Бобан НОНКОВИЌ

Досегашниот дописник на МИА од Брисел го објави својот магистерски труд со што стана Магистер по менаџирање на медиуми и мултимедија.

Владее, покрај англискиот што си го понесе од Скопје, и француски, холандски, белгиски (валонски) што ги научи таму.

За се ова честитам.

Но, најсилната работа кај овој човек, што особено ја ценам бидејки и себе си се сметам во истата категорија, е што НЕ СЕ ПЛАШИ И СРАМИ ОД РАБОТА. Срам од работа нема.

За разлика од разно-разни самонабедени елитисти, ново-граѓани дојдени од вукојебини, тазе заљубеници во хомесксуализам и користење заеднички масажер, педикир и маникир (Трајчевски и Мирчевски, на пример) – Бобан низ животот се пробил сам, со труд, упорност, учење, читање, знаење…

Бил и шанкер, и новинар, и колумнист, и уредник, и дописник.

Неформално, бил посилен лобист за Македонија во Брисел од сите наши амбасадори и дипломати што биле уштекани во амбасадите таму.

За некогаш Македонија да добие таков КАПИТАЛЕЦ за дописник во Брисел, многу ќе треба да се изначека. Иако, во меѓувреме МЕДИУМСКИТЕ ГИРИЦИ се ситат на тоа што МИА ги затвори сите дописништва (Берлин, Брисел, Атина…), па со самото тоа и досегашното работно место на Бобан.

На човекот што толку жестоко, срчано, посветено и искрено ги бранеше Македонските интереси во ЕУ, НАТО и Белгија повеќе од 5 години, ние како граѓани и оваа држава како наша, треба да му оддаде должна почит.

На овој начин Дудинка и јас лично тоа го правиме.

Бобане, имај понатамошен успешен живот и радост и спокојствие во фамилијата.

 

 

Миленко Неделковски

07.11.2017

Скопје

08.18 h.