Стефан ВЛАХОВ-МИЦОВ

Стефан ВЛАХОВ-МИЦОВ
ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕГИТИМИРААТ МАРИОНЕТИ
Изборите на 15 октомври се јубилејни, 20-ти по ред во Македонија во изминатите 27 години. За тој период македонската држава беше уништена, а тоа значи дека со сите тие избори – парламентарни, претседателски и локални е давана власт на марионети. Марионети кои несвесно заради некадарност и алчност или свесно – како странски марионети работeле против македонскиот народ и држава.
ПОКАЖЕТЕ МИ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПРЕМИЕР ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОЈ РАБОТЕЛ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА И НЕ СЕ УЛИЗУВАЛ НА СТРАНЦИТЕ. НЕМА ТАКОВ. ПОКАЖЕТЕ МИ ПРАТЕНИЦИ КОИ ОДЛУЧУВАЛЕ СО СОПСТВЕНА, МАКЕДОНСКО-ПАТРИОТСКА А НЕ ПАРТИСКА ГЛАВА И СЕ БОРЕЛЕ ПО ЦЕНА НА СЕ ЗА СВОЈАТА ОДЛУКА. НЕМА ТАКВИ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ИЗБОРИТЕ СЕ ДАЛАВЕРА, ПРАВ ВО ОЧИ, ЗАКОНСКО СРЕДСТВО ЗА МАНИПУЛАЦИЈА И ЗАГЛУПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Пред околу 150 години американскиот писател Марк Твен кажал дека ако гласањето на избори менува нешто, изборите ќе бидат забранети. Овие зборови ги актуелизирала американската анархистка Ема Голдман, но тие се шират низ светот како народна мудрост. Фактот дека за прв пат се искажани во САД го покажува изворот на современата изборна далавера. Успесите на таа далавера сведочат дека во изминатите еден до два века луѓето во светот стануваат се поглупави.  ЗАМИСЛЕТЕ, КОЛКУ Е ГЛУПО ДОБРОВОЛНО ДА ГИ ДАДЕШ СВОИТЕ ПРАВА И ИНТЕРЕСИ ДА ГИ БРАНИ НЕКОЈА ПАРТИЈА, А ТАА ПАРТИЈА ПАК ДА ГИ ПРЕПУШТА НА НЕЈЗИНИТЕ ЛИДЕРИ. А ВО СЛУЧАЈОТ СО МАКЕДОНИЈА, ТИЕ ЛИДЕРИ ГИ ПРЕДАВААТ НА ТАЦНА НА СТРАНСКИ ДИВЕРЗАНТИ И МАКЕДОНСКИ НЕПРИЈАТЕЛИ. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, СЕКОЈ ГЛАС ЗА СДСМ И ЗА ВМРО-ДПМНЕ ДОСЕГА ПРАКТИЧНО БИЛ ГЛАС ПРОТИВ САМИТЕ НАС, ПРОТИВ НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ И ПРОТИВ НАШАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. ВО ТАА СМИСЛА, НИЕ СМЕ ПРЕДАВНИЦИ НА САМИТЕ СЕБЕ.
Светската генетика тврди дека кај современите Македонци има голем дел (барем 30%) од гените на античките Македонци. За жал, сегашната самосвест и самодоверба се светлосни години далеку од таа на нашите претходници. Кога постоела античката македонска држава, во други земји имало партии и партиски борби, имало и ропство. Во Македонија немало ниту партии, ниту ропство, затоа што сите биле рамноправни меѓу себе. Затоа и македонските кралеви биле „први меѓу еднаквите“, имало директна демократија, а македонското кралство било „договорно“, т.е. постоела поделба на власта меѓу кралот и народот без присуство на аристократија. Затоа античка Македонија опстојала осум века, а ние не можеме да опстоиме дури неколку десетолетија.
Секогаш ме чудело барањето „помалку зло“. Затоа што, наводното помало зло излегува ГОЛЕМО ЗЛО. Тоа е така, зашто изворот и на наводно малото и на големото зло е еден. НИЕ ЈА ГЛЕДАМЕ ФОРМАТА, ВИДОТ НАМЕСТО СОДРЖИНАТА. Во проектот за „Нова ера“ на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту збор за македонскиот народ, кој е симнат до безродни „граѓани“. Да не зборуваме за одбрана на име, идентитет, против двојазичноста, договорот со Бугарија, ревидирањето на историјата. Истовремено на митинзите итроманот Груевски зборува за тие работи. Зошто на митинзи, а не во самата програма? Затоа што програмата е документ, а зборовите не се. Притоа и на митинзите го витка рбетот: народот ќе кажел за договорот со Бугарија, ќе одлучил за името и т.н. Прво, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОДАМНА СЕ ИЗЈАСНИ, А ТИ ГО ПРЕДАДЕ. Второ, КАКОВ ЛИДЕР СИ И САКАШ УШТЕ ДА БИДЕШ, АКО СЕ КРИЕШ ПОЗАДИ НАРОДОТ? Андон Ќосето пишува за Гоце Делчев: „Ако Делчев, некаде го откриеја со некоја чета, тој никогаш не му кажуваше на војводата „ајде, сега ти напред“. Гоце се соочува со смрта во Баница, прв, како вистински водач. Голема среќа за предавниците од ВМРО-ДПМНЕ е дека Ќосето не е жив. Немаше да остави неказнет ниту еден од раководството на таа партија.
Фактот дека на избори излегуваат се помалку гласачи покажува дека во голем дел македонскиот народ сфаќа дека Македонија е окупирана од директни предавници и од лажни патриоти. ЛАЖНИТЕ ПАТРИОТИ СЕ ПОГОЛЕМОТО ЗЛО. Зашто предавниците се разоткриваат, со нив се е јасно: или тие нас, или ние нив. Лажниот патриот те носи во кланица со ветување за „нова ера“, за живот и просперитет (на оној свет). Зошто повеќе години и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ носат на своите митинзи во Скопје илјадници луѓе од провинцијата, кога во Скопје живеат 811 000 граѓани? Затоа што глупите партиски симпатизери во метрополата се топат како снег. Проблемот е дека на изборите Македонците го барат наводно „помалото“ зло. Едни гласат за предавниците на Заев, други – за марионетите на Груевски (во зависност од партиската боја ги сметаат за помало и поголемо зло), големиот дел не гласаат, АМА НИКОЈ НЕ СЕ БУНИ ПРОТИВ ПАРТИИТЕ. Таа деформација на индиферентност дојде во времето на социјализмот со урбанизацијата. Затоа што во минатото токму македонското село, а не градот беше чувар на македонските традиции. Скопјани не излегуваат на митинзи, ама ги нема и на протести. Затоа партиите барат луѓе од помалите населби, кои се патриоти, и повторно се залажуваат од ветувањата на партиските лидери-марионети.
КАКОВ Е ИЗЛЕЗОТ?
Прво, МАКСИМАЛЕН БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, КОИ ПРИТОА ЌЕ БИДАТ НАМЕСТЕНИ. ЗОШТО ПАРТИИТЕ БАРАТ ВИСОКА ИЗЛЕЗНОСТ КОГА ТАКА ИЛИ ИНАКУ ПРАВАТ МЕСТЕНКИ? ЗАТОА ШТО ГОЛЕМАТА ИЗЛЕЗНОСТ ГИ ЛЕГИТИМИРА. ЕДНО Е ДА ИМА 80 % ГЛАСАЧИ, ДРУГО Е 40 %. ИНТЕРЕСИТЕ НА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ И ТИЕ КОИ ГИ УПРАВУВААТ ОДНАДВОР СЕ СПРОТИВНИ НА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ТОГАШ БОЈКОТ НА ЦЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ.
Второ, МАКСИМАЛЕН ОТПОР НА ВЛАСТА ПРЕКУ ЛОКАЛНИ РЕФЕРЕНДУМИ. НЕ Е БИТНО ДАЛИ ФОРМАЛНО ГИ ЗАБРАНУВААТ ИЛИ ЌЕ ГИ ПОНИШТАТ ОДЛУКИТЕ. БИТНО Е ДА СЕ СПРОВЕДАТ, А ПОТОА ДА СЕ БРАНАТ ЦВРСТО ДОНЕСЕНИТЕ ОДЛУКИ. ОДЛУКИ ПРОТИВ НОСЕЊЕТО НА ИМИГРАНТИ, ПРОТИВ ДВОЈАЗИЧНОСТА, ПРОТИВ СИМНУВАЊЕ НА СПОМЕНИЦИ И Т.Н.
Трето, ВО ТОЈ МАСОВЕН ОТПОР ВО КОЈ СОСЕДСКИТЕ РЕГИОНИ МОЖАТ ЗАЕМНО ДА СИ ПОМАГААТ, ЌЕ СЕ ИСТАКНАТ АВТЕНТИЧНИ ЛОКАЛНИ ЛИДЕРИ, КОИ ЌЕ ФОРМИРААТ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ.
Четврто, ЛИДЕРИТЕ ИМААТ ГЛАВНА УЛОГА, ЗАТОА ШТО ЏАБЕ Е РЕФЕРЕНДУМ БЕЗ ХРАБРИ ЛИДЕРИ, КОИ ЌЕ ГО ШИРАТ УСПЕХОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ. Во Велика Британија, например, победи референдумот за излегување од ЕУ, но страшливите лидери ја заташкаа работата. Истото е на пат да се случи и во Каталонија, каде што независноста мораше да се прогласи веднаш, на 3 октомври (вторник) за време на целосниот штрајк. Попаметно направија жителите на Крим и на двата региона во Украина кои прогласиа независност.
Петто, ИСТОРИЈАТА НЕ УЧИ ДЕКА ДО УСПЕХ СЕ СТИГНУВА АКО СЕ ДЕЈСТВУВА ЕДНОСТАВНО И ЦВРСТО, БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ. АКО НЕКОЈ ТЕ ПЛАШИ СО СУДИР, ПРИФАТИ ГО. АКО ТЕ ПЛАШИ СО ВОЈНА, ИСТО ПРИФАТИ И ЈА ВОДИ ЈА ПО ТВОЈ ТЕРК. ВО ГОЛЕМ ДЕЛ СТАНУВА ЗБОР САМО ЗА УЦЕНИ И НА ТОЈ НАЧИН ЌЕ ИМАШ ПРЕДНОСТ. АКО ПАК НАВИСТИНА САКА ДА ТЕ УНИШТИ, СУДИРОТ СЕКАКО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, НО ПОПУШТАЊЕТО ДЕМОРАЛИЗИРА.
            Во изминатите 27 години САД и ЕУ нанесоа тежок удар не само на македонската држава, туку пред се врз психата на македонскиот народ. Оттука и практично дојде до катастрофа. Затоа во моментов името Република Македонија е етикета без содржина (со апатичен народ и политичари предавници). Таа содржина може да дојде единствено од малите населби во Македонија, како и од нови лидери. ИНАКУ, СПАСОТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ИДЕНТИТЕТ ВО ИДНИНА Е БРЗОТО РАСПАЃАЊЕ НА ЕВРОПА НА ПОВЕЌУ МАЛИ ДРЖАВИ И СУДИРИТЕ МЕЃУ НИВ. КОЛКУ ПОСЛОЖЕНО, ТОЛКУ ПОДОБРО. ЗАТОА ШТО ВО ВРЕМИЊА НА МИР СЕ АСИМИЛИРАНИ И УНИШТУВАНИ ПОВЕЌЕ НАРОДИ, ОДКОЛКУ ВО ВРЕМЕ НА ВОЈНИ. АСИМИЛАЦИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА, БУГАРИЈА И СРБИЈА НЕ ДОЈДЕ ЗА ВРЕМЕ НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ТУКУ ПО ПОТПИШУВАЊЕТО НА МИРНИТЕ ДОГОВОРИ ПОТОА.