Алдо Климан

Алдо Климан

МАКЕДОНИЈА ВО ИНДУЦИРАНА КОМА

Неколку уличарски кретени ни ја вртат Македонија, а ние..
Најсмртоносниот можен заевски велепредавнички, криминален и големоалбански отров длабоко и неповратно е навлезен во секој дамар, во секој и најситен капилар, и во секоја и
најмала клетка на македонскиот национален и државен организам, кој притоа е потопен и во деструктивната, разјадувачка 100 процентна киселина на национално-политичко лудилото, што
во историјата на човештвото никогаш не е видено, и надреално ги надминува и најдрастичните антички, средновековни, и нововековни хитлеровски и сталинистички патолошки урнеци.
При една таква екстремна, апсолутно летална доза на сеопшта длабинска затруеност на македонскиот организам, фрлен во тешка, индуцирана анационална Кома, врз кој и натаму,
додека вака безизлезно и безизгледно етички и етнички боледува, упорно и без прекин агресираат најгнасните, вулгарни внатрешни дневно-мутантски вируси и бактерии од клоаката
на шизофрени надриисторичари и надриполитичари од типот на Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски, а за надворешните гангстерски фекални загадувања од валканите и подмолни
усти на фашизоидите Захариева, Каракачанов, Борисов и оние неколкумина бугарски евро-брбушки од Брисел и да не зборуваме, – македонскиот национален и државен организам нема никаква шанса да преживее, да се опорави и да заздравее, или да биде барем вештачки одржуван во „живот“, освен онолку колку што е потребно да се потпишат последните тапии на уличарско примо-предавање на македонското име, идентитетот, историјата, културата и јазикот – денес најбараната, а парадоксално, најефтина и „безвредна стока“ на црно-балканскиот и црно-европскиот политички пазар.
Од таква длабока Кома и под атак на толкаво количество натрупано, валкано, обединето Зло и монструозен коктел од предаторски шовинистички отрови, Македонија, и македонскиот народ, и македонската нација воопшто, не ќе можат да ја спасат само неколкуте
слободномислечки интелектуалци и јавни дејци со своите недвосмислени и јасни реагирања и жестоки предупредувања на јавноста за тоа каков страшен злостор се врши над нив, во име на некаков реално непостоечки идеал што се вика Европска Унија.
Од тоа забрзано расчеречување, убивање и бедна смрт македонскиот национален и државен организам не можат да ги спасат ниту неколкуте квази-опозициски партии со своите постојани,
здодевни „укажувања“ дека организмот е болен, отруен, на умирачка, за што е виновен „само“ „неуништливиот“ и „непобедлив“ северџански велепредавнички могул Заев, а тие се
супер, и штом „победат“ – сѐ ќе се смени на подобро. Тоа едноставно се вика политичка импотенција! Македонската квази-опозиција е сосема импотентна! Некој друг дупи, а тие само коментираат и коментираат. Ок, и тоа е некаква политика; само каква? Се разбира, тоа е
неинвентивна, плашлива политика, без решителна, радикална и решавачка акција, која навистина би можела нешто или некого и да смени – освен – еден убав ден (sic!) – во фотељите.
Зашто, за да се спаси и да преживее, на Македонија ѝ e потребен радикален политички, та дури и физички операциски зафат, а не неуверливо и неинспиративно бапско дрдорење, и
дрдорење. Па и Заев постојано си дрдори, дури и поуверливо од опозицијата, и никому ништо.
Дрдорење наспроти дрдорење, моето против вашето, но резултатот и натаму останува 0 : 0, а тоа значи status quo, т.е. 100 : 0 за заевскиот безобѕирен бандитизам.
За заевско-големоалбанско-големобуарско-големогрчкото лудило (можеби! – ако веќе не е
предоцна!) постои само уште еден единствен ефикасен лек: македонскиот национален Организам – Народот, самиот масовно и непоколебливо да се Побуни, да се Крене, да даде
најсилен можен Отпор од секој вид, и пасивен и активен, итно да почне однатре да си продуцира Имунитет против сите овие здружени тешки антицивилизациски болести, да излезе
од својата смртоносна Кома, да излезе од своето неверојатно суицидно Молчење, да излезе од својот Страв од најобични лигуши и никаквеци, да излезе на Улица со нова, недвосмислено манифестирана Радикална енергија и уврливост пред домашната и пред целата светска
јавност, со порака дека наци-фашистите и лудаците навистина и можат да „создаваат“ историја, но оти таа и таква „историја“ е цивилизациски апсолутно неприфатлива, зашто претставува
производ на франкенштајновски лабораториски експерименти, а не на вистинските историски и политички реалитети во временскиот и во просторниот континуум. Само на тој начин и пошироката светска јавност ќе се разбуди, ќе се заинтересира и ќе се заземе за трагедијата на Македонија, која вака, во пат-позиција, остава впечаток дека таму долу, на балканскиот југ, сепак, помалку или повеќе сѐ е во ред, барем на балкански начин, и оти лошите момчиња се добри, а добрите момчиња се лоши.
И што да се каже повеќе? Зарем – во овие неколку ужасни, заевски, велепредавнички, деспотски и криминални, злосторнички години, години на уцени, опасни, подмолни закани, политички судења, рекетарење, сеопшт грабеж и целосно, најдрско газење и поништување на државниот и на правниот систем, како и на основните човекови права и слободи, и особено
слободата на медиумите – зарем не е речено сѐ?
Погледнете ја само листата на тие неколкумина кретени, уличари и лудаци што се заиграа со нашите судбини, со нашите животи, со вековното наше културно-наследство и со нашиот
вековен соживот, со нашиот и нашите идентитети, со нашиот мајчин македонски јазик и со нашето свето македонско име: Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Али
Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи. Ѓубре до ѓубре. А ние дозволивме, и натаму дозволуваме, тој уличарски, искомплексиран психо-патолошки шлајм да нѐ гази, да нѐ влечка низ кал, и да нѐ распродава на својот манијакален политички ајванпазар.
Па гледате дека ги нема ни колку за сите прсти на двете раце, а успеаја сосема да нѐ растурат и да нѐ уништат!
Зарем тоа сме ние?! Такви и толкави будали?! Е, ако е така – пеки. Ќе си блееме и ќе си мавтаме секој со својата подвиткана опашка во туѓи, туѓински трла, со туѓински острвени кучиња-чувари.
Алдо Климан
Хрватска, 03.03.21