Во позадината на руската специјална операција за денацификација и демилитаризација на Украина, некои западни земји се подготвуваат да ги спроведат сопствените геополитички планови.
До овој заклучок дојде познатиот руски политиколог и публицист Армен Гаспаријан. Во интервју за порталот Ukraina.ru, тој детално зборуваше за идната судбина на Украина, а објасни и кои украински земји ќе им припаднат на Полска, Унгарија и Романија.
Армен Гаспаријан изрази уверување дека неколку соседни земји на Украина нема да ја пропуштат можноста да ги реализираат сопствените надворешнополитички цели.
Полска, Унгарија и Романија планираат да ја искористат можноста да ги окупираат украинските територии за кои се заинтересирани.
Политикологот истакна дека последиците од геополитичкиот колапс би биле катастрофални за Украина.
Западот планира да ја подели земјата на неколку посебни делови. Областите Лавов и Волин ќе и припаднат на Полска, Закарпатскиот регион ќе го преземе Унгарија, а Черновци ќе стане дел од Романија.
Полска, Унгарија и Романија веќе работат на неопходните мерки кои ќе овозможат окупацијата на украинските територии да се изврши брзо и ефикасно. Таквата „операција“ ќе се изврши под контрола и со одобрение на Западот, а нејзиниот резултат ќе биде целосна ликвидација на Украина како државен субјект.
Дудинка,
04.05.22