Мицковски ќе повика ли на ОПШТОНАРОДНИ ПРОТЕСТИ

Господине Мицковски,

лично ни ве знам, ни ве познавам. Не сум член на Вашата, ниту било која друга партија.

Симпатизер сум и гласач на Вашата партија. До гроба сум поддржувач на идеалите на ВМРО.

Во време на СЕНАРОДОНО разочарување од Вашиот предходник, од сегашниот Претседател на државата (кадар на Вашиот предходник), од Вашата пратеничка група, од Вашиот ИК што денес ќе го промените (освежите), од Вашите поранешни министри (како Јолевски, Поповски и сл.), од Вашите коалициони партнери како Амди Бајрам, Стевче Јакимовски (читај: Чедо Саздовски), од поразот на локалниите избори кој голем дел е Ваша вина затоа што бевте Генерален (моторна сила) секретар на партијата – ДА ВЕ ПРАШАМ:

ЌЕ ПОВИКАТЕ ЛИ НА СЕНАРОДНИ ПРОТЕСТИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА?

Ќе покажете ли дека не сте дел од оваа анти-Македонска завера? Ќе покажете ли дека сакате и знаете да го водите овој народ? Или ќе се стопите во сивилото што во ВМРО ДПМНЕ доминира во последните три-и-кусур години? Ќе покажете ли дека сте со народот, а не со Бејли?

Или, ќе бидете машка Силвана Бонева?