НОВ ЛИДЕР!!!

НОВ ЛИДЕР!!!

23-ти декември е за помалку од три недели.

Реално, би се согласил со Филип Петровски дека е тоа пре краток рок за подготовка за сериозен конгрес каде главна тема ќе биде болното сознание дека деценија-и-пол долгото раководење на партијата од страна на Никола Груевски може да дојде до крајот.

Со текстов и јас би се вклучил во размислувањата што и како треба да биде. Ова е мое мислење. Секој има право на свое.

Најнапред, нејасно останува како тоа при најавената оставка на Никола Груевски, нем останува ИК на партијата?! Долго најавуваната анализа сеуште нема видено бела виделина, но ако првиот човек нуди оставка како чин на одговорност, тоа значи дека и ИК треба да го стори истото. Доколку се доблесни, секако. Молчи и трае комплетниот состав на ИК! Не чуствуваат ли трошка одговорност, кога веќе лидерот понудува оставка?! Згора на се‘, Никола Груевски може да се повика на неспорниот факт дека има една дузина последователни убедливи победи над СДСМ, а само еден пораз, овој од 15-ти октомври. Со таков габарит и резултат, ИК не може да се пофали. Напротив, тие имаат во својот мандат ЕДЕН пораз и НИТУ ЕДНА победа! Вака молчејки, се стекнува недвојбен впечаток дека во ИК има кариеристи што едвај чекаат Груевски да се повлече, за тие да си ги остварат своите амбиции за “калиф умсето калифа“. Но ако тие ликови во ИК сега не поднесуваат одговорност, кога на одговорност, макар и минимална, повикува и Груевски, како ќе може да се очекува од нив одговорност во иднина, кога би биле лидери!?!?!

Втора работа е што не може да се лицитира со име на нов претседател на партијата од редовите на членовите на ИК или од редовите на сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ или од редовите на пратениците на ВМРО во Собранието. Сите тие на куп, и секој од нив поединечно, се дел од тимот кој загубил. Па така, нема да може да се надева партијата на некоја следна победа со “лидер“ кој бил поразен и уште полошо понизен во Собранието, во Пржино, во бомбите.

Трета и исклучително важна работа е дека ќе мора да се бара личност што финансиски ќе ја издржи партијата во неколкугодишниот опозиционен пост. Трошоците на “Белата куќа“, плус трошоците за персоналот во неа се сериозна сума на месечно ниво. Згора на тоа трошоците за “присаство“ во медиумите е значаен а неопходен дел од партискиот буџет. Врти – сучи, тоа се неколку милиона на годишно ниво. Доколку се сака враќање на власт. Доколку амбициите се како на Бачев, Лиле, Павле, Стевче или Демократска  Десница на Филип – тогаш милионите на годишно ниво не треба да се во евра, ами во денари. Ама, тогаш веќе ваква масивна и моќна ВМРО ДПМНЕ нема да има.

Моите размислувања за потенцијален кандидат, односно кандидатка, одат во неколку правца.

Но, најнапред да кажам дека сметам оти Никола Груевски не би требало да поднесе оставка, а ако ја поднесе ИК и ЦК не смеат да ја прифатат.

Зошто?

Па затоа што во овој краток период од изјавата “ќе поднесам оставка пред органите на партијата“, да потсетам не мина ниту цела седмица, на површина испливаа (како гомна во септичка јама) сите ликови со болни амбиции во таа партија… Болни амбиции а ич капацитет и квалитет. Испливаа тие ликови и нивните компањони поддржувачи. Дури во изјавата на Филип Петровски стои формулацијата “партиски групации“!!! Хмммм, има ли групирање таму? Колку долго трае таква состојба? Кои се тие? Колку ги има?

Па така, во моментите кога партијата е најслаба, кога бродот тоне, капетанот мора да остане на него. Апсолутно се согласувам со Мане.  Оти во ваква ситуација партијата ќе биде изложена на атаци и манипулации од вметнати “групации“ кои се соработници на тајната полиција и службите. Тоа, во историјата на ВМРО ДПМНЕ е хронична појава.

Затоа, Никола Груевски треба да остане на чело на партијата. За да ја исчисти од овие што сега кренаа главче.

Но, да се вратам на темата за потенцијалниот кандидат. Бидејки, ниту Никола Груевски ниту ИК и ЦК се должни да го слушаат ова што го кажувам.

Имено, на партијата ќе и треба лидер со јасно изразен патриотски став, лидер што детално ќе ја познава историјата (и проклетието на својот народ) а ќе има идеа за иднината, лидер што ќе може да ја сервисира истата во финасиски смисол и лидер што ќе понуди различен пристап од оној (овој) кој донесе изборен колапс на исклучително потентната и успешна ВМРО ДПМНЕ.

Па, по ред:

  1. Јасно изразен патриотски став. Тоа значи дека тој иден лидер уште пред да биде избран мора да има јасно соопштен став во врска со: 1. Тиранската платформа; 2. Договорот со Бугарија; 3. Проблемот што грците го имаат со нашето име; 4. Барањето на МПЦ до БПЦ. Има тука уште многу други работи, ама јасен став околу овие 4 прашања ќе биде доволен да се процени патриотскиот капацитет на кандидатот.
  2. Познавање на историјата и идеа за иднината. Ова значи дека новиот лидер треба да е поткован со знаење на нашата две-и-пол милениумска историја со габарит ако не ист, барем приближен на оној што го имаат Груевски и Иванов. Што се однесува до иднината, поништување на неуставните, незаконски и со употреба на сила донесени одлуки како Охридскиот рамковен, октроираниот устав, Пржински договори (вклучително и укинување на СЈО)… Иднината значи и престанок на преговори, ами останување само на разговори (како што и е дефиницијата на ООН), во врска со проблемот што Јунинистан го има со нашето име. Исто така потези што ќе не направат рамноправен соговорник, колку и да сме мали: визен реципроцитет со сите земји, враќање на грижата за нашите сонародници во соседните земји, повлекување на АРМ од било какви воени и окупаторски мисии, поставување за наши амбасадори само на луѓе со високо развиена патриотска и национална свест. И, секако најважно, детерминирање на Македонија како унитарна држава на Македонскиот народ.
  3. Финансирње. Ова тема е еднакво мачна како и другите. И за оваа тема треба маж/жена со три рала муда. Дали ќе е тоа некој ВМРО-вски Заев кој од својата компанија ќе инвестира, или ќе биде некој харизматичен промотер што ќе се наметне кај домашни и странски бизнисмени и кај нашата дијаспора – се едно. Но важно е да обезбеди буџет. Сериозен буџет. ВМРО ДПМНЕ нема и нема ни да има помош од Сорос или УСАид. Онаа од Конрад Аденауер е “ситна риба пљуцкавица“.
  4. Различен пристап. Од досегшното искуство, јасно станува дека понизниот и попустлив однос кон западните фашистички сили е губитничка варијанта. Колку и да исполнуваш, колку и да ветуваш, колку и да виткаш кичма – тие секогаш ќе бараат повеќе. Дилемата “ама може да не блокираат, како ќе живееме“ се растура со прост поглед на “дојде животот“ на СДСМ! Намалени пензии, неисплата на субвенции, замрзнати плати, избркани административци, затворени фабрики, работници на улица, немање пласман за земјоделски производи, непоткрепени со докази притвори, небулозни криминални обвиненија, убиства по улици, рекетари по дуќани и бизниси, задолжување од една милијарди долари за 7-8 месеци… “Како ќе живееме“ – ете живееме. Ако може ова да го преживееме, а еве успеваме, ќе може и било што друго да се преживее. Значи, различниот пристап ќе треба да понуди иднина без “еден“ да изборот за НАТО и ЕУ. Бидејки ако е “избор“, тоа мора де е најмалку меѓу две работи, ако сакаме зборот “избор“ да го има значењето кое си го има. Престанок на преговори со ЕУ за било какво членување таму. И така сите земјоделски производи ги продаваме во Русија. Престанок на желбата за влегување во НАТО, оти и ако сме од некого нападнати или окупиран тоа ќе е НАТО, па секако ќе бидеме “дел“ од НАТО. И, не криење за остварени контакти со големи светски економии, финансиски системи и политики (Бразил, Јужна Африка, Русија, Индија, Кина, Филипини…), како и возобновување на односите што беа поставени во рамките на системот на “Неврзаните“.

Засега, амбиции за “Изногуд да стане калиф уместо калифа“ пројавија: Христјан Мицковски, Влатко Ѓорчев, Антонио Милошовски, Никола Поповски, Никола Тодоров и Филип Петровски. Може да го додаеме овдека на овој список и Мартин Толовски, како најсериозен кандидат.

Да појдеме со ред.

Влатко Ѓорчев, лик кој ги бранеше пучистите и фашистите од СДС во Собранието на 27-ми април.

За овој кандидат, еве што мисли неговиот партиски колега:

 

Антонио Милошовски е еден од најсериозните кандидати. Еве што за него тврди негов партиски колега:

 

Филип Петровски е кандидат кој се врати во ВМРО ДПМНЕ (моите извори во партијата тврдат дека коленичел половина година барајки прием кај лидерот) после гнасната кампања што ја имаше како лидер на Демократска Десница. Оваа негова изјава кажува се‘ што мислел за партијата и лидерот што сега би сакал да го наследи:

 

Никола Тодоров, откако во однос на министерувањето му беше неинтересно да биде пратеник во Собранието па се повлече во адвокатура. Сега е со амбиции пак да му биде интересно. Но, Никола Тодоров има една голема пречка за остварување на оваа амбиција, а тоа е неговото лидерство како учесник во преговорите (капитулацијата) во Пржино. На подоста новинари Пржино сакаше да им го претстави како победа, но од оваа временска дистанца се гледа неговиот преговарачки капацитет. Човек кој бил главен во тимот на преговарачите, па го договорил или овозможил Пржино, не може да биде лидер на партијата која е единствен анкер околу кој се врзува Македонскиот народ.

 

Никола Поповски  лани ова време призна дека одлуките се донесувале вон институциите и на штета на Македонија. Тој, во ова интервју вели: “да не дозволиме повеќе произволно да се носат одлуки вониституционално на штета на Р. Македонија“.

Овој кандидат, има две големи маани. Прво смета дека само ЕУ и НАТО се решение за нас. Реално НАТО е окупаторска организација која без одлука на СБ на ООН бомбардира и убива (Сирија, Либија, Србија, Иран, Авганистан…). А ЕУ е куп на  земји што се расисти, педофили, зоофили и фашисти. И втора голема мана му е што физички личи на Никола Димитров.  Ах, да, има и трета… Она е се‘, ама ВМРО не е.

 

Христијан Мицковски е генерален секретар на партијата. Велат бил добар менаџер. Но, во оние мои 4 набројани точки не се наоѓа. Премалку време е во партијата и на политичката сцена за да може да се види, односно тој да може да го покаже својот јасно изразен став по однос на патриотизмот, историјата, иднината, меѓународната соработка. Во овој момент, никој жив, надвор од неговиот тесен круг, не знае за што се залага Христијан Мицковски. Од локалните избори поминаа два месеци. Од оваа негова изјава, месец дена. На Генерален секретар, на моторната сила на партијата,  на кој му треба време да направи анализа како да сме Кина со две милијарди луѓе, а не Македонија со помалку од два милиона, тешко дека треба да му се довери партија на раководење.

Секако, за Мицковски важи исто она што важи и за Поповски. Мицковски, од сите погоре набројани,, најмалку е ВМРО.

Што се однесува до другите претенденти, сметам дека од сите нив нај адекватен е Мартин Толовски. Тој е секогаш прецизен и јасен.

Related image

Реформаторите реално се странска инсталација, како камче во чевелот на Никола Груевски. Сликани во амбасадата на САД во Македонија, сликани со сатрапот и фашист МекКејн, како и “гостувањето“ во Брисел покажува дека неизлечиво боледуваат од “Стокхолм синдормот“, што значи дека ништо ново не можат да донесат ако некој од нив застане на чело на партијата.

Крајно, типови како Тодор Петров секогаш се со прикриени амбиции кои јавно ги кажува само кога е гостин кај нашите иселници. Приматот и парите што ги зема  од дијаспората (апсолутно неиспорачуајки ништо, само продавајки прикаски) се обиде овие денови во (Bianka Lancia Calamndrana и во Canelli)  во провинцијата Асти во Италија, да му ги преземе Филип Петровски.

Image may contain: 10 people, people smiling, people standing and suit

Но, земајки го предвид капацитетот на растурање и губитничкиот карактер на Тодор Петров, јасно е дека кај тој се вклучуава, таму поропаст настанува. Да потсетам за референдумот за територијалната распределба од пред едно десетлетие. Или, како најново, неговото недамнешно вклучување во “Македонски манифест“, и следствено расколот што таму се деси веднаш по тоа.

Новиот кандидат, ако сепак до тоа дојде,  треба да понуди нешто различно, а не да е копи паст.

Дали јас имам предлози?

Па можам да направам друг текст со анализа за неколкумина со поединечен осврт.

Но вака, набрзинка, еве ви:

  • Ако се сака чиста душа и голема харизма – Игор Друловски.
  • Ако се сака паталец и патриот – Јохан Тарчуловски.
  • Ако се сака стабилен финансиер и одличен менаџер – Митко Јанчев.
  • Ако се сака долгогодишен партиски функционери кој го нема во бомбите – Горан Трајковски.
  • Ако се сака традиција и вера – Виолета Ачковска.
  • Ако се сака мотивација, успех и непокор – Мирка Велиновска.

 

 

Миленко Неделковски

 

Скопје

17 дена пред Конгрес

 

08.16 ч