АРМАГЕДОН ДПМНЕовски

АРМАГЕДОН ДПМНЕовски

Кога започна вртоглавиот пад на Никола Груевски? И падот на неговото ДПМНЕ?

Едноставен е одговорот: Во оној момент кога почна да бега од ВМРО и од вмровците (по убедување, не по партиска книшка). И, како се повеќе се оддалечуваше од ВМРО, акцелерацијата на падот стануваше се‘ поголема. За на крај да тресне на плочникот, како фрлен од 12-ти спрат. Во текот на тој 3-4 годишен пад, Никола Груевски од Никола Груевски се трансфрмираше во Бранко Црвенковски?! Да, да… НГ стана БЦ.

 

НГ = БЦ

БЦ не сакаше Македонски симболи, химна, ликови… НГ заврши така што на овие последни избори, за да им удоволи на Бејли и “Жохар“, на своите партиски членови им забарни да употребуваат партиски симболи, знамиња и кореографија. Кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ даваа прецизни и јасни инструкции и наредби до своите луѓе задолжени за кампањите, партиски симболи да нема на флаерите со нивните имиња!!!

Па така, обоен во сино, без сонцето од Кутлеш и без традиционалниот лав, Никола Груевски го доживеа најголемиот пораз не само во историјата на ВМРО ДПМНЕ, туку и во историјата на сите партии во Македонија. Никола Груевски доживеа пораз поголем и од оној што мислевме дека не може да се надмине – поразот што своевремено го доживеа Бранко Црвенковски.

СДСМ пред 4 години доживеа дебакл на локални. Имаше освоено градоначалнички позиции само во 4 општини. Но, трите беа габаритни и мокни општини: Куманово, Струмица и пред се Центар. Исто така, во голем дел од општините имаа пата-пата или предност на советничките листи. Запаметено остана глупирањето на Миле Јанакиевски со бескрајните прегласувања во Центар.

 

АРМАГЕДОН

Дебаклот на Никола Груевски во викендот зад нас му донесе “победи“ само во три (со бројки “3“, и со букви “три“) скопски села. Но таму, во Сопиште, Петровец и Илинден вредните домакини и неспоменати во бомбите градоначалници сами си ја извојуваа победата. На Борче и Жика (кадидатот во Сопиште не го познавам) победите не му ги изработија ниту Христијан, ниту Груевски, ниту Србов, ниту Бетмен… Не, тие сами си ја освоија локалната самоуправа. И покажаа како требаше да биде водена ВМРО ДПМНЕ (за 11 октомври бандерите во Аеродром, Скопје, Автокоманда, К. Вода беа без дражвни знамиња и одбележја. Ама во Петровец секоја бандера си имаше по две знамиња. Државно и општинско). Исто така, ВМРО ДПМНЕ со советничките места низ општините каде нема да имаат градоначалници, нема да имаат можност да прават поголем импакт врз политикте на СДСМ.  На СДСМ сега нема да му треба “Шиповиќ“ варијанта на преземање на советот.

Значи тотален Армагедон.

СДСМ пред 4 години доживеа дебакл, ВМРО ДПМНЕ вчера доживеа комплетна пропаст.

Уште по трагично. Со поразот на СДСМ во 2013-та не беа загрозени државата, народот, идентитетот… Со вчерашниот пораз на ВМРО ДПМНЕ извесна е иднината каде Македонија веќе нема да биде функционална држава (повеќе пати констатиран факт од страна на М. Велиновска).

 

КАДРИТЕ НА БРАНКО ВО КАБИНЕТОТ НА ГРУЈО

Претварањето на НГ во БЦ доживеа екстаза со ангажрање “спасители“ во поранешните блиски луѓе до Бранко Црвенковски и докажани полициски соработници: Васко Ефтов, Љупчо Палевски Упа, Иванка Јовановска Јоци…

Со нив, своевремено, Бранко Црвенковски во серија доживуваше порази и разочарувања. Истото му се случи и на Груевски кога реши тие да му се лукративната преторијанска гарда.  Еден (Ефтов) е со неостварена амбиција да биде Генерален секретар на СДСМ, друг (Палчо) беше висок градски партиски функционер и лидер на градската органиација на СДСМ и третата (Јоци) со капцитет на новинар која 20 години се занимавала со тоа колку дупки има по улиците на градот и колку од контејнерите се исчистени, а кои се прескокнати.

Бранко со овие “лепотани“ замина во историјата, еве го сега и “вториот Бранко“, Никола Груевски на истиот пат.

Падот на Никола оди правопропорционално со неговото “заљубување“ во емисиите и ставовите на Васко Ефтов. Апсолутно исто искуство со она што при својот пад го доживеа Бранко Црвенковски.

 

СОВЕТИТЕ

Никола Груевски од овие лукративни преторијанци беше советуван да се откаже од патриотизмот и домољубието, кое меѓу другото беше артикулирано и во текстовите на Велиновска, Нонковиќ Јаневски, моите, на Мицов…. Уште полошо, Груевски беше “советуван“, а тој со две раце прифати “dramaticno, jasno i vidlivo distanciranje na Gruevski od site onie koi ja kontaminiraa mediumskata pozicija na VMRO vo javnosta i koi bea brutalno oznaceni kako nositeli na procesite na vlosuvanje na odnosite na segasnata opozicija so albanskite glasaci, so megjunarodnata zadnica i sto e posebno vazno so Ambasadata na SAD vo Makedonija“ (В. Ефтов).

Натаму беше советуван за “rascistuvanje so takviot politicki otpad“, бидејки “Gruevski ne moze da smeta nitu na pristojna komunikacija so site onie relevantni i vlijatelni domasni ( a vo dogledno vreme i stranski ) strukturi koi se nazadovolni od vladeenjeto na Zaev“.  (http://jadiburek.com/sodrzina_detalno.aspx?id=3118)

Па така, откако “новиот“ Бранко Црвенковски ги послуша советницте на стариот Бранко Црвенковски, го доживеа најголемиот и најсрамен пораз на ВМРО ДПМНЕ. Така де, “исчистен од политички отпад“, за нели да може да “комуницира со влијателни домашни и странски структури“.

Така “исчистен“, Никола Груевски вчера беше како со метла пометен од политичката сцена во Македонија.

Какви советници, таква судбина. Со откажување од домољубните симболи, патриотските обележја, идеолошкото наследство за да можеш “да комуницираш со странските структури“, ќе ти се случи 100.000 луѓе помалку да гласаат за тебе, во однос на оние од пред 10 месеци.

“Советите“ од типот “Мокта да се биде адаптибилен е гаранција за политичка долгорочност“, каде Груевски беше советуван да биде камелеон…, Или “никогаш немојте да бидете категорични“, значи советот е Груевски да си нема став по ниту едно прашање…, или на пример “Кој ќе гласа за вас ако му нудите немир“ е совет кон Груевски во моментите кога тој и неговата партија ја загубија власта и државата токму од “немир“ предизвикан од шарените револуционери, соросоидни платеници и бејлиеви подопашници. Па така, “седи ти Никола мадро“ политиката, кога Европа и светот врие (Каталонија, Шкотска, Филипини, САД…) е совет добиен од глупак. Сите што си ги остварија своите права и желби, тоа го направија на сила и со категорични ставови (косовари, сиријци, филипинци, венецуеланци, албанци, бугари, каталонци, кримјани, приднестровјани…). Оние кои се повлекува, загубија се‘. Србија Косово, ние државата, Либијците слободата.

 

НЕКАТЕГОРИЧНОСТ

Но, да се вратам на домашниов пораз на Никола Груевски заради неговата некатегоричност, мирољубовисот и адаптибилност.

Поразот на Никола Груевски дојде во моментите кога тој се одвои од желбите на своите гласачи и на своите сонардници македонци, артикулирани низ текстовите и настапите на Велиновска и Јаневски во Дневник (МПМ), моите на Канал 5, на Нонковиќ на ФБ, на Мицов… Во моментите кога советниците на Груевски ја смислија стратегијата за укинување на МПМ, правење “евнух“ телевизија од Канал 5,  и забранување на Нонковиќ да осветлува од Брисел – беше јасно дека ВМРО ДПМНЕ добило наредба и прифатило извршување на валканиот дел од договорот со Бејли ДА ГО СНЕМА ЈАВНОто ПАТРИОТСКО И МАКЕДОНСКО ИНФОРМИРАЊЕ. За жал по Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, и покрај тоа што беспоговорно извршија, тие за тоа ветената награда од Бејли не ја добија. Напротив.

 

И, ШТО СЕ СЛУЧИ?

Што би рекла Велиновска, со такви поразителни потези на СДСМ (задолжување, договор со Бугарија, Тираска платформа, име и 100 други работи за 100 дена) да не може ВМРО ДПМНЕ да направи огромна предност пред СДСМ, значи дека Никола Груевски НЕМАЛ ПОРАКА (или не сакал да има) до народот кој би требало да гласа.

Навистна, која беше пораката на Никола Груевски  ВМРО ДПМНЕ до бирачите на последниве избори?! Која? Сите сме “пријатели“?! Сите сме “граѓани“?! Нема Македонски народ и Македонец?!?!?! Нема Кутлеш. Се мислам дека недостасуваше уште само копи паст на изјавата на Заев дека не им личи да се патриоти.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ настрадаа од тоа што за нив не гласаа оние на кои им беа симпатични иако не беа нивни членови. Не гласаа оние што видоа дека Никола Груевски ги остави на цедило оние што си го бранеа Собранието, не гласаа оние што се разочараа во 51-от пратеник од коалицијата на ВМРО ДМНЕ кои изигруваа детски хор “Развигорче“,  не гласаа оние што увидоа дека  раководството на ВМРО ДПМНЕ премолчано е согласно со Тиранската платформа и договорот со Бугарија. Тие 100-тина илјади обични, непартиски наши сонародници не му го дадоа гласот на Никола Груевски. Нив не успеа да ги изброи и претпостави Владимир Божиновски Влајко. “Матрицата“ повторно, како на времето кога соработуваше со Боцевски, беше погрешна и застарена. Од друга страна, “матрицата“ на Мирка, односно секојдневната неформална анкета на пазарчето Буњаковец, хируршки прецизоно предвиде што ќе се случи. Каков пораз е тоа за медиа и инфо центарот на ВМРО ДПМНЕ, Стефан Влахов Мицов да ги предвиди овие резултати и овој потоп во колумна пишана уште летоска а објавена САМО на Дудинка.

Јас во месец мај напишав дека политичките кариери на оние 51 пратеник во Собранието, како и политичките кариери на тогашниот ИК на ВМРО ДПМНЕ се завршени. За нив нема веќе враќање во политиката. По вчерашниот пораз тоа важи и за новиов, кадровски непрепознатлив и импотентен ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Политичките кариери на Христијан Мицковски, Бетмен, Србов и слични завршија пред да почнат.

Жалам што за оваа вест мораат да разберат од Дудинка, но со млитави и испрани панел дискусии и 2-3 соопштенија борба со смртен непријател не се добива.

Жалам што овде ќе прочитате, но да ве потсетам дека на почетокот на мај во интервју за мојата емисија, поранешниот амбасадро на Австрија во Македонија Харолд Кочи, инаку промакедонски настроен интелектуалец, децидно кажа дека Заев ќе владее подолго време!

Да, да… – подолго.

5 години, 10 години… Додека ВМРО ДПМНЕ не се соземе. Или додека Македонија не исчезне.

 

НА КРАЈ

Во Македонија, за жал, сеуште не се роди политичар со доблест да признае пораз и да преземе одговорност. Надежта дека тоа можеби ќе е Никола Груевски вчера пропаднаа. И тој, како и Бранко, Бучко, Зајко и слични пред него не ја презема одговорноста за поразот, не ја призна победата на победникот… Ќе анализирал, па ќе видел!!! Односно, пак излезе и не соопшти порака.

Таков политичар не е ниту Стевче Јакимовски, иако ја призна победата на својот противник. Но, во изјавата кажа дека “ќе се видело дали народот ќе плачел“! Ова е модифицирана варијанта на Бранковата “народот е во право дури и кога греши“.

 

 

Народот, инаку, никогаш не греши.

И вчера не погреши.

 

 

Миленко Неделковски

16.10.2017

22.48 Скопје