Војникот Касем Сулејмани

Војникот Касем Сулејмани

 

Слушнав нешто од силната пропагандна машинерија на САД во
објаснувањето на одлуката за убиството на Генерал Касем Сулејмани кое се фокусираше не само на неговите минати дејствија претставувајќи ги во негативна конотација, туку и инсистираше дека целта на нападот била да се спречи.
Генералот Сулејмани, се вели во изјавата на Пентагон „активно развиваше планови за напад врз американски дипломати и членови на службата во Ирак и целиот регион“.
Реакцијата на Пентагон ме потсетува на еден епитаф на гроб во едно
мало холандско гратче на кој пишува – мртвите не се тепаат но живите
имаат поинаков темперамент“. Лагите на САД повеќе не минуваат. Од
најкомпетентно место се запознав со личноста на Генерал Касем
Сулејмани. И не е претерано ако кажам дека станува збор за личност од историско значење налик на големиот македонски војсководец
Александар Македонски кој воспостави трајни врски меѓу Македонија и Персија, денешен Иран, а кои, за жал, речиси се непознати во
Македонија оти за марионетските власти во Македонија во изминатите
30 години светот завршува до Брисел и Вашингтон.
Имав ексклузивна можност да се запознам со тестаментот на
легендарниот ирански генерал Касем Сулејмани. Станува збор за скромен човек со високи морални принципи и погледи за човештвото.
Неговите моќни зборови во тестаментот не ве оставаат рамнодушен:
„Драга моја сопруго, јас го имам забележано мојот гроб во гробиштата на мачениците во Керман. Махмуд знае. Мојот гроб треба да биде скромен.
Како моите пријатели маченици, над гробот да пишува ВОЈНИК Касем
Сулејмани а не ДРУГИ ТИТУЛИ“.
Тестаментот на Генерал Касем Сулејмани.
Поведението на Генерал Касем Сулејмани во однос на глобалните
процеси и своите војници е класика за еден војсководец. Секогаш бил во
некој исконски однос со своите војници што го надминува вообичаениот шаблон – старешина и војник. Неговиот придонес, знаење и храброст се немерливи во случувањата во Сирија и Ирак и поразот на терористичките и ектремистички организации.
Но, истовремено, Генерал Касем Сулејмани е човек и со силно
политичко влијание кој целиот живот го ставил во служба на интересите на својата Татковина и светскиот мир борејќи се секој да биде свој на своето без странско мешање и окупација со почитување на принципите на политичката независност на државите и немешање во внатрешните
работи. Од најмлади години го красела правдољубивоста и
рамноправноста на народите без оглед дали се мали или големи. Тогаш
војсководецот станува и дипломат и миротворец кој го разбира светот
како поле за културен натпревар меѓу народите.
Невнимателниот и опасен чекор на САД со убиството на Генерал Касем
Сулејмани дава најмалку четири пораки:
Прво, империјализмот на САД е во криза и по се изгледа потребна му е
војна откако гледаат дека се непожелни во регионот, особено после неколкуте заеднички проекти на Техеран, Москва и Пекинг. После
заедничката поморска соработка на овие три земји командантот на
иранската морнарица Адмирал Хосеин Канзади изјави дека „ерата на
агресија и упад на американските сили заврши и тие треба постепено да
го напуштаат регионот“.
Второ, за првпат по Втората светска војна видовме храбра држава која
изврши воен напад врз САД (иранскиот ракетен напад врз американски цели само по себе е напад на САД) одлучно бранејќи ги своите национални интереси. Вреди да се спомне што Иран го нападна САД согласно меѓународното право оти претходно го извести Ирак за нападот на американски цели на негова територија. Дојде потврдата на светската сцена дека има држави кои повеќе не му се плашат на САД што е големо охрабрување и за други држави. Досега беше незамисливо некој воено да му одговори на САД. Унилатерализмот на САД се заменува со мултилатерализмот каде моќта во меѓународните односи ќе балансира
меѓу повеќе центри на моќ. Овој драматичен пресврт на светската сцена ќе се мери според Генерал Касем Сулејмани. Во секое зло, добро!
Трето, ниту едно разумно суштество на планетата не може да поверува
дека еден човек/држава може да го владее светот. Доколку се појавува
тенденција во оваа насока доведува до војни без крај, а поради
огромната популација, далечината и разновидноста на земјите и
религиите, како и поради природната склоност на човечките суштества
да се караат, ниту еден човек не ќе може да ги задуши.
Чеврто, убиството на Генерал Касем Сулејмани е кршење на
меѓународното право. Генералот Сулејмани е убиен во својство на
дипломатски службеник на Иран кој ужива имунитет и привилегии
согласно меѓународното право. Извршено е убиство на службеник на
држава членка на Обединетите нации од страна на држава членка на ОН на територијата на трета држва членка на ОН што е прекршување на
Повелбата на Обединетите нации.
За крај, збор – два за иранско-македонските односи.
Бележат ниско ниво на соработка во секој поглед – на економски, трговски културен, туристички…план иако има потенцијал за многу повеќе, но, што може да се очекува од марионетска власт во Скопје купена и контролирана од странски центар. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, драстично ќе ја промени оваа поразителна состојба оти за нас светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Иднината на светот е во соработка со Русија, Кина, Иран кои уште од самиот почеток ја признаа Република Македонија под уставното име.
Сосема за крај, Генерал Касим Сулејмани е национален херој и маченик за иранскиот народ и многу пошироко и без него Блискиот исток ќе гледаше како се виорат црни знамиња низ целиот регион.
Нека е вечна славата на војникот – маченик Касем Сулејмани и неговата
борба за свет во кој ќе се почитуваат традиционалните вредности,
националниот и религиски идентитет на нациите ослобободени од туѓи влијанија и рушење на глобализмот како големо зло на денешницата.
д-р Јанко Бачев, професор по меѓународно право и претседател на
Единствена Македонија.
15.01.20