БОБАН

БОБАН

Знаете кои се т.н. „Тврдокорни“? Знаете барем еден од таа т.н. „организација“, која само виртуелно е позната со повици на социјалните мрежи?

Никој не знае!

И така сите како телиња ќе одите на т.н. „протест за аболиција на патриотите од собраниските настани од 27. април“, организиран од за никого непозната организација?

Речиси сите од обвинетите патриоти за собраниските настани се од некоја од нам добропознатите Македонски патриотски здруженија (МПЗ). И не се сети никој од МПЗ „Андон Лазов Ќосето“, како најбројно патриотско здружение да организира ваков протест? Или од македонското крило во МПЗ „Тодор Александров“, кое на сите ни е добро познато?

Драги пријатели.
Ќе ми поверувате ако ви кажам дека т.н. „Тврдокорни“ е фантомска организација зад која стојат Оливер Спасовски и Магдалена Несторовска, водечкиот СДС-двоец во Министерството за внатрешни работи! Дека меша прсти и Стојанче Ангелов, како и некои од телохранителите на Зоран Заев што се уште се претставуваат како „ветерани на ВМРО“?
Дека на т.н. „Тврдокорни“ им се сошиени униформи во „Тетекс“-Тетово со кои дел од нив треба да испарадираат и да уплашат народ, т.е. да се види дека патриотите се пара-воено или пара-полициска организација кои не само што не треба да ги алиме, туку и да се згнасиме сите од нив.

И сега ќе речете: „Леле, Бобан е против патриотите и сака да ги уништи протестите за нивна поддршка!“.
А, се сеќавате кој прв започна кампања за помош на нашите браќа, патриоти од собраниските настани на 27. април? Кој побара финансиски да им се помогне на Горан Ангелов и Илија Славевски од МПЗ „Ќосето“ од Велес, како и на сите останати што се обвинети? Кој побара претседателот Иванов да им даде аболиција на сите обвинети во тој случај?

Ако не се сеќавате, тоа бев јас!

Затоа, иако ми е последен ден во мојата Македонија, јас нема да учествувам на денешната фингерајка на СДС преку т.н. „Тврдокорни“. Кој сака, бујрум, ама после да нема каење и неверица што се случило.

Мое е да го кажам ова што го знам. А, ќе ве потсетам дека „Тврдокорните“ се обидоа да му ја одземат протестирачката енергија на македонскиот народ (т.е. да ја изгомненат идејата за масовни протести) и пред да се случи „За заедничка Македонија“ (кое за жал заврши горе-долу слично), но тогаш за среќа не успеаја.

Сега, кога е веќе зовриено кај македонскиот народ и кога повторно му се враќа енергијата за одбрана на татковината, подземните комуњарско-разузнавачки структури имаат „златна шанса“ да го уништат со фингерајка на непостоечките „Тврдокорни“.

Ваш е изборот!

Јас го направив, а тоа е дека ќе ги поддржувам до крајот на животот сите македонски патриоти, кои ги сметам за собраќа, но кога некој јавно, јасно и ачик, со отворени идеи и размислувања ќе побараат да се оргнизираме и да се спротивставиме на злото кое надвисна над нашата жална Македонија!