Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА
  • УРАГАНОТ МАКЕДОНИЈА ЈА ЗБРИШАЛ ХИЛАРИ!
    А никој во окупирана Македонија не ни јавува ваква ексклузивна вест. Ем не доаѓа
    од ,,непријателска,, Русија, да речеш, ами директно од ,,стратешката ни партнерка,,
    Америка. Ќе помисли некоја богати дека сме ја ставиле под санкции, па сме и увеле
    цензура. Или СС хер Бејли ја наредил.
    Хилари Клинтон, председател на САД кој требаше да протрча формално на
    ланските избори оти сите ,,угледни,, фактори како јасновидци, поточно како
    издресирани мулиња, тврдеа дека речиси сто отсто таа ќе победи аутсајдер и
    маргиналец како Доналд Трамп, ѓоа напишала книга со наслов ШТО СЕ СЛУЧИ. Две
    недели траеше промотивната кампања со ударни или скокотливи извадоци кои трбаше
    да ја шиткаат стоката преку главните медиуми. Во тие две недели откривање на
    скокотливи ,,еротски,, детали од интимата на дотичната Хилари, Македонија, поточно
    македонските хакери, беа едни од најчесто спомнуваните виновници за поразот на
    Клинтонка. Дури почесто и од фамозната Русија и Путин. Со Хилари се заебаваше кој
    стигна и сите и одговараа со македонските ,,контент фармери,, или во превод со
    фабриките за производство на лажни вести или срање информации. Ние имаме
    искуство со такви фабрики кои никнаа во времето на Владо Бучковски. Во нив работеа
    медиумски угледни ,,фармери,, како Бранко Геро и жената му. Тој вид на новинарство
    цутеше, а сега целосно го владее медиумскиот простор во Македонија, благодарение на
    газда Сорос, неговиот голем евнух и зомби гуру Владе Милчин и Џес Бејли. Но, тоа
    нема никаква врска со трагедијата на Хилари и нејзината пропаст на изборите. Како и
    да е, заради обвиненијата на Клинтоница, Македонија е прогласена за убиствен ураган,
    а велешките хакери за вонсериски генијалци, врвен извозен бренд за подготовка,
    организација и водење политички изборни кампањи кои ќе бидат ангажирани дури и на
    руските претседателски избори.
    Оној Срѓа Поповиќ може сега да јаде гомна со своите производи ,,отпор,, шарени
    револуции, анархисти, антифи и слични лајнарии за зомби заедниците наспроти
    ,,контент фармерите,,. Револуциите напросто издишаа. Се презасити пазарот од
    празноглав наакан шкарт. Да биде се уште посмешно, пазарно ориентираните грингоси
    мислат дека во Македонија, во која хакерите, додека грицкаат семки пред селски гранап
    и пеат антички песни (опис на Мајк Дајсм еден британски коменсдијант) и ја украле
    проектираната сигурна победа, сигурно сега планираат како Македонија да ја претворат
    во светска хит туристичка дестинација. Оти нели, кој на планетава не сака да го посети
    местото кое ја порази најсигурната победничка во историјата на било кои избори,
    особено зашто тоа беа избори во најпосебната држава на светот која си игра дрндупки
    со цела планета и седум милјарди човеци од машки и женски пол. Велат, модерна
    Македонија ќе стане и модерно светилиште за човрштвото зашто ја спаси планетава од
    чудовиште како Хилари. Жената која се чуди што и се случило, и за тоа ги обвинува
    сите на светов, не се сеќава само на сосптвената монструозна, ментално нездрава изјава
    со која го поздрави ѕверското убиство на Моамер ел Гадафи и растурањето на Либија:
  • ДОЈДОВМЕ ВИДОВМЕ- МРТОВ Е! Во нормално општество само таа изјава е доволна
    гласачите да ве чкртнат на избори. Ама во САД тоа не е така. Оти таму се бре сите
    спеацијални и многу држат до коректен говор.
    Значи, ако навистина македонските хакери и запржиле каша, ќе речам браво момци,
    јуначишта! Ни напишавте една убава, светла страница на националната историја. Во
    минатото со атентати а сега со интернет. Ако пак женава забегала од што е тешко
    нарушена, да не речам штрапана во умот, па си бара виновници за сопствениот слаб
    капацитет и ја нанишанила Македонија за клинтон – цијашка прчија, нека и служи како
    утеха дека не стигна нејзината казна. Нејзиниот службеник Бејли совршено ни се свети
    за нјзиниот пораз. На ураганот Македонија со преврат му испрати шарени апашишта и
    гангстери на чело со бај Црпко и дона Бонбона со намера да пљачкаат поплавен, во
    мрак потонат и обезвластен терен. Но, сепак секое лошо е за добро. Само ако нашиве
    таленти за претприемаштво, економски промотори решат да ја штикаат Македонија
    како ,,ин,, ТУРИСТИЧКО-РЕЛИГИОЗНО ПОЛИТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА спосбна да
    организира победи и порази од секој калибар и секаде на светот. Македонија тајмлес и
    прајслес има да се полни со пари ко брод. Ќе штитка храна со имиња како ,, нотинг
    бургер Хилари,, ,, сифилис Бил,, па ,,Подеста педофил пица,, ,,прпл џендер грицки,,
    ,,мочам седејќи – серам стоејќи,, снек пакети и се некои такви антички манџи со
    американски прогресивен шмек. Море, сакаш сувенири со пригодни фаци и слогани,
    сакаш разгледници, знаменца ташачиња, шарени балончиња и останати зомби
    револционерни матракуки. Сликање или фотосешнс со членовите на македонската
    зомби заедница. Угледници како најче, Тричко, Сашо ,,брицо,, лорд Боки од 13-ка,
    Фрле-брле и слични ,,пуси ријот,, фаци, фигурки од гипс со ѓоа златна газура со торзото
    на Бејли или Филип Рикер.
    Леле, значи, леле мори мајко мила! Што туризм ќе се развие, што курташачење и
    заебанции ќе паѓаат! На Бит пазар и Шутка мол. Ќе ни оздравее нацијата од депресија
    и апатија. За буџетот ми е де! Кога може Хилари да се шитка за 3 илјади канадски
    долари за да ја виделе у живо и да се кадросале со неа, оти пак ние да не се шиткаме
    како култно место од кое дотичната ги загубила претседателските избори а кои таа сто
    посто ги ,,доби,, една година порано со нашата шарено револуционерно –
    хиларистичка ,,демократска,, секта.