Бранко Геровски, соработник на бугарските тајни служби

Бранко Геровски, соработник на бугарските тајни служби

И на крајот, како ука и за мои добри и искрени пријатели што се палеа на “глодуров“, најновите снимени разговори на Орце Камчев, покажуваат дека Кики-Фрики “новинарството“ на Бранко Геровски всушност било на ниво на извршител на бугарските тајни служби.

Никакво истражувачко новинарство, никакви новинарски информации, никаква професионалност – едноставно како врбуван соработник на бугарските тајни полициски и разузнавачки служби, за сума од 25.000 евра во кеш исплатени во Скопје, Бранко Геровски ја одработил бугарската агенда. Односно, бугарската освета на Бојко Борисов кон Зран Заев, затоа што не му беше овозможено да купи сериозен пакет акции во Комерцијална кај Хари Костов.

Но, како што некој ги снимал Кики и Фрики, како што Орце го снимал Боки 13 и Кичеец, така некој друг го снимал Оки. И види сега, таму Орце Камчев јасно и гласно го соопштува она што јас од пролетва наваму го тврдам дека тој не е новинар, ами извршител. Па така, како што вели Орце: “Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам, кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“.

Значи, off/0n “новинар“. Го вклучуваат и исклучуваат странските служби.

И на таков Геро се попалија сите про-вмровски портали. Исто како предходно на Васко Ефтов, на Јоци, на Милчин, на Ивор!!!

 

МН

Дудинка

Скопје, 12.12.19

04.57 ч.