Бобан Нонковиќ

Бобан Нонковиќ

Во јули 1893 година Иван Хаџи-Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и притоа ги преставил начелата врз кои требало да со основа организацијата:

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна.

2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат изложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението.

3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Бугарите,Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Бугарите ,Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.

4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади.

5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална… и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата.

Гоце Делчев го прифатил формирањето на организацијата, но неговото учество во неа, го условил со завршување на военото училиште во Софија.

Според И. Х. Николов, тогаш биле прифатени следните начела:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.

3. Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Врз овие начела ВМРО се конституирала на денешен ден пред 126 години, како друштво без писмен протокол и без да избераат раководители како претседател и слично. На таа средба не се утврдени никакви формалности, клетва или нешто слично, за да се сметаат членовите за лично обврзани за да делуваат за делото.

Основоположниците се разделиле со мислата дека им престои тешка и сериозна акција, секои од нив требало да размисли за лозунгот, формата и дејноста на организацијата.

Борбата сѐ уште не е завршена!

Image may contain: 1 person, smiling, sky, tree and outdoor
Б. Нонковиќ
Брисел, 23.10.19