И се шо прамие – други део

И се шо прамие - други део

На истекот на 2019-та напишав една колумничка со наслов “И сеа, шо праиме“, каде ги сумирав фактичките состојби на Македонската политичка сцена.

Секако, вистината не ги радува сите, па добив најразлични коментари, дури и реобјавив колумни кои беа со наслови кои асоцираа на мојов наслов. За жал, за разлика од мојата колумна која немаше намера никому да му соли памет ниту да му туторува што да прави, “одговорите“ кон мојата колумничка беа кој, што и како треба да направи. Вклучително и јас! А со кое право било кој било кому кажува што треба да прави, останува отворено прашање.

Давање ум, солење памет, дебатирање без сврха, никаква акција – резултатот, може да се претпостави каков ќе биде.

Значи, најнапред, дали сите се согласуваме дека најголемото зло во Македонија од времето на Коте од Руља, Страхил Гигов, Панта Марина, Лазар Мојсов и Лазо Колишевски па наваму, е Зоран Заев? Секако и СДС во целост?!

И, дали се согласуваме дека тоа зло мора да биде поразено, избришано и уништено?

Ако за ова се согласуваме, повелете читајте понатаму.

Изборите, ако ги има, се закажани за 12-ти април.

Календарската математика вели вака: три недели изборна кампања според законот, значи од 12-ти април се враќаме некаде на цирка 20-ти март. Две до три недели последни подготовки (активности на терен, билборди, листи, потписи…) не враќа на почетокот на март.

Сега сме сеуште на зимски одмор (детски распуст, старо-новогодишен мамурлук, скијање…), па се‘ започнува со полна пареа од 20-ти јануари. Ерго, за (1)сериозен настап на избори и пред гласачите остануваат само 40 дена и (2)дилемата што сето тоа ќе се одвива во држава чии граѓани ние не сме, а е со одредница која е опис на едната страна од светот!

Да се фокусираме на делов со само 40-тината дена останати до избори.

Го оставам албанскиот блок меѓусебно да се коле (политички), во Македонскиот се две опции. Владеачката фашистичка власт на СДС и Заев од една страна, и  опозиционата ВМРО ДПМНЕ.

Дали има трета опција, доколку се сака како гласач да се излезе и да се гласа? Јас мислам дека нема. Но, ајде еве заедно да видиме (молам, за сите оние што ќе реагираат текстуално на оваа колумничка, постовите да не се листа на желби и сонување со отворени очи, ами конкретни факти).

Најсериозна трета опција во Македонскиот блок е партијата на Бачев. Регистрирана, со партиска структура и со какви-такви финасии. Плус, на последните локални иизбори си имаат соодветен резултат изразен во број на гласачи и места во советите на општините. Ниту една друга третоопцијашка опција нема таков капитал. Што се однесува до другите, немам информации дека се има нешто променето на подобро. Палчо е и натаму со зачудувачко долг притвор! Конспирација до даска, со прашања дали некој го симнал од сценава или сам се има договорено да го нема некое време! Неговата “партнерка“ Солза го продаде и предаде во првата секунда од неговото апсење. Таму масовност не постои. Олумчев со своите патриотски здруженија нема било каква официјализирана форма, уште помалку масовност. Лука Александров наводно си “купил“ партија, некоја со предзнак ВМРО. Апасиев уште брка потписи што ВМРО ДПМНЕ не сака да му ги собере. Родина и Славјански, како отпаднат дел од Единствена Македонија, сеуште кубурат со регистрација. И покрај симпатичните текстови и пораки, нивна права теренска активност не се чуствува. Сите други организации со предзнак “патриотски“, се загубија во водите на фиктивните поделби на директорски и министерски места уште пред да излезат на избори. Секако, не треба да се одмине и Бојкотирам, иако сеуште не е јасно колку бојкотирам има, и кој е кој во тие разни бојкотирам?! Но, еве, да се сконцентрираме на два три лика што се најгласни, иако со измислени имиња. Такви пази-стомак, чиз-миз имиња можеби се кул, ама не се предвидени во рамките на законот за избори, ниту се третирани од ДИК. За нив, кои се најгласни на социјалните мрежи е прашањето: Се организиравте ли, направивте ли листи, ги распоредивте ли местата, се официјализиравте ли – оти датумот се ближи, а вие сеуште сте на нивото Како-Џокица-замишља-секс.

Дека сите велат, и дека е вистина дека треба да се обединиме во борбата против Заев, е вистина. Дека сме обединети, не сме.

Обединетост бараат патриотските здруженија, малите партии, Мицкоски, Каракамишева, јас – сите. Но, обединување нема!

Кога нема обединување, нема и масовност. Најдобриот пример ни е тука пред нас од пред некој ден. Датумот, 11-ти – сабота, кога требаше да се одбележи датумот на големото предавство, секој си седеше во својот агол од рингот. Тој не одел со овој, оној не одел со оние… И, така…Таму немаше масовност, ама на Дино Мерлин имаше! Што ни кажува тој пример? Кажува дека нешто и некаде грешиме. Дека народот не следи било какви ликови. Тој датум покажа дека сите што се прчат дека имале толку-и-толку илјадно членство, всушност го имаат само пајтонот и кочијашот.

И сеа, навистина, шо праиме? А Заев треба да го поразиме?

Да се гласа за овој и ваков Мицко со ова и вакво ВМРО ДПМНЕ, или да не се гласа па да се овозможи на вработената партиска комуњарска структура да му даде уште еден мандат на рекетарот, диктаторот и дилерот на дрога Зоран Заев?

Многу пати во ТВ интревјуа во “груево“ време ме прашале, зошто го поддржувам ВМРО ДПМНЕ а не бев член ниту фукционер на таа партија?! Одговорот ми беше дека нивната програма е најблиска до она што јас мислам дека треба да е.

Па така и сега. Не постои партија на светот што на било кој избирач во светот во својата програма, делување и кадровски би му ги исполнила сите барања. Тоа, едноставно, не постои.

Според мене First thing, first.

Прво и најважно е да се спакува Зоран Заев и да се расклопи СДС.

 

М. Неделковски

16.01.20

Клепа, Македонија