ВМРО ПИШМАНАЏИЈСКА

ВМРО ПИШМАНАЏИЈСКА

Повеќе пријатели и познаници ме замолија да не сум го до таа мерка “тепал“ Христјан Мицкоски, туку да сум се свртел кон Зоран Заев. Замолницата ја сметам за добронамерна, но тешко остварлива.

Зошто? Затоа што Заев и нема зошто да се критикува бидејки тој се што вети – оствари. Навистина, ветувањата се на апсолутна штета на Македонија и Македонскиот народ, но сите до едно ветување беа најавени во предизборието. И сега што да го критикуваш? Дека остварува?!

Критиките, сугестиите и текстовите кон Хрстијан Мицкоски се со една намера, која повеќепати сум ја објаснил. А тоа е да се обидам да иницирам промена и расчистување со реформистите, невмровците, имплантите и либералите во ВМРО ДПМНЕ. Бидејки тие имаат само една единствена задача, да ја уништат партијата. А оваа партија е единствениот анкер за кој може да се врзе Македонскиот народ. Но, не ваква каква што е сега. Бидејки нема никаква разлика помеѓу кадрите на Бејли во СДСМ и кадрите на истиот  тој Бејли во ВМРО ДПМНЕ. Нема здрав Македонец што би сакал да гласа за во фотељи да заседнат Александар Николовски, Влатко Ѓорчев и останатите “кадри“ што изгледаат супер идиотски читајки од идиот камера.

Па затоа, еве како израз на моја добра воља, а во интерес на освествање на партијата и пред се освестување на грогираниот Мицкоски (а уште е првата минута од првата рунда на мечот), уште еднаш да го замолам да си го распушти PR тимот и да се ослободи од потпредседателте што му нанесуваат штета, зло или што сакаат да го видат поразен на следните избори, за себе да се стават во неговата фотеља.

Зошто?

Затоа што ќе продолжи пред јавноста да изгледа глупо, неискрено и манипулантски.

На пример, вчера најави дека ќе се враќале (пак ли?) во Собранието!!!

Прво, како Претседател кој верува во себе, партијата и одлуките на органите на истата, имбецилно е да чита “што сака да каже“ од парче хартија?

Второ, со оваа негова, и на партијата капитулација, се покорува на желбата и наредбата на Талат Џафери кој пред само 4 дене изјави дека “ВМРО нема повеќе аргументи за да не се врати во собранието“. Значи, ги исполнуваат желбите на нелегитимен, неуставен и криминално поставен човек за спикер во Собранието. Практично уште еднаш, на тој изрод и воен злосторник му даваат верификација и легитимитет.

Трето, гласање недоверба на владата која ја најави е димна бомба со која сака да ја покрие оваа капитулација, оти е математички прецизно, а Бога ми и јасно, дека за доверба СЕ ГЛАСА. А Мицкоски ги нема дури ниту оние 51 пратеник на Груевски кои и онака не беа доволни. А сега без Чедо, Амди, Панчо, притворените и уште некој колебливко  тоа веќе не личи и на хор (на пратениците), ами на камерен оркестар. Такви фолирања, дека демек ќе се бореле во Собранието преку барањето интерпелација на Владата, е уште една навреда за интелигецијата на Македонскиот народ. Па не сме ние глупи, бе! Многи по чесно би било да си ја признаат грешката (ако сметаат дека е грешка блокирањето на Собранието), или да признаат дека им е мало бабулето па не можат да го издржат притисокот врз нив и да му се извинат на народот што ете толку им е силата.

И четврто, да разбере дека со вакво водење на партијата и ваков очаен PR не може да очекува од новинар како мене да биде амнестиран за кажаното. Можеби други, кои се нудат да станат членови на регулационото тело на ААВМУ (како и да ќе се вика во иднина) за 80.000 месечна надокнада, се спремни да заборават кој што, кога  и каде кажал! Ама тоа секако не се новинари, ами платеници. Јас не сум по забораањето, ами по потсетувањето. Значи ќе мора да си оформи PR,  а и тој самиот ќе мора да си се ресетира, за секој кажан збор да му тежи и вреди. Вака личи на политичка шајшутка. Бидејки пред само два месеци изјави дека: “Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам“.

Од 9-ти јануари до сега што се промени? Се врати ли демократскиот амбиент во Собранието? И ако се врати, кога било тоа и со каков потег било тоа направено? Натаму, 12-те проценти од неговата пратеничка група се намали ли? Математички прецизно! Или и сега е 12%? И, се соочуваат ли понатаму со конструирано обвинение за тероризам? На 9-ти јануари судската постапка беше сеуште до ниво на истражна постапка, а сега веќе се поднесени ОБВИНЕНИЈА за тероризам. Односно ОЈО го прецизираше обвинението. Односно сега веќе има обвинителен акт. Што значи дека сега ситуацијата на овие 12% е потешка отколку на 9-ти јануари. Па така, молам Мицкоски и неговата PR служба да не не‘ третираат за глупи, ако сме само обичен народ. И нека кажат што се промени? Бидејки тој е само 5 месеци претседател на партијата, а собори светски рекорд во менување на ставови и пласирање спротиставени одлуки и решенија. Вратоврска, костум, сериозна фаца, исти костумисани и сериозни фаци позади него – не значат и дека се паметни. Напротив, мене ми делуваат кловновски. Како навиени кукли што зборуваат она што “Центарот“ ќе им го нашише, а што “Центарот“ како насока и наредба го добива од скопско Кале.

Значи, математички прецизно да му објаснам. Вака како што тераш, амбисот ти целта. Во твојата партија, покрај од стокхолмски и сајгонски синдром, имате и леминг (мал глодар, види на нет) синдром.

Досега си најнесупешен генерален секретар во историјата на ВМРО ДПМНЕ со најголемиот пораз на едни избори. Тераш да бидеш кратко претседател, но со истиот “успех“ на најнеуспешен, бидејки вака стремиш кон најголемит пораз и како претседател на партијата. Тоа секако ќе те направи уникатен политичар.

Доколку имаш забелешки и поплаки на моиве 4 точки, од краткава анализа, поплачете си еден со друг ти и “Глумац“ кодошот.

Кога ќе престанете со цмиздрењето, имам едно прашање и една порака:

Прашањето е, дали ги заборавивте и дали се откажавте од вашите најверни членови како Горан Ангелов, Игор Југ и други патриоти; дали ги заборавивте и се откажавте од уметниците Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски; дали го заборавивте и дали се откажавте од вашите сопартијци и сопратеници Јохан Тарчуловски,  Љупчо Димовски, Крсте Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов? Во ниту едно “видео обраќање“, во ниту едно ТВ гостување, во ниту едно партиско соопштение, во ниту едно читање на некој идиот од идиот не ги споменавте!!!! Се откажавте ли од нив? Се срамите ли од нив?

Пораката е, да престанете со штосови дека сте скарани и сте на ратна нога со Груевски (за тоа ќе следи посебен текст и анализа) и да престанете со тоа дека ќе се ослободите од непосакуваните Николовски, Ѓорчев и слични. Оти сте неискрени.

Оти, ниту сте најумни, ниту најитри, ниту најспособни – ами сте потпросечни партиски апаратчици што станале фактор во партијата благодарејки на дупеувлекувачката стратегја што со години сте ја имале кон Никола Груевски. А овој па, одроден од народот, и покрај предупредувањата, наседнал на хвалоспевите.

Единствено што е жално е што на следните парламентарни избори, разочараните гласачи што традиционално си гласале за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, нема да имаат опција за кого да го дадат својот глас. Па затоа ќе апстинираат.

 

М. Неделковски

Скопје  02.01.2018