Што барав а што не добив од ВМРО ДПМНЕ?!

Што барав а што не добив од ВМРО ДПМНЕ?!

Во петокот на 22-ри септември ВМРО ДПМНЕ одржа Конвенција за да ги претстави кандидатите за претстојните локални избори но и да ја соопшти програмата, односно “новата ера“ на партијата.

Во петокот ВМРО ДПМНЕ уште еднаш, по илјадити пат, докажа дека во секој момент и за било кој повод може да собере лесно 30, 40, 50 а со додатен мотив и 100 илјади луѓе на едно место. ВМРО ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е најмоќната, најорганизирана, најдисциплинирана и намногуброја парија, јас би рекол движење, во Македонија. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевсkи уште еднаш, по илјадити пат, покажа дека ниту еден досегашен или сегашен политички лидер во Македонија не му е ни до колена кога е во прашање собирање/мотивирање на народната маса. ВМРО ДПМНЕ покажа дека е единствена партија зад која застануваат правдољубивите и патриотски расположени Македонци.

За жал горниов непобитен заклучок во исто време покажа дека ВМРО ДПМНЕ и неговиот лидер тие 30, 40, 50 или 100 илјади луѓе не ги извадиле, или не ги вадат, кога за државата е најпотребно. Таа маса која може Никола Груевски да ја мотивира, а ВМРО ДПМНЕ да ја собере, не се артикулираше во протести против одлуки кои директно одат на штета на Македонија и македонецот: против нелегитимно криминално избраниот претседател на собранието, против криминално избрнанезакоснка влада, против двојазичноста, против Тиранската платформа, против договорот со Бугарија, против американскиот инженеринг на парламентарноте избори лани, против пуштањето на кримоси од затвор, против менувањето на историјата, против тоа што Божидар Димитров и Красимир Каракачанов го помочаа Македонскиот народ, идентитет, јазик, држава и историја во среде Скопје…

Не. За такви работи раководството на ВМРО ДПМНЕ не повика на масовен собир. Ниту еднаш. Дури и од оноа ѓоамити непартиско“Движење за Македонија“ на вмровскиот кадар Богдан Бетмен Илиевски јавно се оградуваа и во него учество не земаа. Но затоа се собраа во петокот да раскажат за канализиации, градинки, патишта и се друго што е обврска да се изработи, а не подарок од избраните. Тоа градење, зголемување на стандард, намалување на вработеност е обврска на секоја локална или државна власт. За тоа се бира власта, а не за да заседне по кабинети со индиски ораси и октоподчиња. За жал, ние се научивме дека избраните од СДСМ се на власт за да уживаат, крадат и не работат, па ни станува чудно кога ВМРО ДПМНЕ се на власт па работат, градат, чистат… И тоа го гледаме и ни го нудат како подарок, а не како нивна нормална секојдневна обврска кон нас кои ги бираме.

Во петокот имаше се‘, само политички пораки не!

ВМРО ДПМНЕ уште еднаш во петокот побара гласови од граѓаните за да победи на локални а тоа да предизвика вонредни парламентарни каде повторно би ја освоиле власта.

Мене ова ми личи наивно. Или е раководството на ВМРО ДПМНЕ наивно, или па си мисли дека народот е наивен. Џес Бејли, бриселските фашисти, албанскиот фактор, зинтересираните соседи и криминалните структури во регионот НЕМА ДА ДОЗВОЛАТ било каква победа на ВМРО ДПМНЕ.

Масата што ги следи 4-те свети букви ВМРО е доволно голема, моќна и мотивирана уште утре да ја преземе власта во државата. Уште утре да ја запрае оваа агонија а националните предавници и криминалци да ги набута во затвор. Тој народ верува дека лидерот на партијата треба да ги поведе, повика, насочи…

Тие 100 илјади луѓе уште утре можат да ги блокираат сите гранични премини, автопати, аеродроми, пруги, институции и што е најважно амбасади во Маедонија. Со апсолутна граѓанска непослушност уште утре тој многуилјаден народ може да го врати ВМРО ДПМНЕ како фактор во државата, за разлика од сега кога е moderate opposition.

Да бидам искрен, во петокот имаше и една политичка порака! Односно објава дека ВМРО ДПМНЕ ќе станела граѓанска партија и политички ќе се позиционирала блиску до центарот.

Искрено, ми требаше некој ден да ја проџвакам оваа “стратегија“, додатно да увидам дека тимовите на централата на ВМРО ДПМНЕ одат по општинските комитет да ги убедува луѓето дека ова е единствениот начин партијата да се врати на власт. Значи од национална и револуционерна, како што стои во името на истата, да стане граѓанска и пасивна.

Бидејки и СДСМ со Зоран Заев бега од својата основна идеологија (за нив тоа ништо не е чудно, идеологијата им е само парата), ние стануваме држава каде сите водечки партии се во политичкиот центар. Сметам дека Васил Тупурковски Циле овие денови слави, бидејки неговата идеолигија на крај победи. Ете сега сите се ДА. Сите се “центар“.

Тоа што сите ликови од спомениците во “Скопје 2014“, сите ликови и постановки во Музејот на револуцијата и сите слики низ спратовите и канцелариите на партиската централа се со сосема спротивна агенда, политичка дејствување и борба на теренот – значи сите се се‘, само не се центар, изгледа веќе не важно. Веле Марков, Ќосето, Дуња, Мучето, Пиперката, Чакаларов, Ченто, Шишков се превртуваат во гроб. Левица или десница во Македонија, секогаш била комитска, партизанска – значи револуционерна, агресивна, патриотска. Еве сега одеднаш десницата, како и левицата, стана непотребна. Сите “Во центар“.

Ако стварно ВМРО ДПМНЕ забега кон “центар“, тогаш предлагам менување на сите слики кои презентраат големи Македонски херои и настани од богатата РЕВОЛУЦИОНЕРНА историја на Македонија.

Вака, наместо да се искористи мотиваццијата кај луѓето заради погубната политика на режимот на Зоран Заев, па да се изнесат луѓето да ја блокираат државата, ние имаме ситуација на средба на лидерт на опозицијата со 10-тина амбасадори на “сериозните“ (според Н. Поповски) држави. Токму со тие амбасадори што се сатрапи на нашиот народ и држава. Наместо да им бидат блокирани со народ резиденциите и амбасадите, тие комотно си седат под сликите на оние што животите ги положија за Македонија. Класичен пример на “Стокхолмски синдром“. Да се заљубиш во сопствениот киднапер.

 

Од оваа временска дистанца, по јасно станува зошто, на огромно изненадување и револт на членството, за минатогодишните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ се ребрендира во СДСМ-овската сина боја?! Па, го остави просторот на користење на Македонските патриотски обележја, како и комбинациите на црно-црвена и жолто-црвена боја, на абдалите од типот на Љупчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов. Тоа мене ми кажува, дека одамна е скроена стратегијата на “цетаризација“ на ВМРО ДПМНЕ, само што ете постапно се остварува.

На митинзите за овие локални избори од “централата“ стриктно е ограничена, а на многу учесници и збранета, употребата (веењето) на знамиња со национални и вмровски обележја.

ВМРО ДПМНЕ, за жал оди во ребрендирање од црно-жолта во сина, од револуционерна во граѓанска, од внатрешна (тајна) организација во исполнувач на желби на странски амбасадори (од сериозни држави).

Не само секое знаме, грб или печат што има свое значење, туку и секој збор има свое значење. Секој збор поединечно означува нешто. Секој збор е симбол, исто како и знаме или грб.

Па така, доколку ВМРО ДПМНЕ сака да стане СДСМ-овски сина, да замине од десница кон центар, да удоволи на странските “сериозни амбасадори“, ќе мора покрај сликите во централата, да го смени и името. Односно поголемиот дел од 9-те букви ВМРО ДПМНЕ, бидејки како симболи не одговараат на политика на партија во центарот.

Па така, ВМРО:

“В“ – Внатрешна се мисли на тајна, скриена, илегална… Во “центар“ тоа таа не може да иде.

“М“ – Македонска, би значело на Македонците. Ако е граѓанска, тогаш треба да се префрмулира во партја на граѓаните на Македонија.

“Р“ – Револуционерна, уште помалку. Ниту еден “центар“ никогаш не направил револуција.

“О“ -Организација, заедно со зборовите “внатрешна“ и “револуционерна“ означува она што е карактеристика на историското ВМРО: борба, отпор, саможртва, посветеност, непотклекнување… ВМРО ДПМНЕ кон политичкиот центар ќе личи многу повеќе на НВО отколку на Оганизација.

Натаму, ДПМНЕ:

“Д“ и “П“ – ДП може да остане, бидејки и во центарот таа може да биде демократска партија.

“М“, “Н“, “Е“ – никако не може да биде дел од идното, политички центарско име. Ниту “Македонско“ (значи на Македонците), ниту “Национално“, ниту пак “Единство“ не може да асоцира на граѓанска партија од центарот.

Бидејки, на пример, “Македонско национално“ како дефиниција (како симбол) значи: “Македонското национално движење е процес на културно, национално, државно-политичко будење и осамостојување на македонскиот народ. Движењето започнало во 1802 година со употребата на народниот говор, наместо црковнословенскиот јазик, во пишаната реч, а продолжило со манифестирање на македонскиот културно-историскиот идентитет, па се до барања за обнова на Охридската архиепископија, изградба на посебен македонски литературен јазик.“

Во овој момент, за жал, во ВМРО ДПМНЕ нема сила која ќе ја задржи на основните начела утврдени од татковците на Органзацијата. Нема сила во овој момент што ќе ја врати кон своите револуционерни и свети корени.

Во овој момент и владеачката гарнитура на чело со Никола Груевски исто како и “втората опција“ на “Реформаторите“ на Александар Михајловски се исполнители (заложници) на барањата на Џес Бејли. И едната и другата опција во ВМРО ДПМНЕ се тркаат која повеќе ќе клекне пред портите на фашистите во Брисел и на Длабоката држава во Вашингтон. Во овој момент, како идологија, иднина, меѓународна позиција разлика помеѓу едните и другите во Партијата нема.

Одењето кон политичкиот “центар“ е идеален начин на згаснување на револуционерната ВМРО. Имплантите во партијата, како на пример лукративната неопреторијанска “Хефталица“, инаку тазе бранител на “Никос Грујос“ и “Долгите прсти на ВМРО“, ја водат партијата кон “политичкиот центар“, фројдовски асоцирајки на името на емисијата.

 

 

На крај, што очекував а што не добив од ВМРО ДПМНЕ?!

Очекував а не добив патриотска, про-македонска, револуционерна, национална програма на исто таква партија.

Во петокот очекував дека лидерот на Партијата ќе каже дека:

  1. Кога ќе дојдеме на власт по 6 месеци или 6 години сеедно, ќе го поништиме комплетно договорт со Бугарија за заедничка историја.
  2. Кога ќе дојдеме на власт, по 6 месеци или 6 годин, комплетно ќе го повлемчеме било каков закон за двојазичност.
  3. Кога ќе се вратиме на власт по 6 месеци или 6 години, ќе ги процесуираме сите 4 “Хашки случаи“ за воени и злосторства против човештвото, ќе ја укинема Територијалната распределба каде Кичево, Скопје, Гостивар, Куманово и Струга станаа двојазични, ќе го поништиме Охридскиот рамковен договор, ќе престанеме со било какви разговори за името и ќе го отфикариме Метју Нимиц.

Ете, тоа очекував, а не добив.

Тоа, што такви пораки немаше од водството на партијата, воедно значи и дека водачите на ВМРО ДПМНЕ се согласуват со двојазичноста и договорот со Бугарија. Тоа значи дека се соучесници во злосторот против Македонија. Соучесници се во злосторот со џелатите и убијците бугари да славиме “иста“ историја. Тоа значи дека Груевски не е ништо по различен од Заев во однос на овие идентитетски и историски прашања.

И за крај, тоа значи уште нешто. Значи дека ВМРО ДПМНЕ, лидерот Груевски и неговите советници за надворешна политика (Ѓорчев, Николовски, Поповски…) не случајно го испратиле Зоран Јолевски на конвенцијата на Хилари Клинтон, а не ги послушаа советите (меѓу другото и моите) дека треба да се оди кај Доналд Трамп кој ќе победи. Па сега се чудат што Доналд не ги ебава, и коленичат во Вашингтон за да остварат нај мизерен можен контакт. Велам не е случајно, оти еве и денеска, 10 месеци по инаугурацијата на Трамп, и неколку дена по обраќањето на Трамп во ООН, тимот и партијата на Груевски не ги слушаат советите и идеите на лидерот на најмоќната држава во светот. Бидејки, ако навистина се ориенторани кон Вашингтон, ако навистина се про-амерканци за какви што се издаваат, изјавите на Трамп, а не блебетањето на Хилари, би било библија за нив.

А Трамп рече:

“Успехот на Обединетите нации зависи од независноста на нејзините членови. За да ги надминеме опасностите од сегашноста и да го постигнеме ветувањето за иднината, мора да почнеме со мудроста на минатото. Нашиот успех зависи од коалицијата на силни и независни држави кои го прифаќаат нивниот суверенитет, да ја унапредат безбедноста, просперитетот и мирот, за себе и за светот. Ние не очекуваме различни земји да ги споделуваат истите култури, традиции или дури и владини системи, но очекуваме од сите нации да ги поддржат овие две основни суверени должности, да ги почитуваат интересите на својот народ и правата на секоја друга суверена нација .

Силните суверени држави им дозволуваат на различни земји со различни вредности, различни култури и различни соништа, не само да коегзистираат, туку да работат заедно, врз основа на взаемно почитување. Силните суверени нации им дозволуваат на своите луѓе да ја преземат сопственоста за иднината и да ја контролираат сопствената судбина. И силните суверени нации им овозможуваат на поединците да процветаат во полнотата на животот што Бог го наметнува. Во Америка, ние не настојуваме никому да го наметнуваме нашиот начин на живот, туку да дозволиме да свети како пример за сите да гледаат“.

Значи, уште еднаш: “очекуваме од сите нации да ги поддржат овие две основни суверени должности, да ги почитуваат интересите на својот народ и правата на секоја друга суверена нација“.

Овие две работи јас не ги гледам ниту кај ВМРО ДПМНЕ ниту кај амбасадорите што беа заседнати на сосотанокот со врвот на партијата. Значи “ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ИНТЕРЕСИТЕ НА СВОЈОТ НАРОД“.

На крај, бидејки сите од или во Центар му даваат совети на Груевски, еве и јас да дадам еден совет: Не слушај совет, терај си сам, автохтон, како до пред три години. Како до пред уцената што ја доби. Ах, да. И да не заборавам: откажи се од сите услуги и совети на луѓе што ти се набутани под мадињата, бидејки тие ниту се чесни ниту искрени со и кон тебе. Тие до тебе и до Партијата се само привремено. После ќе си најдат друга цицка.

 

 

Миленко Неделковски

 

27.09.2017

 

Скопје.