Крум Велков

Крум Велков

ЕГЗАКТНИ НАУКИ

Од сите теории на заговор, една од најголемите (и најдокажани) е т.н. политичка теорија. Тоа наука да ти било, па така и овој петпаречки кловн и умислен незнајко се смета себеси за научник. Што ли предавал: политичка теорија, политикологија, меѓународни односи, којзнае какви се глупости има во тој контекст? Но сеедно, што и да е, се работи исклучиво за една иста цел зад нив: „интелектуално-научно“ покривање на политичкото ропство, на експлоатацијата и збрлавување на народите по разни основи.

Освен што се смета себеси за научник, тој се смета и за егзактен научник, па така додека беше комуњарец докторирал на егзактна тема „Американскиот империјализам“, а откако комуњаризмот пропадна, стана екстремен егзактен апологет на „либералната демократија“ и на истиот империјализам. Кога бил поглуп (пардон, поегзактен) и не е најважно, важно е дека тој е егзактен како дупка во вода.

Тој во случајот е само повод, бидејќи не губам време да читам продадени души и незнајковци, а сакам да го кажам следново: Еден од најголемите проблеми на Македонија за сите овие 30 години се конвертитите. Особено интелектуално-академските, професорски, со нив и експертутките, новинарите-преститутки, НВО-приучените секти и гангови и други работници и работнички во ефтините политикантски бордели. Од некогашна комуњаристичка ѓоа-елита, одеднаш сите топтан беа продадени како валкани прасиња на ајван-пазар за да ломотат егзактни науки во служба на нивниот довчерашен смртен непријател.

Гадна е судбината на конвертитите. Многумина од нов станаа алкохоличари. Од нив особено смрди Источна Европа. Каков само пораз се тие луѓе, какво бесчестие и каква себичност. Бидејќи продадени, мораат да ги покриваат сите можни и неможни предавства и грабежи од почеток до крај; околу себе врзаа концентрични кругови на други конвертитоиди, па денес здружено ги тркалаат своите безвредни животи и кариери низ јавноста како подвижни гробници на македонскиот дух. Малевци, фрчковци, милчини, грчевци, камбовци и редум други слични интелектуално-политички злосторници (слободно додајте ги), се уште се обидуваат да наметнат авторитет, кутрите, а повеќе не им веруваат ни сопствените деца. Како ли живеат такви презрени?

Сакам да кажам: воопшто не се вознемирувајте од овие сподоби, па ни презир не трошете не нив, туку само смејте им се срдечно, бидејќи ним им е отсвирен крај, а сега само потплатениот судијата им додал пет минути екстра продолжение за да го докомплетираат и егзактно научно да го покријат последното предавство. Мораат да бидат употребени до скончување.

Жално е што наместо вистинска интелектуална и морална елита, Македонија ги има етаблирани овие суштества кои го корумпираат општеството хоризонтално и вертикално, а за тоа, покрај СДС, највиновни се токму „патриотите“ уште во деведесеттите години, но тоа е друга, комплексна тема. Но, таа Македонија, која толку ја мразат (бидејќи преку неа во суштина се мразат себеси, тоест своето огавно ковертитство), сепак на крајот егзактно симболично ќе ги погреба во крајниот агол на својот вечен двор: на буништето. Таму кадешто егзактно се “олеснуваат” кучињата и мачките.