АКО НЕ СИ АПСЕЛ, ЌЕ ТЕ АПСАТ

АКО НЕ СИ АПСЕЛ, ЌЕ ТЕ АПСАТ

За некој ден ќе се наполнат три години откако криминалецот Зоран Заев влезе во кабинетот на тогашниот Премиер Никола Груевски и го уценуваше. Сето тоа многу убаво се виде на снимките  за кои до денешен ден не се разбра што се?! ПИМ мерки, традиција во “коцките“ или нешто трето. И не се разбра кој ги даде во јавност и објави на Јутјуб?! Така да, од стартот сета оваа работа е поприлично матна.

Три години минаа од кога започна стрмоглавиот пад на Никола Груевски и тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Три години минаа откако не беше направена најлогична и најпроста работа од страна на Груевски – почитување на законот. Ако тогаш се почитуваше законот, според уставот и законите на Република Македонија, Заев требаше веднаш, уште на прагот на Владата, да биде уапсен и судски процесуиран. До сега веќе ќе одлежеше дел од долгогодишната затворска казна.

Еве, веќе три години, живееме како држава и граѓани во тотален хаос.

Уште тогаш напишав реченица која сеуште важи: “Ако не си апсел, ќе те апсат“.

Крајно поразително е сознанието дека од тогаш наваму се‘ што кажа Зоран Заев се исполни. А спротивно, се‘ што кажа Никола Груевски – не!

Еве например, лани пред Нова Година, на 17-ти декември, Никола Груевски излезе со “Проглас“ кој го прочита пред портите на ДИК. Целиот драматично прочитан и објавен проглас, во ниту една точка раководството на ВМРО ДПМНЕ не го спроведе и испочитува. Во прогласот (https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/aktuelno/integralen-tekst-od-obrakjanje-na-nikola-gruevski-pretsedatel-na-vmro-dpmne) се вели: 1. Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада; 2. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање  на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија; 3. Државата мора суверено да ги носи одлуките; 4. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно- политичките прашања на земјата; 5. ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија; 6. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата; 7. ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или преставници на други земји… И се така, до бесвест. Ете од тој говор, или проглас, нити една точка не се исполни. Ниту една. А така беше и пред тој проглас, а и по него.

Спротивно, се‘ што си кажа Заев се оствари.

Тешко е да се погледне на вистината во очи, но самосвесен граѓанин и народ тоа мора да го направи. За ужасот да не е без крај.

 

А ШТО СИ МИСЛЕВТЕ?

Од оваа временска дистанца се поставува прашањето “Зошто раководството на ВМРО ДПМНЕ така мирно, сервилно, кротко, ко евреи во Аушвиц или ко стока на клање, се согласи да ја загуби државата“?

Што си мислеше тогашниот ИК на ВМРО ДПМНЕ? Што си мислеше Никола Груевски?

Зошто сега порталите и медиумите блиски и финансирани од ВМРО ДПМНЕ се згрозуваат од потезите на СДСМ и Заев? Што очекуваа тие медиуми и нивниот спонзор?! На што се надеваа?

Мислам, стварно! Што си мислевте, бе?

Дека ќе ве остават раат? Дека државата ќе ја остават раат? Дека вашите проекти ќе ги остават раат?

Толку ли бевте наивни?!

Да потсетам, се што си кажа Заев се оствари. Дека од “надвор“ големите го спремаат. Дека има договор со албанските лидери на Косово. Дека ќе формира влада. Дека албанците треба да имаат поголеми права. Дека тие од Смилковско не се виновни.  Дека Никола Груевски ќе си поднесе оставка. Дека Никола Груевски веќе никогаш повеќе нема да биде премиер. Дека тој (Заев) ќе биде премиер. Дека ќе ги пушти на слобода монструмите. Дека ќе апси кого сака и како сака. Дека ќе менува судии, обвинители. Дека ќе јаде живи луѓе. Дека ќе смени се‘ од кафекуварка до министер. Дека ќе си лежат.

Заев се‘ си кажа и си оствари!!!

Тие од ВМРО ДПМНЕ што си мислеа?!

Зошто сега фрапирање од задолжувањето, бришењето на субвенции, пукањата во Кичево, тепањето во Шутка,  непродавањето на Мерцедесот, самовластието на Кочо Анѓушев, благонаклоноста на странците???

Зошто толку чудење за спроведувањето на Тиранската платформа, потпишувањето на договорот со Бугарија, менувањето на името заради Грција. Па Заев, драги мои ВМРО-вци, си кажа дека нему и ним не им личи патриотизам! Зошто сега згрзување?!

 

СПОРЕДБА

Според моето скромно мислење, најголемиот пораз на ВМРО ДПМНЕ нема да е нивната судска и затворска голгота, ниту слабеењето на партијата заради заминувањето кон “центарот“, а напуштањето на патриотизмот, десната политичка опција, револуционерниот предзнак и македонштината.

Најголемиот пораз и фрустрација, која за навек, до крај на животот ќе ги следи, е сознанието дека државата, власта и иднината ја загубија од кретени, полутани, неписмени и дрогирани нелуѓе.

Сознанието дека абдал што не разликува бруто од нето е на местото на еден финансиски габарит каков што е Зоран Ставревски. Еден воајерски егзибиционист кој не знае каде е роден Прличев да е на местото на Камчевска. Дека во земјоделството единствено што е исто на сегашниот неуспешен идиот и поранешниот супер министер е само името – Љупчо. Дека Владо Пешевски според СДСМ е исто што и Самка Ибраимовски.

Крајно, дека исклучиетлно успешен премиер, со илјадници проекти, со неизмерна посветеност и работа, каков што е Груевски, е заменет (поистоветен) со “Ајро, Ајро…“  будалетинка.

Како началството на ВМРО ДПМНЕ секое утро се погледнува во огледало со сознанието дека овие безмозочни зомбија дојдоа на нивните позиции? Дека ним им ја препуштија државата?!

Кога ќе се види таа слика, се поставува најлогичното прашање? Зошто се повлековте? Зошто оставките на Мијалков, на Ставревски, на Груевски?! Што беше причината што не‘ оставивте на милост и немилост на овие не-македонци? Зошто попуштивте? Зошто го предадовте Пралманетот? Зошто “Хорот на Јеховини сведоци“ си пееше “Ова е пуч“, како деца во предшколска установа?

Само ве молам, немојте со ступидните оправдувања дека ќе не‘ бомбардирале, дека ќе сме ја загубеле државата, дека Америка е силна и слични булшити. Во неделата храбри лидери и уште по храбар народ (на Каталонија) ви покажа, на вас од раководството на ВМРО ДПМНЕ, дека никој не бомардира мирољубив, ненаоуружан и сплотен народ. И дека мал народ може да победи голема сила.

Значи, бидејки не е тоа, што е причината што си го напуштивте народот и менаџирањето на државата?! Што е тоа што ве натера 8-годишниот труд и неимарство да го оставите на идиоти?! Всушност, прашањето е сега кој е поголем идиот?!

Мене на друго не ми текнув, освен на уцена. Со што? Можам само да шпекулирам. Но уцена е дефинитивно причината за овој ужас без крај.

Во мое име и во името на Македонскиот народ – “ви благодарам“. Затоа што вие што сте уценети (праведно или не), интересети на вашето газе го ставате пред интересите на еден цел народ, историја и држава.

 

ПОСЛЕ ИЗБОРИ

За да нема чудење во медиумите после локалниве избори, со време адаптирајте се на она што ќе следи!!! Симнување, расшрафување и топење на споменици. Прв на листата е Ќосето. Топење на воштените фигури и пренамена на објектот на Музејот на Револуцијата. Одземање и пренамена на зградата на ВМРО ДПМНЕ (Вајт хаус). Апсење на комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ кое е процесуирано од СЈО. Промена на името. Промена во учебниците, каде од Македонија нема да има ниту “М“. Педеризација на целото општество. Поделба на ВМРО ДПМНЕ на најмалку два (ако не и три-четири) опречни субјекти.

 

ДИЛЕМА

Неколкумина колеги новинари и интелектуалци со кои комуницирам и кои имаат капацитет за логична анализа, подолго време, повеќе од 3-4 години, анализирајки си поставуваме клучни прашања. Јаневски, Велиновска, Нонковиќ, Науновски, Златев, Станковски, Темелковски…

Пред повеќе од три години Бобан Нонковиќ дојде со неверојатно сознание и вест од Брисел дека ЕУ и Вашингтон се решени комплетно да го згаснат, избришат од картата на политички субјекти, ВМРО ДПМНЕ. Искрено, не ни се веруваше. Сепак тоа беше, и сеуште е, најсилната политичка опција во Македонија. По првичниот шок, почнавме да претпоставуваме кој, која сила тоа ќе го направи? СДСМ, Бранко Црвенковски, Зоран Заев, амбасадата на САД во Скопје, ЕУ комесари и олеснувачи?! Кој?

Никогаш не претпоставивме дека тоа растурање и уништување може да дојде од внатре!!!

Следејки ги таксативно настаните во последните три години, полека созрева сознанието за тоа кој бил задолжен за уништување на единственото нешто околу што се држи Македонскиот народ, за тоа се 4-те свети букви ВМРО.

 

 

 

Миленко Неделковски

04.10.207

Скопје – Ајро-дром