Лекција бр.2 за неписмените
КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ? (втор дел)
Со својата местоположба помеѓу 40 и 42 степен северна географска ширина со излез на Егејското море, Македонија била крстопат на светските патишта, епохи и трендови од милениумското живеење-владеење на човекот.
Траги од цивилизацискиот живот на најстарата неолитска еволуција со Пелазгиско-древномакедонско население има во првата светска држава на чие чело бил Македонскиот цар Пердика I кого Херодот го означил како основоположник на Македонската држава и владетел во VII век (707-645 година п.н.е.).
Легендите од митологијата преземени од современиците на Хомер биле пишувани на пелазгиски јазик и писмо, кои примери говорат до која крајност одат фалсификаторите. До исти сознанија дошол и Diodor Сицилијанецот кој укажал дека кралот на Феникијците (Венетите) Кадмо (1391-1313 година п.н.е.) уште пред два милениуми се служел со древномакедонското писмо наречено “црти и рески”. Античките Македонци имале свое гласово (фонетско) писмо повеќе од единаесет милениуми п.н.е. за што говорат несоборливи артефакти и безброј епитафи од надгробни споменици.
Сродноста меѓу македонските глоси и старофригискиот јазик ја потврдуваат 250 натписи кои сите до еден имаат словенско потекло (види Jost Gippert).
Најновите епиграфски артефакти се врзуваат за современиот македонски јазик бидејќи Бригите се супстрат на античко-македонскиот јазик.
Еден дел од Древномакедонската племенска група Бриги со свој крал Мида, син на Гордион во периодот меѓу 2700 и 2500 година п.н.е. преминале на азискиот континент на територијата Фригија односно Мајонија. И соседната област исто така била населена од древномакедонска племенска група Венети на територијата на Пафлагонија, кога Феникијците (Бригите) односно древните Македонци на азиските простори формирале две држави-Сидонија во Персија и Тиреја во Либан (види Homer). Населението на овие две држави учествувало во сите битки на царот Александар III Македонски, а Herodot ни открива дека Бригите/Фригите биле постар народ од Египќаните што го потврдува како факт и Египетскиот крал Psametih I.
Хомер во “Илијада” ја опишува Тројанската војна како граѓанска, и никаде не споменува Хелени, туку исклучиво древномакедонски племиња, и упатува дека Хеленското учество не е засновано на релевантни историски факти.
И Англичаните Bjury и Migs кои се сметаат за поддржувачи на грчката неегзактна “наука” велат: “Веќе е поставено прашањето дали воопшто некогаш се случил поход на Грција на Троја? Во трудот на двајцата научници практично се разоткрива грешката создадена при употребата на терминот Грција во која било научна област од праисторијата до 19. век, бидејќи за прв пат во светската историја територија, нација и држава Грција се појавува во 1829 година од н.е.
Историјата докажала дека кралевите на македонските племиња Пеони и Пелагони со свои соплеменици се бореле кај Троја каде учествувале и кралеви на бригиските етнички групи предводени од Дардан и биле Венети, вели Хомер. По борбата со Ахајците за Троја, и по паѓањето на градот Троја следи масовно иселување на древномакедонското население кон централна и западна Европа и Скандинавските земји на исток се до Аљаска, Камчатка и Владивосток каде била продолжена пелазгиската древномакедонска топонимија.
Интересно за споменување е и фактот дека токму Пелазгите го подигнале Акропол во градот Атина (види Херодот).
Со доаѓањето на Александар III Македонски Македонија станала првата обединителна држава во светот за прв пат и единствен пат во досегашната историја на човештвото.
Обидот на Александар да создаде светска држава не можел да успее, бидејќи таа требало да произлезе од потребите на луѓето, но неговиот поход и идеја ги освоиле срцата на луѓето, прогресивно го осовремени светот и тогаш најразвиената држава Македонија се наметна со македонските постулати во хумано-духовно-културни и материјални влијанија врз светот.
Александар Македонски повеќе сакал да се одликува со возвишено знаење отколку со светска слава покажувајќи го тоа на смртната постела кога високите Македонски придружници и генерали го прашале:”Александар, на кого му го оставаш македонското светско царство, умирајќи тој ќе каже: “На…најсилниот…ако може да биде Бог”.
По смртта на Александар, Македонците го поделиле светот на четири региони Индија, Азија, Египет и Македонија со кои управувале владетели од македонско потекло наречени дијадоси-древно македонски кодиран збор кој се уште егзистира во современиот македонски јазик со исто значење јадос-и, јад-осите, јадосани-те, кои со јад во душите од големата загуба на Александар значително ја ослабнале македонската држава до процес на распаѓање.
Тие го завршиле своето управување со создавањето на нови држави со кои и натаму управувале владетели со македонско потекло во периодот од 281-221 година п.н.е. се до тешките пустошења на Галите и до македонскиот владетел Антигон (227-239 год.п.н.е.) кој ги поттиснал Галите и ја основал династијата Антигониди, и останал да владее до трите Македонско-Римски војни.
Римјаните во 168-та година п.н.е. ја парчосале и поделиле Македонија на четири области (провинции) наречени меридии-кодиран збор со исто значење и денес (меририд, мери-ридови) и во буквална смисла се однесува на луѓе што шетаат по ридовите, прогонети од своите градови и древни огништа, без никакви меѓусебни политички, културни, економски и други врски, репресирани, експлоатирани, прогонувани, иселувани, убивани.. ова трае до крајот на антиката IVвек од н.е. кога Македонија повторно доживува голгота и кога повторно била парчосана на две провинции-Мацедониа Прима со главен град Солун, и во V. и VI. век од н.е. се споменува Мацедониа Секунда-со главен град Стоби.
Своевидно сведоштво за воените судири помеѓу Древномакедонците и дојденците кои доаѓале да ја исвојуваат македонската почва, обединети во новоформирани полиси дава хроничарот Diodor кој вели: “Македонските победи завршувале со масакри од илјадници мртви новодојденци” при тоа правејќи разлика за етногенородноста на македонскиот народ со сопствена територија и династичко-централистичко владеење, од една страна, и антрополошки различните новодојденци, од друга страна.
Инаку миграционите движења оставиле бројни карактеристични траги во имињата на безброј населени места и градови на пример: Варшава во Полска е аналогна на Варсова од Пелопонез, Моска во Русија од групата Московити, Венеција во Етрурија (Италија), Виена од Виндона во Австрија, Берлин во Германија по името Бер (син на Македонскиот цар Македон), во Шпанија државата Келтика доаѓа од името на Венетите кои се познати уште под името Келти, Александар Македонски во Азија основал 70 градови од кои 17 со името Александрии, и Египетскиот цар Птоломеј 1, брат на царот Александар Македонски во 290 година п.н.е. го изградил Светилникот кај градот Александрија конструиран од македонскиот ахитект Сострат Книдски и спаѓа во седумте светски чуда.