Не треба да си генијалец, дури и потпросечен IQ како на Заев може да разбере дека не чека тешка нова сезона 2015/16. Мислам на политичка сезона, секако.
Ако денеска го слушавте Вучиќ како одговара на новинарски прашања во Белград, тој кажа дека Тој, односно Србија, не преговараат со Приштина, ами со САД и ЕУ!!! Повелете видео:
Тоа е апсолутно исто што се случува и во Македонија!
Никола Груевски нема проблеми, и не преговара, со Заев. Туку со САД и ЕУ.
Морам да признам, а за тоа ќе посветамаи една емисија и колумна, Џес Бејли е најсупешниот и најкапацитетен амбасадор на САД што било когаш бил акредитиран во Македонија. За само 6 месеци од доаѓањето, успеа да ја колабира државата, да ја ослаби ВМРО, да го понижи МАКЕДОНСКИОТ народ, да ја уништи народната волја, да ја повлече Македонија од просперитет кон пропаст. И тоа без крв, војска, бомбардирања, терористички напади… Без дилема најуспешниот амбасадор на САД. Врвен Economic Hit Man. Не само економски, ами и политички хит мен – убиец.
Во интевјуто за МТВ, тој директно и јасно ни кажува што ќе и прави на Македонија и на оваа легитимно и легално избрана власт. Него, гледајте го интервјуто, апсолутно не му е важна волјата на народот. Ич не му егајле. Тој има агенда од ситници како сменување на директорот на МРТВ, до најбитната за него (за жал и за нас) МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО. Еве ви видео и од тоа:
Ладнокрво, како платен убиец, како хит мен, соопшти како ќе не убие.
Затоа сметам дека ќе имаме ужасно тешка, веројатно најтешка, во секој случај решавачка битка за Македонија оваа сезона што е пред нас. Сезоната 2015/16.
Тоа, по автоматизам значи дека таква ќе е и сезоната на телевизиското боиште. Она боиште за кое говори, и од кое се плаши Џес Бејли. Тоа е единствено боиште каде не е неприкосновен. Тоа е боиште што сака, ама не успева да го контролира. Тука му е Ахиловата пета. Неговата “армија“ од новинари, стручњаци, експерти, аналитичари, заедно со се целото “посолство“ не можат да се спротистават на една возрасна жена, еден поранешен спортски коментатор и еден поранешен ракометар.
Да повторам. На Бејли главна ќе му е Битката за Медиумите. Таа битка со Спец, Шамарлитико, Созен и Чом, не може да ја добие. Тоа на Бејли му е јасно. Велам, најдобриот САД амбасадор до сега е он. Ќе се обиде со триста ЦИА-шки финти во текот на новата сезона. Но, од друга страна ни оваа мала скромна тројка, што така слатко се смее на констатацијата на Колемишевски дека СДСМ ќе победел, не спие. Напротив. Тројката (не е ВМРО-вска, ама со сигурност е МАКЕДОНСКА) е најмотивирана кога треба да се тепа со некој кој си мисли дека е посилен, поголем, поумен…
Мирка спрема серија од текстови и анализи. Има идеи и енергија како сега да започнува со кариерата. Таа ќе бомбардира есеноска и пролетоска. Она е без милост ако и ја закачате Македонија. Молчеливиот но суптилен Дарко е ноќна мора за странците, опозицијата, министрите од ВМРО – за сите. Непредвидлив во акциите, но исклучителен ПАТРИОТ. Тие две карактеристики го прават страотно опасен по агендата на Бејли.
За таа битка јас спремив 10-члена екипа за Миленко Неделковски Шоу што ќе има задача на МАКЕДОНКИОТ народ да му го објаснува секој потег во текот на “преговорите“, секоја промена на закон, устав, изборен модел… Екипата е: Вилоета Ачковска, Иванка Додовска, Сашо Климовски, Васко Стамевски, Тони Михајловски, Владимир Божиновски, Бобан Нонковиќ, Оливер Андонов, Никола Србов и Љупчо Златев. Шпицата ја снимаме оваа недела, подготовките се направени. Со првата емисија стартувам на 4-ти септември.
Од друга страна ја имам подготвено и “странската“ екипа. Првиот гостин во Скопје пристига на 2-ри септември. Првиот што ќе го снимам во странство (Швајцарија) бидејки е во поодминати години, па патувањата му се тешки, е на 9-ти Септември. Првиот гостин што ќе допатува од друг континент ќе дојде во октомври во Скопје.
Мојата задача е на МАКЕДОНСКИОТ народ да му обајснам, преку дебати и интервјуа со домашни и странски исклучителни интелектуалци, што во овој момент се случува во Светот, Европа, Балканот и Македонија. Натаму од тоа, за разлика од Најчевска и слични изроди, сметам дека МАКЕДОНСКИОТ народ е интелигентен, разумен, храбар и енергичен, па судот што ќе го донесе ќе е исправен.
Така да, сезоната започнува на 4-ти септеври.
ПС
Секако, во текот на сезоната, ќе ја замолам “класната“ да ја почести емисијата и гледачите со нејзино присуство. По можност, повеќе пати.