Многу интересен овој Телеграм. За мене многу поучен.
И, за мене конфирмација колку се важни моите медиуми и колку им е на луѓето значајно кај мене да пишуваат. Оти кај нив не ги читаат.
Па така, јас не сум на ничија домашна Телеграм група, ниту сум отворил веб страна на некоја партија (сем СДСМ И ВМРО ДПМНЕ), не сум гледал ниту еден подкаст, па дури и оние на вистински новинари ко Ефтов.
Спротивно, овде тие што имаат Телеграм група се отепуваат од пишување тука, оти кај нив и да пишат никој не ги чита.
Овдека партиски лидери и партиски функционери повикуваат да сме прочитале кај нив не-знам-што, кое било многу битно. Овдека повикуваат, кај нив никој не ги чита.
Овдека подкасти се рекламираат и репостираат се со надеж дека затоа што се кај Козарот, може ќе имаат уште некој гледач повеќе.
Овдека, кај човекот што во Брисел ги разби предавниците (заедно со Мирка и Бобан), човек што сам го направи Пела во 2008, човек кој е персона нон грата во Грција и Бугарија, човек на за кого има налог за апсење во Бугарија, човек кој во Париз од рацете на Жан Мари Лепен ја доби престижната награда најдобар истражувачки новинар во светот, човек кој го гони ОЈО за искажана реч и човек кој ја промовира, пропагира и издига на највисоко ниво вистината за Македонија на светски дебати, тинк-тенкови, конференции и предавања – се обидувате да се мерите со него.
Наместо да учиш, да пробаш да земеш ум, да прашаш за совет.
Овдека 4/5 од луѓето пишуваат дека е ова ненормална држава. Неонормална е затоа што има влада со Заев, опозиција со Мицкоски, неслога, корумпираност, клиентелизам…
Да се согласувам, ова е ненормална држава. А ние, меѓу другото ние 400 на овој канал сме еден од доказите за тоа.
Бидејки да беше нормална држава, односот кон сопственикот на каналов ќе беше, почит, признание па дури и воодушевување.
Во ненормална држава како нашава е спротивно! Односно успехот нечив пречи, оти се покажува сопствениот неуспех.
Previous Post: Крум Велков