Заев мора итно да биде уапсен како велепредавник

Заев мора итно да биде уапсен како велепредавник

 

Зоран Заев мора итно да биде упасен и ставен под затворски и психијатриски надзор. Тој е сосема луд и опасен човек, подготвен на конечен, стравотен политички холокауст над македонскиот народ. Тој веќе одамна не знае ни што прави ни што зборува, но сега веќе, манијакално уверен во своите лудачки „космополитиски” фикции, и во својата несомнена политичка и историчарска „генијалност“, потхранувани од подмолните бугарски шовено-фашистички охрабрувања, ги отпушти и последните кочници на елементарна ментална луцидност. Доколку неговиот беден партиски слуга и директен соучесник во незапомнетото политичкото и полициско насилство над граѓаните на Република Македонија, Оливер Спасовски, нема храброст веднаш да го уапси и да го смести или во затвор или во лудница, тогаш тој неизбежен патриотски одговорен чин ќе мора да го изврши самоорганизираниот македонскиот народ, и од плоштадот Македонија низ цело антифашистичко Скопје, и низ цела антифашистичка Македонија, во лисици да го спроведе распаметениот Зоран Заев низ долг народен македонски шпалир. Дури тогаш тој велепредавнички лудачки гнас ќе ја сфати сета сила на стопроцентниот национален референдум, и тоа без референдумско прашање, зашто и прашањето и одговорот одамна му се познати на целиот цивилизиран свет од славната историја на македонскиот народ.

Се плашиме ли од сериозни народни немири во Македонија? Да, тоа е застрашувачка примисла, но треба да биде сосема јасно дека Зоран Заев ја турка Македонија кон најсериозен национален бунт и дури кон граѓанска војна, која ќе збувне истиот момент ако осведочениот квислинг се нагоди со своите братски безочни фашисти од Бугарија, кои денес претставуваат и најголем срам за Европската Унија. Колку брутално и застрашувачки да ви звучи сево ова, Македонија незапирливо и сосема извесно се лизга кон такво сценарио, кое нема да заврши само во постовите на Фејсбук, и ако Заев веднаш не биде сместен зад дебели затворски или умоболнички решетки, за да може, барем накратко, да се релаксира внатрешната национално-политичка и меѓународната напнатост во и околу Македонија, ќе биде: или ние, или тие! Нека не мислат властодршците дека ќе немаме со што да бориме и да се браниме: на Мечкин камен нашите македонски револуционери до последниот здив се бореа со сѐ што им се нашло при рака: и со камења, со грутки крвава земја и со заби и нокти, но пред сѐ со срце и душа за својата татковина Македонија и за своја национална и социјална слобода. Да имавме правна држава каква што со Заев и заевштината немаме и не можеме да имаме, ќе немавме и грижи и стравови од вакви црни сценарија, но тие, за жал, се сосема можни, а со збудалениот Заев на слобода и сосема извесни, и блиски.

Дека сега, со најновите настани по слуганскоито велепредавничко интервју на Заев, конечно сѐ се распаѓа во Македонија, јасно се гледа и од месечарските бладања на големоалбанскиот и големобугарски претседател Стево Пендаровски, кој од Водно ни пласира „високи“ „дипломатски“ и „државнички“ флоскули од типот „сакам кажам нејќам речам“, или од типот „да, да, да“ – „не, не, не“. Наместо веднаш да воведе вонредна воена состојба и да испрати војска да ги преземе владата и другите највитални државни институции на Република Македонија, тој килаво ни паламуди глупсонски филозофии, што нему очигледно му се чинат страшно мудри, духовити и државнички. Селото гори, а тој на Водно великодушно им дели чинови на генералите.

Радмила Шекеринска, пак, распоредува војска пред ковид болниците и, по испраќањето на воениот контингент во Косово, сега, на македонската држава и на македонските граѓани им „носи големи инвестиции“ и со испраќањето воен контингент во Централно-африканската Република.

За тоа време, сосема лефтерно, без да го полази мува, големоалбанскиот „само“ „преведувач од жолтаткуќа на стравот“, Артан Груби, во својот кабинет си ја спроведува унитарната големоалбанска политика во срцето на Република Македонија! Ете, сѐ си е на своето место, птиците летаат, реките и потоците течат, Рај Божји на земјата – како што го замислуваат лудаци!

Заев мора итно да биде уапсен и спроведен во затвор или во лудница, и против него и неговите соработници да се поведат најостри истражни и судски постапки поради досегашните и најновите велепредавнички истапи и изјави.

Алдо Климан

26.11.20

Хрватска