КО ЦИГАН ЗА ПАРТИЈА!!!

Ова што се случува со тоа дека ни наметнаа незаконски премиер, неуставен претседател на Собрание, предавнички Бугарски и Тирански договори, беглаци од Азија и Африка и слично,  а ни најавуваат дека пијаницата Шилегов ќе е градски татко, дека ќе се одземат 7.000 концесии на земјоделци не-сдсмовци, дека ќе се промени името, дека воштените фигури на Гоце, Даме и другите ќе се претопат а Музејот ќе се затвори – недоливо ме потсетува на вицот од поранешната држава, кога некој циган примале во партија (нека ми простат сите роми, ама овака е оригиналниот виц. А и доколку пишам дека ликот е ром, тогаш е навреда за нив).

Значи, циган ќе примат во Партија. Единствената, онаа Комунистичка. Па му велат: Слушај Циго, ќе те примиме во партија, ама нема да може да си тераш како до сега. Он им вели: Добро, важи. Они и понатаму му говорат: Нема веќе пиење пред коперација на гајби. Сега ќе си сериозен член на КПЈ. Он се согласува. Они му велат: ама нема веќе и крадење и просење на семафор. Он одговара, добро де, како ќе кажете. Они и натаму му кажуваат услови: нема веќе и туги жени да гледаш. Само својата. Он и со ова се согласува. Они и понатаму: Нема веќе пијанчење до сабајле. Он одговара: Важи. И, крајно му велат: Слушај Баци, ако треба и животот ќе го дадеш за Партијата!

И, тој им одговара: Нема проблем, бе! Кога нема пиење, крадење, провод до рано наутро, бркање туги жени – тогаш ебати таквиот живот. И него ќе го дадам.

Наравоучение: Држвата ни ја украдоа, ние за воштените фигури се секираме.