Тома

Тома

Мислев дека ќе можам само да напишам:

“Овој филм мора да се изгледа во кино.”

И толку.

Но не.
Цел ден јас сум врзана.
Цел ден не можам да се соземам.
Цел ден јас …се наоѓам во него.Се уфилмав што би рекле младите.

Ете, го видов трејлерот, а уште од младоста ми беше јасно дека Тома е единствениот рокер во народњаците. И немаше рокер од мое време кој не го сакаше Тома.”Уште е твое време, жива си” би рекол татко ми.

Тома е естраден феномен. Тома ниту имаше најубав глас, ете да речеме Цуне неговот современик имаше дури оперски! Ниту пак имаше “стас”Грд по наши убедувања.
Сите песни му се автобиографски и сите се за невозвратена или неостварена љубов.
Тома не беше лепотан.Ниту пак со врвни гласовни можности.Но на Тома цела естрада од бивша Југа му се поклонуваше.
Тома цел живот беше заљубен и тажен.
Он “пије да ублажи бол”.Неговиот живот според сите параметри за успешен и полн со радост живот му го покажува неговиот ред алерт!Неговиот живот според сите надворешни матрикс е живот не на среќен, на пресреќен човек. Ок е дечко, застани!
Е Не! Идемо даље!
Еве ти и жена која и во болест( рак на простата), и немаштина(пијанчење и коцка)те сака!
Е Не! Идемо даље!
Пари пак не му значат ич.Неколку месеци пред својата смрт и дава 700марки од заработените на циганка која проси.
Па се прашувате:
Што ти сакаш бре човече! Зошто упорно си тажен и пиеш!!!
Зоштооо!
Што сакаат луѓето кои се тажни и весели во ист момент?

Каква е таа раса на луѓе? Знаат дека животот е краток и пак брзаат секој ден да им биде барем два живота?
Никогаш бескрајно весели и никогаш бескрајно тажни.Или перверзно весели кога треба да се тажни и перверзно тажни кога треба да офкаат од радост.И затоа секогаш…тажни.
Не е Тома гение, но не отслика нас балканците .Се фаќаме за емоција и све нек си … матер!Претпоставувам дека Немци, енглези, данци не би ја голтнале причава.Најстрашно ми е што мислам дека и денешнава омладина под 25 не би ја сконтала.

“Заљубљивање је безвезе.Мора мало и да волим.”
Е ова е права реченица!Бог да ти душа опрости несреќен збеснат лику!

 

Лидија Ѓорѓевиќ

11.10.21