Кенеди

Кенеди

Вчера, на 29.8.20, демонстрантите во Берлин беа подржани од Роберт Францис Кенеди Јр., кој од говорница му се обрати на насобраниот народ.

„Утре, во медиумите ќе слушнете, дека сум дошол за да зборувам пред илјадници фашисти. Но кога ќе погледнам во насобраниот народ, јас гледам во токму спротивното од фашизмот: Гледам во луѓе кои сакаат да имаат поинакви претставници во власта, луѓе кои не сакаат да имаат водачи кои ќе носат произволни правила. Гледам луѓе кои сакаат политичари кои ќе се грижат за здравјето и просперитетот на нивните суверени, за здравјето и просперитетот на нас и на нашите деца, а не за личниот профит; гледам луѓе кои сакаат политичари кои нема да бидат поткупливи и кои нема да ги злоупотребуваат механизмите кои им стојат на располагање, како што се медиумите и извршната сила, за со манипулација и со сила да наметнуваат произволни правила, стратегија за исполнување на бизнис-планот на големи фармаколошки и други концерни за остварување профит; гледам луѓе од сите националности, со секаква боја на кожата, луѓе загрижени за човештвото и човечноста, собрани овде за нас, за сите луѓе и за сите наши деца, собрани овде во одбрана на слободата и демократијата.

Неспособни влади низ целата историја на светот отсекогаш обожавале пандемии – ден денес таквите ги обожаваат пандемиите од истите причини од кои што ги сакаат и раздорите, и немирите, и војните. Затоа што тогаш имаат „оправдание“ да инсталираат контролни механизми „за наша заштита“ кои што во спротивно никогаш ние, луѓето, не би ги прифатиле. Тие тогаш ги злоупотребуваат институциите, механизмите, за да ја изнудат од нас согласноста за да им бидеме послушни, без да осетиме дека послушноста ни е изнудена.

Во меѓувреме веќе знаеме дека ова што го гледаме денес не се случува стихијно туку е прецизно испланирано со децении наназад. Во меѓувреме веќе знаеме, дека ни тие не можат да објаснат ни да образложат ни логички ни научно – каде точно овде се покажува пандемија. Тие не го измислуваат вирусот кој постои откако знаеме за вирусите на грипот. Но тие измислуваат пандемија, измислуваат бројки, и тие нивни лаги можеме да ги читаме во весниците и да ги гледаме по телевизиите. И целта е, ширењето на еден многу поопасен вирус, можеби најстрашниот вирус на светот – стравот. Тие немаат ни солиден ПЦР-тест, не се способни ни за да произведат солиден и веродостоен текст. Единствено нешто за кое што се способни, е да предизвикуваат СТРАВ.

Кога го прашаа Херман Геринг, мајсторот на пропагандата, зошто луѓето послушно ги следеа нацистите на власт, тој рече:

„Многу едноставно. Многу едноставно. Тие не нé слушаа заради нацизмот. Не нé слушаа заради идеологијата. Послушноста нема никаква врска со нацизмот. Послушноста можеш да ја издејствуваш и во социјализмот, и во комунизмот, и во демократијата. Послушноста е во нашата човечка природа, а копчето на кое треба да стиснеш – е стравот. За да те следат, доволно е да им наметнеш страв, толку голем што ќе ги прождира одвнатре. Потоа ти повеќе не мора да измислуваш нови начини како да го контролираш нивното однесување. Тие ќе те следат во сé, затоа што стравот ги држи поттиснати во умот и во душата.“

Пред 50 години мојот чичко Џон Ф. Кенеди дојде овде во Берлин, во едно време кога Берлин беше фронтот на тоталитаризмот. И денес повторно Берлин е фронот на тоталитаризмот. И заради тоа јас денес, исто како и чичко ми пред 50 години, стојам пред вас и со гордост извикувам: ICH. BIN. EIN. BERLINER!

И сакам уште нешто да кажам. Не дозволувајте да ви наметнат дигитална валута. Затоа што кога ќе ви ги контролираат банковните сметки, тогаш ќе го контролираат вашето однесување, вашата слобода сами да одлучувате кога и под кои услови ќе можете да купувате.

Оваа пандемија ѝ одговара на елитата за да може да контролира сé што ќе посака. Таа оваа пандемија ја користи за да направи трансфер од сета благосостојба на населението на земјата во рацете на грст психопати од елитата, целта е, да нé осиромашат, да нé осиромашат во однос на нашите пари, нашиот избор како ќе го живееме животот, нашата слобода да располагаме со нашите тела, нашите одлуки, нашите животи и животите на нашите деца.

Единственото нешто кое што сега е застанато меѓу злосторниците и нашите деца, се токму овие луѓе кои што дојдоа во Берлин. И сите заедно им довикуваме на корумпираните власти:

НЕМА ДА ЈА ДОБИЕТЕ НАШАТА СЛОБОДА!
НЕМА ДА ГИ ДОБИЕТЕ НАШИТЕ ДЕЦА!
НИЕ ЌЕ ЈА СПАСИМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА!“

Демонстрантите отворија камп на слободата и остануваат, медиумски покриени, меѓу другото и со медиуми од слободното новинарство, сé додека не се извојува слободата.

Во меѓувреме, стотици преставки од страна на адвокатски здруженија, лекарски комори, академии и приватни лица, се испраќаат во Уставниот суд на Сојузна Република Германија заради кршење на законот и Уставот од страна на германската влада и злоупотреба на службената функција.

 

(Превземено од Марија Стојанова)