Бобан НОНКОВИЌ

Бобан НОНКОВИЌ

.

https://informer.rs/vesti/politika/419665/foto-video-sokantno-ovo-neoborivi-dokaz-amerika-stoji-iza-protesta-beogradu-sergej-trifunovic-prima-instrukcije-specijalaca-politickog-odeljenja-ambasade-sad

НеинвеPнтивен американски дипстејт или успешниот патерн од уништувањето на Македонија, идентично се применува и во растурањето на Србија?

Ова како наслов ми се наметнува, а за што се работи.

Прочитајте го текстов и вклучените ликови во него и кој памети (а, не беше одамна) ќе се шокира како американската длабока држава, со парите на нивните данокоплаќачи и со сервис на дипломатите од Стејт департментот, ама буквално по истото сценарио и со истите глумци, како што ја растури Македонија, сега ја растура и Србија (двете последни православни, но и пред сѐ традиционални земји на Балканот).

Во Белград се веќе во ек протести, наречени “Стоп на крвавите кошули”, поттикнато од една смрт (ала случај Нешкоски) и овие протести секојдневно се претвораат во сликата на македонската “Шарена револуција”.

Од позадина предводи актерот Сергеј Трифуновиќ, кој минатата недела изненадувачки беше именуван за претседател на “Движењето слободни граѓани”, што е всушност најголема опозициска партија во Србија.

Во Македонија, американскиот дипстејт актер беше (и за жал уште е) Зоран Заев.

На терен, демонстрантите на протестите во Србија ги води извесна Јелена Анасоновиќ, која доаѓа од невладиниот сектор и која претходно предводеше студентски востанија.

Во Македонија, нејзината реплика беше Ивана Туфегчиќ.

Целосната операција во Србија ја предводи американскиот дипстејт, инсталиран во амбасадата на САД во Белград и тоа пресликано како во Македонија:

– На чело е амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот – агент на ЦИА.
(во Македонија беше Џес Л. Бејли – агент на ЦИА)

– Главни оперативци што директно даваат инструкции на лидерите на протестите во Србија се:
— Дејвид Л. Геренбек, советник за политички прашања во американската амбасада – агент на ЦИА.
(Во Македонија, тоа беше Дејвид Стивенсон – агент на ЦИА, кој ја извршуваше буквално идентичната функција во амбасадата на САД во Скопје) ;
— Денис Ибишбеговиќ, локал-персонал и советник во амбасадата на САД во Белград, обучуван во седиштето на ЦИА во Ленгли.
(во Македонија, буквално идентична улога има Митко Бурчевски, обучуван во седиштето на ЦИА во Ленгли, локал-персонал и советник во американската амбасада во Скопје, но и во урнисувањето на македонската држава.

Што е уште поинтересно, Ибишбеговиќ бил долги години грантиран од американски фондови во невладиниот сектор, каде имал проект “Жолта патка”, додека идентично таков потег, но во ликот на Владе Милчин, Американците му го финансираа проектот “Зелена гуска”.

Всушност, само ако се прочита текстов на српски “Информер” и ако се погледнат фотографиите и видеата, секој од нас ќе се згрози на идентичноста со македонското сценарио, што значи допрва Србите ги чека хаос на улиците, Дедињски договор, Специјални обвинители, претпоставувам и објавување на компромитирачки материјали за власта на Вучиќ, преодни Влади итн, итн, односно доаѓање на квинслишка власт, па губење на Косово, на Прешевската долина, на Санџак…

Жално, жално…

 

Б. Нонковиќ

06.02.19

Брисел – ЕУ