ЗОШТО СРБИТЕ ЈА НАПУШТИЈА АМБАСАДАТА?

Дипломатски скандал од невдени размери е повекувањето на севкупниот персонал на амбасадата на пријателска Србија од Македонија.

Во историјата на дипломатиите во светот ова се случувало само кога имало објавување на војна. И за ниту една друга причина.

Што ги натерало србите на овој потег.

Пред малку, во доцните часови на 20-ти, Министерот за надворешни на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека се ќе каже на утрешната прес конференција. Српската амбасадорка немаше дозвола да каже било што.

Српската амбасада во Скопје во моментов е затворена, а населбата Водно е под “окупација“ на многубројни припадници на безбедносните сили на Македонија.

Значи, што е работата?! Знае ли ВМРО ДПМНЕ и неговиот дипломатски тим за што се работи? Знае ли Иванов и неговиот кабинет предводен од Сииша еди-кој-си за што се работи? Знае ли Заев, и знае ли Димитров за што се работи?

Одговорот е едноставно НЕ. Не знаат.

Единствено Претседател-премиеро-лидер-на-(о)позиција Џес Бејли од кралскиот замок на Кале знае.

Што ги натерало србите за вака драматичен потег?!

Прво и основно, Вучиќ и Дачиќ се осведочија дека Зоран Заев е про-бугарско и про-албански лажов кој се што им вети на српските политичари, се ги излажа.

Да појаснам.

Косово од петни жили се труди да стане полноправна членка на УНЕСКО. Македонските политичари кои ги направија мега погрешните потези на штета на Македонија, какви што беа приемот на бегалците, амнестија за Хашките случаи и признавањето на Косово, уште од лани се решени да дадат поддршка за влез на Косово во УНЕСКО. Лани, во Париз нашиот претсавник, амбасадорот Агрон Буџаку, гласаше за прием на Косово. Тоа Буџаку го направи како албанец од се срце, но ја имаше и одлуката на Владата на Република Македонија.

Косово тогаш изиси. Немаше доволно гласови.  А Србија се соочи со вистината да нивните православни браќа и соседи (односно со сосед) Македонија и Грција гласаа против неа. Македонија гласаше за прием, Грција беше воздржана. Во секој случај православните браќа гласаа во корист на муслиманските соседи.

Зошто е важно УНЕСКО за косоварите и за србите? Јасно е дека е тоа заради српските манастири, цркви и градби. На косово, вака така сеуште живеат над 100.000 срби во неколкуте енклави. За србите Косовската битка, Газиместан, 1181 цркви и 113 манастири се нивна историја и идентитет, што со влегувањето на Косово во УНЕСКО сметаат дека ќе биде избришан. На списокот  на УНЕСКО за заштита на светската баштина од Косово се:

  1. Високи Дечани
  2. Пећка патријаршија
  3. Богородица Љевишка
  4. Грачаница

По протоколите на Унеско, за влез на една држава во УНЕСКО мора да се дојде преку предлог од друга земја членка. Минатиот пат, при неуспехот Косово да стане членка, предлогот го даде Албанија.

Најголемиот албански поддржувач САД нема право да дава предлог оти им е одземено тоа право заради едно гласање поврзано со Израел и Палестина.

Следното гласање е во ноември на генералното собрание. Но, според протоколот, барање за прием на Косово треба некоја држава да поднесе до почетокот на септември.

Во меѓувреме од лани до сега, српската држава ја впрегна целата своја дипломатија за да бара сојузници низ светот што нема да гласаат за влезот на Косово. Ова србите толку сериозно го сфатија и изработеа што успеаја да наговорат и неколку муслимански земји да гласаат против Косово. Најјако е што за такво гласање ја убедија и најмногубројната муслиманска земја на светот Индонезија (255 милиони жители).  Ова на србите им успева затоа што не се откажаа од користењето на докторината на “Неврзаните“ створена од Тито и СФРЈ. Индонежаните ветиле дека ќе гласаат во корист на Србија, но се чуделе како тоа правславните срби бараат од муслиманите од Индонезија да ги поддржат да гласаат против муслиманите во Косово, а во исто време православните комшии Македонија и Грција не го прават тоа?!

Американците, кои стојат зад стратегијата за влез на Косово во УНЕСКО, морале да најдат “сојузник“ кој  ќе поднесе предлог. Како лани Албанија. Бидејки никој не сакал да влезе во компликации со давање предлог, изборот паднал тоа да го направи Македонија.

Македонија има тотално потчинета власт и опозиција. Впрочем сегашната опозиција лани гласаше во корист на Кососво а на штета на Србија. Џес Бејли ја има целата сегашна влада и опозиција под комплетна контрола. Џес Бејли е премиерот а не Заев. Хојт Ји е претседтелот на Македонија а не Иванов.

И така, Македонија преку Заев и Димитров ги спремила документите што во септември треба да бидат доставени до УНЕСКО, каде Македонија ќе бара прием на Косово во оваа светска организација.

Па така, Србија гледајки дека со Тиранската платформа и Бугарскиот договор комплетно ја губи битката на Балканот за превласт, разбира дека последниот удар ќе и биде зададен преку Македонија и македонската Влада. Односно преку Зоран Заев кој толку снисходливо му се извинуваше на Вучиќ во Брисел.

Значи, повлекувањето на комплетниот персонал на српската амбасада во Скопје е заради одлуката на оваа влада да достави предлог до УНЕСКО за прием на Косово.

Без разлика што незрелиот Дачиќ утре ќе соопшти, без разлика колку ќе ја навредува Македонија, без разлика дали ќе измислува нешто – ова е вистината.

Доколку Македонија не го повлече ова свое решени, следен чекор е блокада на границите. Па ние за Хрватска ќе патуваме преку Косово и Црна Гора, а србите за Грција преку Бугарија.

Војната кај Јапонското и Жолтото море е пред врата. Најновите воени вежби на САД и Ј. Кореа се како разгорен фитил. Ама и ние на Балканот го запаливме фитилот и дуваме во него за да се разгори посилно.

СДСШ и Заев со сигурност не втурнуваат во војна. Со соседите и православните браќа.

Интересно, Србија нема територијални претензии кон Македонија. Бугарија и Албанија со Косово имаат. А Заев токму со државата што нема територијални претензии кон нас го пали огнот.

А ние си мислевме дека само до името било?!

 

21.08.2017

 

02.18

 

Скопје