АЈТ СИКТЕР

АЈТ СИКТЕР

1. Марјан Стаменковски џиџи-миџи бизнисменот од Крива Паланка, би сакал да добие од мене шарпланинче на подарок, ама плус да му платам и вакцинирање на кутрето, чистење од глисти, витамини, исхрана, чешлање и слично. Доколку му удоволам на Марјан, претпоставувам потоа ќе посака него, ако е возрасен, и да го посинам.

2. Двата сина на Штерјо Наков, Драган и Сашо, се здробиле од мавање пред нивниот хотел “Александар палас” во Скопје. Ова за Горан Михајловски Пиже не заслужува внимание во неговата колумна. Повеќе ќеф му е да се спрдачи со градоначалниците на Карбинци и Лозово. За Газда Штерјо не смее да зуцне.

3. Според Рамковниот пријател на Ивица Боцевски правите мажи биле оние што сакале да има што повеќе педери, за да можело они да имаат што помала конкуренција во бркање женски!!! Брејјјјј, идиот. Според оваа голема мисла и математика, секој прав маж би посакувал сите други мажи на светот да се педери, за тој да биде единствен на светот. Па воопшто да нема конкуренција?! Тоа би бил врв на машкиот успех на Рамковниов.
Ја сосема спротивно, сметам дека прав маж е оној кој во конкуренција на сите мажи, а ич педери, ќе биде успешен кај жените.

4. Ерол Ризаов ми пратил порака која вели дека е подобро да си пијан и чесен, отколку глупав и измамник. Во ред! Сега ја него да го прашам: Во рамките на овие негови две категории, каде го лоцира неговиот Зоран Заев?

5. Јадранко Костова објави дека контроверзите околу смртта на Никола Младенов ќе можат да се расветлат дури по смената на оваа власт. Сите се изнакажаа и изналажаа што збореле со Младенов. Сите собираат поени на неговата смрт. Она што сигурно го знам е дека ја мојот разговор со Никола што беше направен на негово барање во присуство на неговата сопруга во подрумската просторија на Интермецо на неколку недели пред погибијата, ниту ќе го кажам, ниту објавам, ниту злоупотребувам. Сигурен сум и дека една моја ценета колешка ќе постапи исто во врска со нејзиниот разговор направен на барање на Младенов, а одржан во Кала, на неколку недели пред погибијата.

6. Ќе напишам дека Ерол е пијаница, одма лавина од реакции, пренесувања на вести по портали… Сакам да спасам од малтретирање јадно истепано коњче, одма се издава забрана и апел (?!) никако ја да не сум го спасел животинчето. Ќе фатам приватен бизнис, Ленче Николовска одма го праќа татко и да ми ги брои козите. Ќе имало субвенции за шарпланинци – ќе сум се збогател. Од сума која на годишно ниво е вкупно 17.500 денари, односно од 50 денари на ден?! Подарив досега над 60 шарпланинчиња, е проблем било што не сум сакал да подарам пари и за вакцинација, апчиња за глисти, витамини за коски, ветеринар, храна на кутрињата… Водител сум во Радио каде водител е и Марин Бабиќ, ама ја сум провладин – Марин не е?! По судска пресуда на оштетените сум ги вратил сите пари до последен цент, е зошто сум ги вратил? Владимир Тевчев се заканува дека ќе се тепа, сите портали и петпарачкото весниче молчат. Не е говор на омраза, ваљда? Нивната перјаница, на која громогласно и аплаудираа, го прогласи Перо Антиќ за глупав коњ, молчат Ленче со фамилијата, Кабранов со бандата и Геровски со баграта. Молчи и СДСМ, во врска со Антиќ. Ќе снимам и промовирам непристапни убавини низ Македонија, е зошто сум се возел со џип? На магаре ли да ја носам екипата? Ја чувам кучиња, погрдно ме нарекуваат кучкар. Милчин има кучиња, тој не е кучкар! Во што ви е проблемот соросоитчиња? Да ме нема ли, среќни ќе сте?

7. Борјан бил тутурутка, мрза и неспособњаковиќ. Чом бил дел од остала педераана. Ленче и Тони биле муфљузи. На Велија поарно му било во затвор да седи. Ѓунер е Шунер. Грумар е лигле. Му помагал на Бранко во раскурчување на Бучко. Колегите и пријателите на ќерка му се хомосексуалци.

Само ОН, Героски е арен. Народот рекол: Подалеку од човек што Господ го бележел.
8. Ќе откажам пишување колумна во следните 4 години?! Без Шема, Џани Макрадули, Емилијан Станковиќ, Минчев, Ленче Николовска, Бишевац, Бендевска, Гордан, Савова – ќе немам комични ликови и глупи изјави за коментирање. Чао адио… Збогум.

9. Кире Наумов 9-ти на листа? Така да, според распоредов на листите, во СДСМ повеќе го ценат Сафет Бишевац од Кире Наумов. Мислам дека Кире нема потреба да се троши по митинзи и со обичен народ што не разбира економија. 9-ката е апсолутно недобитна за СДСМ.

10. Новата влада ќе била на чело со Зоран Заев?! И, кога ќе се разбудат на 28-ми сабајле, перницата жива вода. Од потење додека се сонува никогаш остварен сон. А и јака лига пуштаат додека спијат. Прва лига, друга лига, купишта лиги – перницата жива вода.