Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА

Хунтата на Црпко му крена споменик на Миленко

Како ќе знаете дека силникот, диктаторот, поробувачот, колонизаторот, тоталитарецот, фашистот, терористот, хунтата, квислингот ја загубиле војната, иако таа формално се уште трае? Просто. Според манифестацијата на стравот на хунтистот. Како се манифестира тој? Па така што почнува да се лечи со асиметрична примена на сила врз малкумина издвоени, избрани, пикирани како потенцијални предводници или кредибилни гласноговорници на мнозинското расположение. Колку е поголем стравот од народот,  толку е пожестока и поспектакуларна јавната егзекуција на поединци. Очекувањата се преку џандарско – судскиот ритуал да се деморализира и скроти масата простосмртни и безсилни луѓе. Стравот на насилникот е толку голем што му го блокира целосно умот па тој не може да согледа дека со ваквото однесување и акции, си го трасира патот до поразот и сопствената ликвидација. Демек, самиот си копа гроб. Имено, силеџиството врз противникот кој е избраник на народот, од жртвата прави секогаш маченик, јунак, односно, икона која јас ја нарекувам морален столб или историски маркер. За векутума во меморијата на човештвото останаа индивидуите кои се спротивставиле на ,,богови,, и властодршци. Од Гилгамеш до Херакле и Прометеј, од Христос преку Че Гевара, Аљенде, Виктор Хара, Патрис Лумумба, Даг Хамаршалд, Јан Палах до Асанж и Сноуден, од Карпош до Гоце Делчев, Гемиџиите, од Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански, Ѓорче Петров до Ќосето, од Мирче Ацев, Коле Неделковски, Мирка Гинова до Методиј Андонов Ченто…

Кој да се надева дека глупите курсисти на ЦИА и трабантите на ЕУ и НАТО во Македонија експресно ќе го закитат со безвремено одличие и ќе му ја напишат јуначката биографија на Миленко Неделковски додека е жив. Еј бре кленови! Глупандери ем дебили! Не додржавте ни десет дена откако Македонците ви го рокнаа троглавиот референдум, сторивте се да го затворите единственото медиумско прозорче на слободата ДУДИНКА. Нема ни три недели од црната за вас, а света и светла за нас Недела, и баш решивте Миленкота со џандари да го приведете на распит пред збир иследници  на хунтата поставена од Бејли. Му се заканувал на Зајкота од Муртино!? Како? Па напишал дека црпкава ќе летала за Мостар. Миленко, разбира се не е талентиран прозаист како Тричковски ( ментално-естетска реинкарнација на Мане Мачков) и не знае да пишува високоестетски садо-терористички закани кои се омилена литература на заевистичките обвинители. А и од друга поетско-философска школа е. Миленко припаѓа на македонскиот правец на хаику изразот илити асоциативно-симболичната басна (фатум, клетва) во која главната поента е воспитна. Аналогно, поетот – раскажувач Неделковски само го потсетил Црпко и неговите ГМО следбеници на стихот од народната песна ,,земјо македонска, уважавам те,,. Тој гласи ,,кој душман ќе влезе, жив нема да излезе, ти го клаваш в гроб,,. И да ги праша човек овие од обвинителството на окупационата багра со која памет и со какви докази ќе го претстават својот случај во некоја ,,кацарска,, судница, а да не ја распостелат јавно на увид  сопствената ,,катица – смоквица,,(кенгурска) интелигенција? Зошто нив било кој авионски лет за Мостар ги асоцира на ,,авионска несреќа,, односно, на успешен атентат, планиран и координиран од поставувачот на хунти, изведувачот на преврати и нарачателот на атентати кој македонските ѓоа политичари  упорно го именуваат како наш стратешки партнер и единствена опција? Баш ме интересира како ќе докажат дека Миленко мислел на авионаска несреќа,  а не да речеме на фин ем невин туристички лет до историско место?

Да подвлечам: Миленко, како културен човек од Дебар маало, на своите џелати би требало да им искаже благодарност  на високоестетски, цивилизиран дебармаалски начин со напрчен среден прст на зелена срча позадина која дешифрирано се чита како ,,сполај ви ропаци што ми го подигнавте паметникот,,. Црпко од Муртино, Али Ахмети со својата мафијашко-арнаутска банда, вошките и пицајзлите од политичките куплераи и профитерските судско-експертутско-медиумски хорди, по победата на Македонците на 30 септември со цела жестина го манифестираа својот страв од народната волја.  Колку пожестоко ќе го тероризираат, ќе го зголемуваат гневот на македонскиот народ. Колку посилно ќе насилничат врз него, толку поуспешно ќе се организира и ќе дејствува народот.  Сакам да кажам, ќе го папате бе беспоштедно и колективно и индивидуално! Ни вам ни нам не ни бега лустрација и на земја и под неа. Вие со вашата ,,лустрација,, произведувате маченици, народни херои, епски јунаци, а народот со својата пресуда ги ,,наградува,, своите јуди со вечна клетва. Фараонски кажано: ,,Така е пишано! Така ќе биде!,,

Ај сиктер копита!

М.Велиновска