На сите избрачки места на кои се гласше вчера во дијаспората, но и низ Македонија кај луѓето што го користеа правото да гласаат дома, победи Ѓорге Иванов. 100% триумф до овој момент. Не постои изборачко место од Австралија до САД каде Иванов не забележа победа. На сите места победата беше изразена со убедлив резултат од најмалку 80%-85% гласови во корист на сегашниот Претседател на државата.
Вчерашното гласање покажа дека Стево Пендаровски и СДСМ комплетно се имаат откажано од Македонците во дијаспората во цел свет. Нив нашите сонародници не ги интересираат. Исто така, според гласањето на лицата што не се во можност да излезат од дома (ранлива група на сограѓани), СДСМ нема никаков допри до нив. Сите бенефити што овие луѓе ги имаат овозможени се од ВМРО, особено во последните 8 години.
Тврдењата на порталите финасирани од СОРОС, како и тврдењата на политичките трубадури на Бранко Црвенковски и СДСМ, дека тука луѓето биле уценувани, корумпирани, уплашени па затоа не гласале во корист на опозицијата, доживеаја јавна бламажа. Дека УЈП, вработувања, јавна администрација и слични работи кои се мета на обвинувањата на спин мајсторите од СДСМ не играат улога за гласањето, туку народот гласа за идеа, програма, отчетност, работливост доказ се гласањата и убедливата победа на целата планета.
Последните гласања синојка, во САД во Вашингтон Иванов 81% : Пендаровски 19%. Њу Јорк Иванов 85% : Пендаровски 13%. Не верувам дека “режимот“ на Груевски има влијание на гласачите во Големот Јаболко и во Ди-Си.
13-ти Април, 2014
07.55 часот