Откако во Македонија сите “невладини“ активисти станаа владини чиновничиња, откако си го покажаа лицето “големите“ борци за се нешто, откако престанаа да твитаат, дојде време тие идиоти и да се самоевалуираат.
Па така жмроњата Забрчанец напиша дека “ќе се вложел со целиот свој капацитет“!!! Како го установи, кој му го кажа, каде го измери својот “капацитет“ останува во доменот на научна фантастика. А што ако капацитетот му е минимален. Реално, тој има микроскопски мал капацитет. Се согласувам, апсолутно одговара за учество во оваа влада, ама сепак за фалба е малку глупо.
Другиот жбгљбљп Коко Бојаровски наброја кои се успеси ги имал во кариерата! Вклучително, како најсилен, оној од МТВ. Таму Коко навистина имаше непревазиден успех на уништување на МТВ заедно со Гордана Стошиќ, и крајно на презадолжувањето на оваа телевизиска куќа. И Коко одговара за во оваа влада. Земајки како тој ја задолжи МТВ, ептен ќе си се бендисаат со бруто-нето-данска кој успеа за еден месец 4 пати да ги задолжи граѓаните на Македонија.
Крајно, синхронизирано (и идеолошки и со тајминг) постирање на текстови за Ѕинго и Грујо од страна на Синиша (преку своето алтер его) и Палчо, му дава шмек на џандарско-кодошкото крило лукративни преторијанци што прават огромна штета ставајки се неповикано во одбрана на опозицијата.