2), добри бактерии и ензими кои ги чистат и смируваат цревата. Во еден литар сурутка има само 360 калории. Сурутката според хемиските анализи е утврдено дека има 16 типови на протеини, 8 минерали, 7 витамини, до 23 амино киселени и до 11 ензими. Сурутката содржи многу минерали, неопходни за нашиот организам и тоа првенствено калиум калциум, бакар, железо, цинк, кобалт, манган и фосфати. Овие минерали се важни, бидејќи тие ги интегрираат метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите.
Правилното одвивање на овој процес, значително го намалува ризикот од мозочен удар, од висок крвен притисок. Го подобрува имунитетот, ги регулира штетниот холестерол и цревната флора, го регенерира црниот дроб, ја спречува остеопорозата и го намалува забниот камен.
Од шеќерите во сурутката има најголем процент на лактоза, која е особено важна во исхраната на децата. Сепак, протеините се најважната состојка на сурутката. Составено претежно од есенцијални амино киселини, учествуваат во создавање на мускулна маса, но не создаваат масни наслаги и не дебелеат. Токму поради ова сурутката се смета за еден од најдобрите енергетски извори и се препорачува на спортисти, деца,стари лица, трудници, доилки.

Татковците на медицината Хипократ и Гален ја нарекувале „Лековита вода” и ја препорачувале за редовна употреба.

Маштеница, матеница, сурутка, buttermilk… Оваа „волшебна” течност е вистинска скапоценост во нашата кујна.

Целата приказна за маштеницата оди дотаму што се употребува за подготовка на вкусни освежителни напитоци во комбинација со овошје; наместо вода за приготвување печива и варива (но не заборавајте – не треба да е солено). Посолената матеница се користи за маринирање на месо (не сте виделе помеко месо од она кое стоело преку ноќ во оваа течност). Направете зимница од овошје и зеленчук со помош на матеница наместо индустриската есенција.

Оние кои имаат бавчи ја користат како спреј против пепелница, а при полевање на растенијата (особено кај домати или малини кои сакаат покисела почва) добиваш здрави растенија со прекрасни здрави листови.

Ако чувате коковчиња додатете им од течноста во храната – како богат додаток на протеини!

Оние пак, кои работат на сопственото тело преку бодибилдинг велат матеницата (сурутка) е највисок хранителен извор на протеини.