ПАДАЈ СИЛО И НЕПРАВДО

ПАДАЈ СИЛО И НЕПРАВДО

Ете така, понекогаш, човек има потреба да закочи, да паркира барем за момент и да погледне лево – десно. Да се праша на прав пат ли сум?

Се сметам себе си за исклучително самокртичен и човек што има огромна самоконтрола. Тоа од време на време бара самопреиспитување, но бара и проверка надвор од сопствените 4 ѕида. Бара да се оттргнеш од своет огледалце што ти вели дека си најдобар (убав) на светот.

Тоа важи за нормален народ што сака да слушне, да прими критика. За свезнајковци и слични абдали, ова не важи.

За жал кај нас, ама и во светот, доминантно владеат абдалите. Умислени кретени што мислат дека ја посисале целата мудрост на планетава. Тоа значи дека јас никогаш нема да владеам (а не ни сакам), но тоа ме прави среќен оти сум нормален жител на планетава. Човек, а не роб или абдал.

Па така, во моментите кога имав потреба да одсуствувам заради некои лични реогранизации (ништо страшно, ама треба време и работа), а и кога требаше да бидам на пат (приватно), решив да направам проверка на она што го работам. Дали е тоа важно за луѓето, дали е тоа влијателно од моја страна, дали е потребно за обичниот народ, дали мојата работа се забележува, дали абдалите имаат проблем со моите пишувања, дали е патриотски, националистички, родољубиво…

И затоа, истовремено ги исклучив моите два профила, фан страната и Дудинка.

Значи, никаква началничка, ФБ правила, хакери, наредби од партија, закани или било што ви текнало во овие 3-4 дена не е причината.

Причината е дека сакав да видам кај сум и кој сум. Во моментов, секако.

Планот ми беше ова да трае до сабота сабајле (05.05.18), но резултатите на половина од патот ми кажаа се‘, па немаше потреба од понатамошно самоизмачување. Оти, ако ништо друго, установив дека сум апсолутен зависник од ФБ. Но, установив дека такви “исто-зависници“ ги има “мал милион“. И дека таму оди иднината на медиумите, информирањето, комуникацијата, битката за популарност и битката за гласови.

Се заблагодарувам на огромниот број луѓе што ме контактираа посредно и непосредно. На Вибер, Сигнал, Вотс ап, Телеграм, Твитер, Инстаграм, меил, телефон… Многу добрнамерници, но и оние спротивно од тоа, беа цели во прашалници – што се дешава. Разни теории на заговор, па црни мисли за тажна судбина… Се она во стил: во затвор е, го уапсија, избега со парите кај децата во Америка, го киднапираа, избега во Русија, во Република Српска е, во Јужна Америка е отиден… И се така, до бескрај.

Благодарам на сите што ми се обратија со прашањето “а бе што стана“ на бензиски, патарни, кафани, самопослуги, паркинг, улица, продавница… Благодарам и на “Двете Партии“ што индиректно, преку емисари, се распрашуваа за “what about you“.

Благодарам на сите во Македонија и на огромниот број луѓе преку океаните и источно и западно.

И, секако, благодарам на неколкумината најблиски колеги.

Установив дека работата што ја работам, каде сам стојам и инсистрам на професионалност и ненаклонетост, во моментите кога партиите инсистираат новинарите да се навивачи, е повеќе од потребна. Установив дека титканите емисии, кои потоа преминаа во забранети емисии, па на крајот да станат забранети настапи на две телевизии – апослутно не влијалеле на мојата популарност, иако емисиите сега ги емитувам “само“ на Јутјуб. Потребен е барем еден, па макар и мал како Дудинка, медиум кој зборува поинаку од Плусинфо, Либертас, Курир, Република, режимските телевизии и исто таквите весници. Една слободарска искра е доволна, а тоа мало пламенче љубоморно го чувам и оддржувам. Заради народот и заради мене. Тоа мало пламенче е постојано атакувано од ветришта, бури, дождови, олуји со цел да биде изгаснато. Ама ете јас, и сите мои поддржувачи на кои им неодстасуваше мојот ФБ и Дудинка, љубоморно не даваме да се изгасне. И, се додека има барем една таква искра, постои можноста од огромен пожар што ќе ги пеплоса сите душмани на овој народ и држава. На народот му е потребна надеж и информација. Права информација и анализа, а не партиски памфлет. Информацијата и надежта се малата искра, малото пламенче што ќе направи епски пожар што согори се пред себе, за овој народ и држава повторно да изнинке ко Феникс од пепелта.

На прав пат сум. И таму останувам. Главен таргет ми се сите анти Македонски дејанија. Не ме интерсира од која партија, функција или дипломатија доаѓаат  тие дејанија. Јас ќе мавам. Немам грб, немам финасиер, немам поддршка ОД НИКОГО. Само од народот. Оваа моја работа е од народ, за народ.

Опортунистите ги оставам со задоволството кај мене да го прочитаат она што сакаат да го направат (или напишат), ама не можат. Јер, СРЦЕ ОЧЕ, АЛИ ДУПЕ КЛОКОЧЕ.

 

Миленко Неделковски

во Прво мајско расположение. 30.04.2018 – Скопје. 21/35 ч.

 

Падај сило и неправдо.