КРАТКО, АМА УБИТАЧНО – Ст. Влахов – Мицов

КРАТКО, АМА УБИТАЧНО - Ст. Влахов - Мицов
  • НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА
    Илинденското востание било најмасовно во Битолскиот револуционерен округ. По
    поразот, во мај 1904 г. тогашните македонски лидери се собрале на конгрес.
    Османлиската власт го знаела местото на собирот и учесниците, па дури и најавила за
    тоа во вилаетскиот весник во Солун. Можела сите да ги ликвидира, но не го направила
    тоа, затоашто, по истрошените лидери од кои македонскиот народ се разочарал, можело
    да се јават нови и поопасни. Ете, зошто, власта ги оставила македонските челници да се
    тепаат и уништуваат меѓусебно, кое што тие и почнале да го прават во идните години.
    Од 1991 г. до денес партиските лидери се многу попаметни. Наместо да пукаат
    еден во друг, независно од имињата и партиските бои, заеднички пукаат врз
    македонскиот народ. Не се убиваат, дури не се стават во затвор, туку го убиваат
    народот. Барем 70 од сто од денешните затвореници се ситни крадци кој украл
    паричник, кој стока од продавница. Истовремено, големите криминалци се милионери или
    партиски лидери, или крупни бизнисмени, кои ги финансираат партиите. Па според тоа,
    заеднички управуваат со народот.
    ЗАТОА НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА:
    – Прво, дека Иванов, Груевски, Заев или кој било друг од функционерите ќе го
    брани било народот, било државата. Сите тие се подметнати фаци од надвор, од САД и
    нивното ѓубре ЕУ и целосно ги спроведуваат нивните наредби.
    – Второ, дека моментално има автентични македонски партии, кои се спремни да
    се борат за македонското име (идентитет) и против терористите и надворешните
    окупатори. Истото е и со пратениците во Собранието од тие партии лигуши и
    предавници.
    – Трето, дека алтернатива на СДСМ и ДПМНЕ можат да создадат истрошени
    партиски фаци со поткрепа на бизнисмени криминалци. Тие намерно ја компромитираат
    потребата од алтернатива за да го разочараат по кој знае по кој пат веќе, македонскиот
    народ, како што тоа успешно го направија со ГДОМ, Заедничка Македонија и.т.н. Кратко
    кажано, СЕ ШТО СЕ ОРГАНИЗИРА ПО ИНИЦИЈАТИВА НА СДСМ И ДПМНЕ, ЈАВНО
    ИЛИ ТАЈНО, Е НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ
    СПРОВОДНИЦИ НА ТУЃИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ.
    – Четврто, дека борците за Македонија ќе бидат од средините на македонските
    интелектуалци. Интелектуалците во најдобриот случај можат да пишуваат само колумни
    и да бидат стрелани за нив како на пример во минатото со Димо Хаџи Димов. Кој од
    вистинските македонски револуционери беше интелектуалец? Дали Гоце Делчев
    (офицер), дали Гимиџиите, Питу Гули, Сандански, Ќосето? Или пак пред нив Пулевски,
    дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп ГеоргиевБеровски?
    По симнуванјето на Тодор Живков во Бугарија, непретпазливо кажав преку
    државното радио дека државата може да стане нормална, само ако биде целосно
    разчистено со околу 15 илјади дотогашни функционери. Едвај останав жив, затоа што и
    тогашната наводна опозиција прокламираше мирна транзиција, без жртви.
    Тогаш Бугарија броеше 9 009 018 луѓе. Моментално таму живеат 5 230 000. Само во периодот
    2009-20017 (владите на Борисов) умреле 1 075 085 луѓе (според официјалната
    статистика), имигрирале повеќе од 2 милиони. Тоа е резултатот одмирнататранзиција.
    Тоа е слободада умираш тивко од глад, далеку од медиумите, т.е. да изчезнеш
    незабележливо.
    Слично е и во Македонија. Државата може да биде уништена, како и што се
    случува. Народот може да изумре или да имигрира, тоа не е проблем. За тоа медиумите
    не пишуваатни владините, ни опозициските (со исклучок на Дудинка – напомена од редакцијата). Ама ако терористот Села е претепан во собранието кога извршува Пуч против државата, тоа веќе е државен проблем. Иако во него (собранието) се веат странски знамиња и се пушта странска химна. Државен проблем е и кога државните институции не ги спречуваат во тоа.
    ПРОБЛЕМ ПАК НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е КОГА ДОЗВОЛИ ПАРТИИТЕ ДА ЈА УНИШТУВААТ
    ДРЖАВАТА.
    Од пред неколку години Македонија личи на човек болен од рак во напреднат
    стадиум. Мора итна и радикална операција, при која шансите за спас се не повеќе од 30-
    40 од сто. Во спротивно, без операцијауште малку агонија и дифинитиван крај. Попусто
    зборување и пишување. Владејачката тогаш ДПМНЕ ја одбра втората варијанта и
    резултатот го гледаме.
    ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, И НИЕ ГРАЃАНИТЕ СМЕ
    ВИНОВНИ, ДУРИ ПОВИНОВНИ ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ.
    КОЛКУ СЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ – ШЕПА ЛУЃЕ, КОИ УПРАВУВААТ СО 2 МИЛИОНИ? АМА ТИЕ ИМАЛЕ РЕПРЕСИВНИ ОРГАНИ, ПОЛИЦИЈА, СУДИИ, ВОЈСКА. ПА НЕЛИ ЛУЃЕТО ВО ТИЕ ОРГАНИ СЕ КАКО НАС ОБИЧНИГРАЃАНИ (БЕЗ НАЧАЛНИЦИТЕ)? Што може Спасовски со неколку
    началници, ако полицајците откажат да ги тепаат граѓаните? Што може Иванов, ако
    војниците откажат да бидат окупатори на странски земји како орудија на НАТО?
    ЗНАЧИ НИЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ШЕПА ЛУЃЕ ДА НЕ МАЛТРЕТИРААТ И ДА НЕ УНИШТУВААТ ВО
    НАШЕ ИМЕ, А ПОТОА СЕ ЖАЛИМЕ. МЕЃУТОА, ТАА Е СТАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА
    МЕКЕДОНСКА БОЛЕСТ.
    Затоа чекаме некој друг или Господ да не спаси. Некој другјавна личност,
    партија, странска држава. Делчев ја гледал таа очајна потрага по лидери, затоа сакал да
    го направи македонскиот народ, лидерски народ. Народ во кој сите се лидери. Наместо
    да бараме спас во другиот, секој од нас да каже: Кој, ако не јас? Кога, ако не сега?
    Нашата работа никогаш нема да биде завршена во наш интерес и како што
    сакаме, кога чекаме да ни ја завршат други. Секој се бори заради својот национален
    интерес и има шанси само тој, кој ризикува. Дилма Русеф во Бразил изгуби, затоа што
    немаше храброст да се бори. Ердоган, Мадуро, Дутерте имат шанси, затоа што се
    спремни да се борат до крај. И за личната и за државната кауза. Асад во Сирија ја
    печели војната не само заради поткрепата на Русија. Русија беше спремна да го поткрепи
    и Јанукович во Украина, ама тој избега без борба. За да бараш поткрепа од Голема сила
    се потребни две работи: да покажеш борбеност до последен здив и моменталните
    интереси на Русија и Кина да се совпаѓаат со твоите. Вториот услов кај нас го има
    (зачувување на македонската држава и идентитет), но го нема македонскиот Ердоган,
    Мадуро, Дутерте. Да не зборуваме за севернокорејскиот лидер Ким Ченун, кој може
    уште до крајот на август да го започне големиот светски пресврт, користејќи ги за мотив
    воените случувања на САД и Јужна Кореа од 21 до 31 август. Додека Русија и Кина се
    надмудруваат со Американците, Давид може смртоносно да удри на Голијат. Не врз
    островот Гујам или врз некој американски град, туку врз Сан Андреас или вулканот
    Јелоустоун.
    КОГА СЕ БРАНИ ДРЖАВА И ИМАШ СМРТЕН НЕПРИЈАТЕЛ И ЗАЛОГОТ
    МОРА ДА БИДЕ НАЈГОЛЕМ. ТОА НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ ПО ЕПОХАТА НА ЦАРОТ
    САМУИЛ СМЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ И ДОСЕГА НИКАКО ДА СЕ ОПАМЕТИМЕ.
    Стефан Влахов-Мицов
    Ден Преображенје, 19 август 2017 година