ДО КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ГОВЕДА ?

ДО КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ГОВЕДА ?

ЗА МЕНЕ ОДГОВОРОТ НА ТАКВО ПРАШАЊЕ Е ЕДНОСТАВЕН: ДОДЕКА СИТЕ ЗАВРШИМЕ ВО КЛАНИЦА.

Денешната состојба на македонското безумие е слична на таа за која пишува монахот Исаја Серски по 1371 г. кога владетелите на Македонија – крал Волкашин и Углеша претрпиле пораз од Османлиите и загинале во битката: „И земјата беше лишена од сите добра, од луѓе, добиток и други плодови. Затоа што немаше принц, ниту водач, ниту водач во народот, ниту избавувач, ниту спасител… И навистина, тогаш живите им завидуваа на мртвите“. Зошто се стигнало до таков пораз (иако Македонците биле неколку пати побројни), пишува летописецот Хоџа Садедин: „…безбројната неверничка толпа ја сметала за сигурна својата победа и поради тоа деноноќно тонела во блуд и разврат, во ноќно пијанство и дневен мамурлук. Во длабоката ноќ, кога дел од непријателите спиел, а другите пирувале со вино и ќебапи, тој (Хаџи Илбеги) ги повел своите победоносни војни…“. По таа катастрофа, народот продолжил да чека вистински водачи, додека официјалните водачи на Балканот: македонскиот крал Марко, српскиот деспот Стефан Лазаревиќ, Вук Бранковиќ, Константин Драгаш, византискиот император Мануил Втори се испокарале во Серес пред султанот Бајазит Први, го направиле арбитар на нивните спорови. Потоа му станале вазали, за на крај целиот Балкан да биде окупиран од Османлиската империја.

Во последните 30 години врз Балканот господарат САД и ЕУ, а во Македонија арбитер се Албанците. Иако се под 14 % од македонските граѓани. МОМЕНТАЛНО НЕ УПРАВУВААТ МАКЕДОНСКИ ВАЗАЛИ ОД ЧЕТВРТИ РАНГ. ВАЗАЛОТ ЗАЕВ Е УПРАВУВАН ОД АЛБАНЦИТЕ, А ТИЕ СЕ УПРАВУВАНИ ОД САД ПРЕКУ ЕУ. Во таканаречената македонска влада има така- наречени 12 Македонци и 8 Албанци. Додека кај заменик министрите 6 се официјални Македонци, а 10 немакедонци. Вазалот Заев е контролиран од Албанецот Груби, притоа Албанците ги владејат најбитните сектори: економија, финанси, надворешни работи. Долго време министерството за одбрана исто така беше под албанска контрола. Така е и со министерството за внатрешни работи. Моментално Шекеринска и Спасовски се само вазали во тие министерства.

КАЖАНО ДИРЕКТНО, ПО ИЗБОРИТЕ ОД 15 ЈУЛИ, ЦЕЛАТА ПОРАНЕШНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА СЕ УПРАВУВА ОД АЛБАНЦИТЕ. ПОЛУАЛБАНСКАТА ПАРТИЈА СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И СИТЕ ОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ СЕ ПРАВАТ НА НЕДОВЕТНИ И СЕЕДНО НЕ ГО ГЛЕДАТ ТОА.

ОД ДРУГА СТРАНА, ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ ИСТО (КАКО ВО 14-ОТ ВЕК) СЕ ПРАВАТ НА НЕДОВЕТНИ. ТИЕ СИ ЖИВЕАТ ВО НЕКОЈА ДРУГА, ИМАГИНАРНА РЕАЛНОСТ КАДЕШТО ПОСТОИ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И ИДЕНТИТЕТ. НО ТОА Е САМО ИНТЕРНЕТСКА ИЛИ ДОМАШНА РЕАЛНОСТ. НАДВОР ОД ДОМА НЕ ПОСТОИ НИШТО МАКЕДОНСКО:

  1. Античките македонски споменици подигнати во времето на Груевски веќе се „хеленски“, а тие од средниот век – „бугарски“.
  2. Македонската историја до Преродбата е дадена и продадена на Грците и Бугарите, „во име на пријателството“.
  3. Официјалната двојазичност во државата далеку е надмината: албанскиот јазик веќе има улога на прв официјален јазик. Во секој момент пак, македонскиот јазик ќе биде деградиран до „јазична норма на бугарскиот јазик“.

ТУКА НЕКОИ ИДИОТИ ЌЕ ВРЕСНАТ: НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ ЗАБРАНИ ДОМА ДА СЕ ЧУВСТВУВАМ МАКЕДОНЕЦ! Секако дека може. Во досегашните времиња на окупации домот можеби бил некое упориште. Сега веќе не е.

Денес ќе ве контролираат колку и какви гости каните во својот дом.

Утре пак ќе ви забранат да излегувате од дома.

Задутре ќе ве вакцинираат и чипираат.

СЕТО ТОА, СЕ РАЗБИРА, ЌЕ БИДЕ ЗА ВАШЕ ДОБРО: КОЛКУ ДА ЖИВЕЕТЕ И КОЈ ДА ЖИВЕЕ, ОД ШТО ДА УМРЕТЕ ОФИЦИЈАЛНО И РЕАЛНО, КАКОВ ПОЛ ДА ИМАТЕ, КОЛКУ ДА СЕ СЕКСАТЕ. СЕ ПОД КОНТРОЛА, КАКО ШТО СЕ ПОД КОНТРОЛА БРОЈЛЕРИТЕ, СВИЊИТЕ, ГОВЕДАТА ПРЕД ДА ГИ ОДНЕСАТ ВО КЛАНИЦИТЕ. ЗА ТОА ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ПОСЕБНИ ЗДРАВСТВЕНИ КОМИСИИ И АНТИМАКЕДОНСКИ ТИПОВИ КАКО ФИЛИПЧЕ. ТАКА, КАКО ШТО МОМЕНТАЛНО ЗА ВАШЕТО ЗОМБИРАЊЕ СЕ ГРИЖАТ КОМИСИИТЕ ПО ИСТОРИЈА „ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА.

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ НЕ МОЖАТ И НЕ САКААТ ДА СФАТАТ ДЕКА ЦЕЛТА НА САД И НИВНИТЕ ВАЗАЛИ ПО ВЕРИГАТА ДО МОМЕНТАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ВАЗАЛИ Е МАКЕДОНСКОТО НЕ САМО ДУХОВНО, НЕ САМО НАЦИОНАЛНО, ТУКУ И ФИЗИЧКО УНИШТУВАЊЕ. НЕ САКААТ ДА СФАТАТ ДЕКА НА МАКЕДОНСКИТЕ СОСЕДИ И НИВНИТЕ ГОСПОДАРИ ИМ Е ПОТРЕБНА МАКЕДОНСКАТА ТЕРИТОРИЈА БЕЗ МАКЕДОНЦИ. И ЗА ТАА ЦЕЛ НЕ УНИШТУВААТ И ФИЗИЧКИ – ПРЕКУ СЕКОЈДНЕВНО МАЛТРЕТИРАЊЕ (НЕ СЕ СОБИРАЈТЕ, НОСЕТЕ МАСКИ, НЕ ШЕТАЈТЕ), ПРЕКУ УБИВАЊЕ ВО БОЛНИЦИТЕ (ЗОШТО СИТЕ КОИ БЕА НА АПАРАТИ УМРЕА?), НÈ УНИШТУВААТ И ПСИХИЧКИ, И ФИНАНСИСКИ.

МАКЕДОНСКОТО ЗОМБИРАЊЕ ДОСТИГНАЛО ВИСОКО РАМНИШТЕ, АКО СЕ ГЛЕДА ДЕКА ЗАРАДИ 775 ОФИЦИЈАЛНО УМРЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ (ТИЕ БРОЈКИ МАКСИМАЛНО СЕ ФАЛСИФИКУВАНИ), ЗАТВОРЕНА Е ЦЕЛАТА ДРЖАВА И ЕКОНОМИЈАТА, А НИКОЈ МАСОВНО НЕ ПРОТЕСТИРА. ДУХОВНИОТ И ФИЗИЧКИОТ ГЕНОЦИД Е ПУШТЕН НА НАЈЈАКО, А НИЕ САМО СИ СПОДЕЛУВАМЕ МЕЃУСЕБНО ДЕКА НЕ НÈ ЧЕКА НИШТО ДОБРО. И ПОТОА МОЛЧИМЕ ДОМА, КАДЕ ШТО ЌЕ ГИ ЧЕКАМЕ ПОЛИЦАЈЦИТЕ НА СПАСОВСКИ ДА НИ ДОНЕСАТ ОДЛУКИ ЗА НАЧИН НА ДОМАШНО ЖИВЕЕЊЕ.

МНОГУ ПАТИ СЕ ПРАШУВАМ ИМА ЛИ ПОТРЕБА ДА СЕ ПИШУВА ШТО И ДА БИЛО ВО ЗОМБИРАНИ ОКОЛНОСТИ. НО, МИСЛАМ ДЕКА ИМА ПОТРЕБА НЕ ЗАРАДИ ЗОМБИРАНИТЕ. ТИЕ СЕ ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА. СМИСЛАТА Е ВО ПОУКА ЗА ИДНИНАТА. ТИЕ ПО НАС ДА ЗНААТ КАКВИ ИДИОТИ СМЕ БИЛЕ И КАКО СМЕ ИЗГУБИЛЕ СÈ ЗАРАДИ ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА.

Стефан Влахов-Мицов

36 коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.