Судија Владимир Панчевски

Судија Владимир Панчевски

СДС – ОКСИМОРОН ИЛИ НОУ МАНИ БЕК НОУ ГАРАНТИ!

Македонија стана земја на некои чудни форми на живот – луѓе духови и магионичари! Првите духови кои прават криминал, пљачкаат и јадат живи луѓе а притоа никако и никогаш не ги стига законот и казната за нивниот злостор кон народот и државата Македонија, тоа се тие духовни државни водачи со раката на гради (на срце) кои додека се на функција и дрпаат народни пари неможат да ја напуштат државата зошто нели се функционери и примаат дебели надоместоци, а без нив “народот мултиетнички” и “државата се’државна” би престанале да постојат, нели?! Граѓаните очито се загрижени што би правеле без вакви политичари и функционери кои по завршување на функциите со дебели конта ќе се отселат од оваа за нив вукојебина, а за нас татковина, ама за подобар живот од овој тука кој нели не убедуваат дека е добар, а магионичарите треба да преживеат во месецот со тешко заработени 17.000 денари! Да не е иронично би било казниво, но казнивоста кај нас премина во простување и пријателство! И сите ние секој ден го гледаме “крајот на бескрајот”!

Да видиш да не поверуваш на се тоа што “духовниве” добија од граѓаните и државата сите благодети, привилегии и народни пари овие без око да им трепне би се иселиле во некоја европска метропола далеку од овде бидејки телата им се по ново биполарни, европеизирани, мултиетнични и го живеат филмот “ено опшество за сите” и не убедуваат за “сигурен ризик” во за нас “минливата вечност” зборови кои секојдневно им течат од устите за да не лажат и им бидеме параван на следните и следните избори. Секогаш измислуваат нови општествени околности и состојби со кои го окупираат системот, создадоа монструми институции, го формираа СЈО – кое лапаше лешници со народни пари во името на правдата и мирот, која правда ја добија граѓаните??? Па нивната, да лапаат лешници, станови, возила! Ја формираа Антикорупциска да проверува имоти, чии имоти??? Па сечии само не нивните! Сега Уставен ќе не убеди дека и тоа што се случило не се случило, дека се било само еден сон, за некои “нежен хорор”, а за други “сурова бајка”!

Сите сме “ено општество”каде има два службени јазици, полека стануваме “сите од многуте”, никој не знае колку е должината на еден краток човечки живот но, секој влече на своја страна мајоризирајки ја својата група или групација, а овие на власт дозволија и ветија се и сешто секому во “виртуелната стварност” бидејки после нивната државна функција и не е важно повеќе што ќе биде, како “после потоп суша”, куферите се спакувани и фаќаме “џенем”, а датумот ќе го дочекаме “на 31 февруари” следната година!

Од ова реално може да се извлече заклучок дека овие наши духовни односно “реални водачи “не се со сите” бидејки како што гледаме општеството она нели “ено за сите” е длабоко потонато во поделби од секаков вид, дали тоа се патриоти или предавници, етнички мајоризирани или миноризирани, жмроњи или комуњари, оксиморони или препаметни глупаци, цензусоиди или бојкоташи, партијаши или неопределени, вработени или невработени, правдољубиви или криминалци, про или контра, вистински или лажни вести се изредија многу и профитираа на грбот на граѓаните и народот, па реалноста веќе ги дефинира како богаташи и сиромаштија првите државно профитерски ориентирани но и реализирани со скапи коли станови, фреквентни лукс патувања, дебели банкарски конта во земјата и странство, а вторите плебсот магионичари во преживувањето измачени неми посматрачи од кои само се чека гласот на избори заради “надеж” со ветувања за онаа пуста “доверба во ветувањата”. А после изборите и вашиот избор на своја копија на политичар ви ветуваме доаѓа неговата “оригинална копија” и така до “крајот на бескрајот”!

После сите скандали се разбудивме од хоророт на реалноста дека власта најдобро функционира преку поделба на власта на извршна (владата), законодавна (собранието-пратениците) и судска (судиите и обвинителите во сите судови и инстанци). Ова е таа добитна бизнис ориентед коалиција! Овој слој на општеството оваа “троглава ламја” зафаќа скоро 50% од популацијата во Македонија бидејки ако не се функционери од некоја од властите тогаш се блиски, пријателски, роднини, кумови, баџанаци, политички активисти, новинарски пера и бардови како крлежи на власта кои како паразити без фитбек за прогрес си црпат од народните пари од разни инвестициски фондови или фондови за рурален развој како што сите гледаме изминатиов период или немаат срам од позиција на сила и власт да ракетираат за да остварат корист! А народот по пат на дефиницијата за оксиморон на сето ова гледа како на “скромен раскош” на оксиморонската политика и молчи!

Ова е сликата за едно болно и тешко корумпирано општество, тоа е сликата за главната криминална коалиција ВЛАДА-ПАРЛАМЕНТ-СУДСТВО овие функционери кои живеат на грбот на граѓаните не ја оправдаа досега довербата на граѓаните и не веруваат во благосостојба и економски развој освен во сопствениот џеб и благосостојбата на својот круг на блиски и така опстојуваат со години!

Народе, мои сограѓани слушнете ја “гласната тишина” таа ви зборува како “позната непознаница” дека Македонскиот народ ја преживува својата “жива смрт”, времето да се освестите доаѓа и поминува!

Ни парите, ни името, ни идентитетот, ни годините нема да ви ги вратат ако самите не ја земете сопствената судбина во свои раце, знам тешко е, но се минува па и животот…

Владимир Панчевски

Судија во Кривилен суд

01.12.19 во Скопје

19.43