Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА

МАКЕДОНСКА ,,ЛЕВИЦА,, НИ ГО ОСВЕТЛА ОБРАЗОТ

Просто и јасно. За оние кои не гледаат подалеку од носот, од својот куќен праг, од
својот мал себичен интерес, она што се случува во Венецуела нема никаква врска со
Македонија. Ама не е така. Народното искуство овековечено и преку Марко Цепенко и
преку бројни македонски поговорки учи на сосема друго. Предупредува всушност на
причинско последичната врска, на дијалектичкиот универзумски дизајн и потсетува на
важноста на солидарноста како темелен принцип на човечноста.
Зошто го пишувам ова во мигови кога Македонија е окупирана од фашистичка
евроатланска багра и нивните домашни слуги? Ни си имаме нели свои домашни
главоболки. Само затоа што сакам да видите кој од оние што се самонарекуваат
политичари или интелектуална елита, чиј збор ние простосмртните треба да го
слушаме и послушаме кога донесуваме одлуки, има јасен став по прашања, настани
кои не се директно врзани со нас, ама влијаат и ќе влијаат ширум светот во кој сме сите
заедно.
Доналд Трамп си реши да не го признае Николас Мадуро за легално избран
претседател на Венецуела. Трамп кој е уште еден од оние Американци кој си мисли
дека е римски император, си го избра и официјализира за привремен претседател
некојси цијашки потрчко кој е спикер на венецуеланскиот парламент и шеф на
опозицијата. Венецуелански црпко! Русија, Кина и Турција од името на Азија му
упатија подршка на Мадуро осдудувајќи го обидот за преврат и безобразен
интервенционизам. Исто таква порака испрати и речиси цела Латинска Америка со
исклучок на политичарите во Хондурас, Парагвај, Гватемала и Бразил каде ЦИА веќе
изведе ,,меки,, преврати со дебело спонзорирани ,,шарени револуции,,и воспостави
свои црпнати режими. Во Европа со подршка на превратот се објавија Велика
Британија и Франција како што и се очекуваше. А од Балканот бате се огласи само и
единствено новоформираната партија Левица од Македонија. Единствено оваа
претходно НГО организација која очигледно залута во корпусот на шарените куртон
револуционери финансирани од ЦИА(Стејт департментот) и Сорос, во окупирана
Македонија има јасен политички астав во врска со обидот за преврат во Венецуела. Му
изрази подршка на легитимниот претседател и на венецуеланскиот народ. Никаде ги
нема лево, па на мајка им во центар политички позиционираните СД-СС црпки. Ни
стриктно левите декларирани социјалисти на Ѕинго. Ги нема ни ,,патриотите,,
таканаречени традиционални народњаци од ДПНЕ да кажат нешто што мириса на јасен
став. Не слушнав нешто поучно и умно да каже макар еден од бројните самонаречени
интелекти. После, сите вакви ќе му се згнат на народот за да го наречат стока и глупо
тесто за месење и месо за мелење. Е, ама народот за нив е Ајнштајн зашто добро знае
дека и на тараба пишува сенешто што не е вистина.
Интересно, никаде ги нема ни ,,леваците,, во Грција оние владеачките од Сириза.
Мукла и во Бугарија, во Хрватска или Словенија. Што е бе ова? Сите заглавиле во
фашистичка евро-американска жива кал, па не таласаат оти ќе им се наполни гркланот.
Мене ми е важно ова за да им удрам уште една минус рецка на постојните божем
политичари кои се спремаат за ,,слободни,, избори ем циа референдум во окупирана
Македонија. Сите, ама баш сите без исклучок, освен Левица, не се повеќе никаков
избор за македонските гласачи. Неколкупати го кажувам дека СД-СС и ДПНЕ не се
сила тие се структура без срце, крв, мисла, идеологија. Тие се групировки подржани и
одржувани како Курто и Мурто од ЦИА и европските деривати. Тие се слуги на
криминалот и мафијата и немаат никаква врска со интересите и потребите на
македонскиот народ. Македонсакиот гласач треба да бара и избира такви кои имаат
цврсти политички, национални и идеолошки стојалишта. Засега таквите се
индивидуални проблесоци, без организирана подршка. Но се драгоцени за следната
наша преродбеничко-револуционерна фаза која неминовно не чека. Затоа ја
маркирам ,,Левица,, како свеж и добар потенцијал кој вешто го освојува левиот
политички простор а богами влегува одлучно и во десниот национален и
традиционалистички атар а кој историски беше составен и од социјалистички левичари
како Гоце Делчев. Ако момците продолжат да работат вака, компетентно, темелно и
јасно, брзо ќе станат избор на народот кој нормално, како ни историјата, никогаш нема
да им ја заборават шарената куртон епизода. Но, со тоа, како флека, ама и скапо
платена поука, паметни луѓе можат да осмислат и водат мудра, спастрена и одговорна
државна политика во полза на својот народ.
Значи, Подршка од Македонија и Македонците за храбриот венецуелански народ и
нивната легална власт кои од смртта на Хуго Чавез до сега на нозе издржаа некоилку
фашистички обиди на Вашингтон за преврат и предизвикување на граѓанска војна.