АПАШИШТА

АПАШИШТА

100 дена, и се‘ стана јасно.

Во случајов со СДС и нивниот лидер од Муртино се избистри дека не станува збор за никаква идеологија, стратегија, иднина, барање правда!!! Не, овдека на дело е само една работа, а тоа е сеопшта пљачка.

Да се потсетиме, исто беше и во времето на оваа партија, но под раководство на Бранко Црвенковски, шмркачот на бело. Апсолутно ништо не им беше свето: име, знаме, дијаспора… Апсолутно за никого не им беше гајле: народ, земјоделец, работници… Не, единствено им беше важно да опљачкаат се‘. Главниот апаш Бранко Црвенковски, со своите помагатели Љубомир Фрчкоски и Јае Миљоски ја активираше булументата на лопови: Штерјо Наков, Савка Европа, Свето Јаневски, Доне Таневски, Давитковски Скопски пазари, Страшо Гранит – наречени 12-те недопирливи, да ја покрадат цела држава.

Еве сега, 20 години подоцна од приватзацијата, сега кога после 10 годишно менаџирање на државата од страна на ВМРО малку подзакрепнавме, откако влезе некоја странска инвестиција, откако нешто се изгради, откако се смали невработеноста, откако земјодлеците вдоа субвенции, откако се зголемија дрвизните резерви а државата – сега, еве ги апашите од СДС повторно на сцена. Она што вредните мравки собирале, штурец за едно лето ќе растури.

На сцена не е продажба на идентотетот, историјата, името, територијата, двојазичноста… Не, не, не… Тоа е само димна бомба за да имаме со што да сме преокупирани. На сцена браќа и сестри, е сеопта пљачка на се што има државава. Секој лопов најгласен е во викање “Држ‘те лопова“. Тоа е стратегијата на СДС. Да се дерат фатете ги крадците, а тие да ги полнат џеповите. “Сор Оливер“ стратегија. “Хало Бинг, како брача“ стратегија.

За 100 дена ја задолија државата за 400 милиона евра. Истрошија 200 милиони евра од државните резерви. На земјоделците нема да им исплатат 150 милиони субвенции. Не прогласија елементарна непогода од суша или пожари, па нема да ги обештетуваат гражаните.

За едно лето, над половина милијарда, до зимоска ќе биде цела милијарда евра, ќе бидат украдени од Тевдовски, Николовски, Заев и Анѓушев.

На соросоидите, длабоката држава и фашистите од Брисел за исполнување на нивната аѓенда им беа потребни на власт апаши а не домакини. Можеме да имаме илјада забелешки на Ставревски, ама споредбата со Тевдовски е неможна. Не постојат такви цифри и димензии што можат да ги споредат нив двајца. Исто е и с Димовски и Николовски. Нај очебијно е со Пешевски и Самка.

Значи, да нема залажување. Ништо овдека од идеологија нема. Само апашлук.