Маратонци трче последњи круг

Маратонци трче последњи круг

ДОЈДЕ ЖИВОТ!!!

Живееме – НЕживееме!!!

Живееме во земја – НЕземја. Република – НЕрепублика, каде 2-ри август го прогласуваат за “ден на републиката“, иако тој ден е во септември. Каде премиерот не прави разлика помеѓу Словенија и Словачка, а за неговата асистентка ноќна мора е кога треба да реши чие знаме, чие е!

Живееме на територија каде владее право – НЕправо. Таму каде што може пензионерка да извади 750 илјади евра а финансиска полиција, агенција за перње пари и комплетно Министерство на Пар-непар-Данска-Тевдовски да не реагира (како му се чини од оваа перспектива Тевдовски на Ѓорчев?!).

 

Владее право – НЕправо, каде обвинети за рекет ладно си преформатираат телефони, па се бањаат у Грчка. Каде потерница од Интерпол не важи ни пет пари. Каде невладина рекетира пари повикувајки се на владата, Заев, Кирацовски, семејство Ременски, Јанева…

Живееме на територија каде вистината е НЕвистина. Тоа е територија каде владее лагата, која се прогласува за вистина. Каде секој лаже суши, па Тамара се збунила за строфите, Макпетрол немал доволно место на картата, Роштиљ рекетаирал, ама и тој бил рекетиран, ама ете сеуште не пријавил во обвинителство…

Живееме живот – НЕживот, каде окупаторот и крвникот поставува свои споменици, игра своја шота, на местата каде била пролеана МАКЕДОНСКА крв баш од сонародниците на тие поставувачи на споменици или танчери на шота!

 

Живееме – НЕживееме моменти каде Премиерот и Претседателот не смеат да изговорат збор МАКЕДОНИЈА, каде македонскиот Гебелс – Зоран Коко Бојаровски и македонскиот Берија – Марјан Забрчанец (инаку човек со неоформено средно образование), забрануваат на СИТЕ медиуми да објават снимка од скандирањето “северна“, “северна“… Ама пустото Инфомаксовскиот лудак “Мечка“ од Мечкин камен објави видео и аудио запис од  what’s really happened.

Како да почнеме да живееме живот – ЖИВОТ. Како да живееме живот во Република – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Како во Република Македонија да владее право – ПРАВО и ПРАВДА за СИТЕ ПОДЕДНАКВО?

Како?

ПОТРОШЕНИ КАДРИ

Може ли тоа со кадри во законодавниод дом кои се таму со децении, каде првото и последното и вкупното вработување му е Собрание на РМ? Кадри среднисти, баш како и Забрчанец?!

 

Може ли да се победи на избори, со кадри кои на последните локални не победија и во своите родени места?

 

Може ли промени да донесе Мира Дизел?! Кирацовски шваљерот и рекетарот? Може ли Фросина да донесе промени, покрај рекетот што со сопругот го упражњава?! Може ли Локвенец да донесе промени во корист на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

 

 

 

Илузорно е да очекуваш за правата на граѓаните и гласачите да се борат лингури какви што се кадрите на Стевчо Јакимовски, превртачите Панчо Минов и Чедомир Саздовски! Ги гласаше вмровското гласачко тело, сега тие гласаат во корист на сдсмовската политика и пропаганда. Таков политички мазохизам само од ВМРО ДПМНЕ може да се очекува.

 

Како од шефот на нивната партија, притвореникот Јакимовски, да очекуваш ново и инакво кадровско решение, кога во изборот заедно со Никола Груевски погрешија два-од-два, односно 100%. Како да се потпреш на кадровски решенија донесени од поранешниот лидер каде се избрани се‘ предавник до предавник, се‘ цвикатор до цвикатор: Емилија, Љубен, Крсто, Нола, Владанка, Камчевска, Сашо???!!!

 

МАЛИТЕ ПАРТИИ

Како да се поклони доверба на малите партии кога на Бачев носител на листа му бил Шамарлитико, #бојкотирам се невидливи а Солза&Палчо се бивши сдсмовски кадри?! Плус Солза излижа се што испоплука за бојкотирање на претседателските избори.

 

Би сакал да разјаснам една работа, за политичарите да не си мислат дека се ептен умни, а ние дека сисаме нафта. Избори во изборна година, значи во следната 2020-та, НЕ СЕ ВОНРЕДНИ односно предвремени, бидејки се во ИЗБОРНА ГОДИНА. Тие догодина, во април, јули или октомври, си се РЕДОВНИ.  Односно повторно, ВМРО ДПМНЕ не успева да се избори за предвремени парламентарни избори. Или, пак, уште една влада на СДСМ си истера цел мандат. Мандат полн со крадење (Латас тврди половина милијарда годишно крадат, значи 2 милијарди евра во цел мандат), рекет, дипломатски бламажи, лажење, понижување…

На Македонија и треба нова свежа политичка структура. Патриотска, националистичка, конзервативна, тврда и посветена.

 

ИМА ЛИ?

Има ли? Одговорот ми е: ИМА.

Сметам дека во идниот парламент, супер интелектуалци од типот на Росоклија или Каракамишева, млад нараштај како Ширков и Цветковски, робусни докажани патриоти како Нонковиќ и Пандов, новинари како Латас, Златев па дури и Геровски (денешната колумна повторно ја покажа минијатурната димензија на неговото бабуле), посветени врвни професионалци како Панчевски, до срж македонци и големи уметници како Дурловски или Марко Трпчевски, светски спортски ведети како Борко и Стојанче – можат да ја донесат МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА ПРОЛЕТ.

Да споредиме со постоечкиот состав, земете било кој од 120-те, било кој од мојов предлог е 100 пати бољи избор.

Овие што ги набројав, а има тука уште што сум испуштил, секој поединечно, или сите на куп, доколку се предлог на ВМРО ДПМНЕ ќе му донесат потребен број гласачи за да биде убедливо победен СДСМ.

Спротивно, доколку се на листи на помали партии, а такви понуди постојат, тогаш истиот тој број на гласови ќе му биде одземен на ВМРО ДПМНЕ. Бидејки ми е тешко да поверувам дека ако народот има да бира помеѓу судијата Владимир Панчевски од една страна и Трајко Славевски од спротивната, дека било што сем убедлива победа на судијата може да е исходот.

МИЦКОСКИ v.s. ЗАЕВ

Пораз на РЕДОВНИТЕ ИЗБОРИ за Христијан Мицкоски догодина Is Not An Option. Тоа, реално би било крај на неговата политичка кариера. Тешка ќе е судбината на ВМРО ДПМНЕ и нивните раководни кадри ако уште 4 години се во опозиција. ВМРО ДПМНЕ нема победа на избори од декември 2016-та. И таа беше Пирова победа. Значи, догодина тоа ќе бидат 4 години со порази.

Пораз на РЕДОВНИТЕ ИЗБОРИ догодина не е опција и за Зоран Заев, ИАКО ЦЕЛАТА НАЦИЈА ЈА ПОСАКУВА. Не е опција, оти тоа ќе значи не само збогување со власта, ами и долгогодишно збогување со слободата, ШТО ЦЕЛАТА НАЦИЈА ПОСАКУВА.

Догодина изборите за еден ќе се Ватерло. Ќе мора да си замине на Св. Хелана до крајот на својот живот.

Затоа, покрај меѓународната поддршка и гласовите од албанците, сепак најважни се гласовите на МАКЕДОНЦИТЕ. И Заев и Мицковски ќе бидат најзаслужни ако триумфираат, ама и највинови ако загубат. Велам, од Ватерло (избори), на Св. Хелена (затвор за Заев или крај на политичка кариера на Мицкоски).

Што значи дека кадровските решенија, односно политичкиот кастинг, ќе се директно нивна одговорност.  Лошиот кастинг, катастрофалниот избор на кадри за изборите 2016-та, Никола Груевски го чинеа изгнанство на маџарската Елба (пак Наполеон, ама после поразот од Русија), островот Маргетсигет. Затоа, памет во глава.

Обединета опозиција, без истрошени кадри, без лажни величини, без лечење комплекси, без ножиња во грб, без вечити парламентарци – ДОНЕСУВА ГОЛЕМА ПОБЕДА НАД ЗОРАН ЗАЕВ.

 

А ШТО Е БЕ СО ТЕБЕ КОЗАРУ, КУЧКАРУ, БРАДОСАН, КОСОСАН, СТОМАКЛИЈА, ХЕДОНИСТУ?

Па, прво и основно, јас не сум абдал како  Биљана Ванковска да заради лајкови си помислам дека ќе станам претседател на држава!

Исто така, не сум идиот како неа, па да менувам ставови, политички страни, изјави зависно од лукративниот (монетарен) моменат.

Сакам да помогнам на својата држава и своите сограѓани во границите на моите можности. Имам токмак дома, на пример.

Единствена “државна“ служба сум имал во СФРЈ, како новинар во РТС (сега МРТВ). Во оваа нова држава, во последниве три децении не сум имал државна работа, платен телефон, дизел за точење, функција, секретарка, шофер, потпис во кафана, бодигард(и), Управен одбор, тендер, грант, фонд за иновации, пари од зетот на Фијат, помош од обвинител(ка), плата (од Канал 5 или Алфа), донација од невладина…

Тој мој CV, мислам дека ме квалификува како апсолутно неподмитлив, некорумпиран, докажан, изджрлив и посветен патриот и граѓанина на Македонија (Цела да е). За разлика од сите 120 пратеници во сегашниот парламентарен состав.

Дека за мене, а и многумина следната 2020-та е година на “Маратонци трче последњи круг“, е повеќе од јасно.

Како ќе го истрчам… Во друга прилика.

 

М. Неделковски

Скопје

06.08.19

09.41 ч.