Берлин, 25.10.2020
Неколку говорници се веќе уапсени. Но не сите. Не можете да нé потлачите. И не можете да нé спречите.
Затоа сега се чита повелбата на Суверените на Сојузна Република Германија, испратена во писмена форма до сите влади на шеснаесетте покраини:
„Почитувани дами и господо,
со ова го пријавувам слободниот собир, кој ќе се одржи со наслов: Новото време на слобода и човечност!
Пријавувачи на собирот се организациите Querdenker [Синоним за луѓе, што размислуваат out of the Box] Дортмунд, Дуисбург, и др. градови.
Место на собир:
ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА СОЈУЗНАТА ПОКРАИНА!
Време на одржување на собирот:
13.01 часот, 01.01.2021 година.
Времетраење на собирот:
НЕОГРАНИЧЕНО!
Број на учесници:
СИТЕ ГРАЃАНИ НА СОЈУЗНАТА ПОКРАИНА!
Останати информации:
Ние сме слободен народ со гарантирани права. Доколку во структурите на власта не се случи пресврт и повлекување, ние, Суверените на Сојузна Република Германија, со почеток на 01.01.2021 година, НЕОГРАНИЧЕНО ќе почнеме да ги извршуваме нашите права според меѓународните гаранции за човечки права и според Уставот на нашата држава!
Доколку до тогаш, нашите уставни права не ни бидат вратени и доколку до тогаш ги исцрпиме сите други механизми на отпор, тогаш со почеток на најавениот собир, ние, Суверените, ќе го исполниме член 20 став 4 од Уставот
[Членот е со наслов: ПРАВО НА ОТПОР ЗА ЗАШТИТА НА УСТАВОТ и гласи вака: “Против секого, кој ќе извршува дејства за да го уништи постоечкиот поредок и го прекршува Уставот, СИТЕ ГЕРМАНЦИ имаат право И ОБВРСКА на пружање отпор, доколку се исцрпени сите други начини.“]
(Скандирање: Отпор! Отпор!)
Нашите татковци го напишале Уставот за да нé заштитат нас, Суверените, од злоупотребата на функцијата од страна на криминални структури во власта. Германија поминала две диктатури во последните 100 години, и ние нема да дозволиме да се случи трета! Ги повикувам сите иницијативи, сите организации, сите слободарски личности, во Германија и во светот, да учествуваат на овој собир!
Овој повик е интернационален, веќе добивме потврда за присуство и приклучување кон отпорот, од Австрија, од Лихтенштајн, од Полска, наскоро со Швајцарија. Враќањето на слобода на светот започнува на 01.01.2021 година во Берлин, а можеби веќе и на протестот на 07.11.2020 година кој ќе се одржи во Лајпциг.
Потписници:
Суверените на Сојузна Република Германија и нивните претставници, од народот, за народот! А народот, сме НИЕ, и ние сме многу, многу, многу ПОБРОЈНИ!“
(На ред е Хајко Шенинг со неговиот класичен поздрав: Ахтунг, Ахтунг, вирусот на слободата пристигна во Берлин и во целиот свет. Поздрав до Варшава каде што се одржува паралелна со нас демонстрација. Приклучете ни се! Сите ние сме дел од прекрасното семејство на човештвото. Се наоѓаме насред глобален, мафијашки злостор. Доста беше!)“
…