ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА
  • Америка откри што е тоа тероризам и кои се терористи
    Ете, и тоа го дочекавме. Прво некои европски морепловци финансирани од тогашните
    големи империи ја открија Америка. Потоа Америка го откри светот и реши да си го
    направи своја игрална, па така, разиграна, тргна да си прави човечиња кои ќе ги
    тренира да бидат терористи, па ќе ги вооружува и с‘ска каде сака, колку сака и како
    сака. Бидејќи сама плански ги произведуваше во ЦИА и нејзините погони, прогласи
    светски монопол на производството и извозот на секаков вид тероризам, нормално
    единствена на палнетава немаше дефиниција за тоа што е тероризам. Главно каде цел
    свет знаеше кои се и што се терористите, Вашингтон и Американците гледаа борци за
    демократија, човекови права, држ-ме-мајко-се-испосрав човекољупци, правдољупци,
    мирољупци. Нема врска што ,,љупциве,, и активисти отпораши редовно во името на
    љубовта колеа, палеа, измачуваа, резбареа, сиулуваа, рушеа, демек тероризира невин
    свет. Така беше до пред некој саат кога Доналд Трамп по седум месеци дозна што е тоа
    тероризам и кои се адресите кои ги исполнуваат условите да бидат именувани за
    терористи.
    Значи, што да ви расправам бе! Кога прочитав а богами и слушнав лично од Трамп кој
    се е опфатен со првата американска државна дефиниција за тероризам, ми дојдоа слози
    радосници на очи. Отиде курбан и Сорос и Срџа Поповиќ, УСАИД со се ЦИА, дип стејт
    и Антифа и ККК, па Блек лајф метер, десен сектор – лево маде, пуси заедниците и се
    некои такви зомби производи заедно со Ал каеда, Ал нусра, Исил и други дркотини.
    Само солзиве не ми капеа од радост за Америка. Плачев од радост за овде, кај нас во
    Македонија и добрососедска ни грчка, бугарска, српска ем косовско –албанска ни
    околина. А таман им тргна бе со Бејли и Хојт Ји. И бившиот директор на ЦИА. Во
    Македонија и буквално се разгаќија, а ете кај се ближи саатот Америте да ги гаѓаат, да
    бараат од државите да ги апсат и судат новопрогласените терористи. Посебно се
    израдував што акцентот новиот Вашингтон го става на леваците, активистите на
    Сорос и неговите Усаид филијали. На списокот што го спомна Трамп се грчките
    соросови дружини финансирани и од Германската влада и левичарските партии кои
    лани јуришаа на македонската граница среде произведената мигранска криза, дебело
    помогнати од македонаските соросоидно леви терористи – активисти. Турските таксим
    револуционери и евроатлантисти, украинските Џо Бајден и Вики Нуланд ,,слободњаци
    – западњаци,,, дури и хумористите од Шарли Абдо се тука. Тие, новите терористи се
    мислеа за борци за демократија, за правда со војна, па го славеа украинското сценарио
    за слобода и просперитет, а види каква карма ги начека. Е баш имаат курата среќа.
    Изгледа Куманово ќе им се деси. Оние терористите од УЧК од времето кога збунета
    Америка не знаеше што е борец за слобода а што терорист, ординарни убијци,
    мафијаши и психопати ги претвори во борци со книга во рака, па за слобода и
    човекови права. Такви нашминкани и накитени, ни ги трупна во државните
    институции. На таквите Македонија им плаќа рекет и ден денес.
    Таквите Никола Груевски со народните пратеници под закана ,,мораше,, да ги прифати за партнери во
    влада и да ги амнестира за сторени злосторства кои не застаруваат. Таквите со Зоран
    Заев во спонзорирана ѓоа револуција, ја растурија државата и ја направија
    терористичко дувло. За нив и крвавата ,,БОНБОНА БИЗНИС,, Радмила, македонска
    верзија на дона Имелда Маркос, за Мирослав Грчев, за дегенот Љубомир Фрчкоски,
    шупците Бранко Геровски, Сашо Ордановски, пролупаниот Бранко Тричковски и
    останати сега веќе и од официјален Вашингтон препознаени како терористи, следи
    обратен циклус: Почнаа како добри момци од цивилизираниот запад, а ќе завршат како
    терорисит за кои ќе се распишуваат меѓународни потерници. Важно и утешно за нив
    што ќе бидат ОСВЕТЛЕНИ РЕФЛЕКТОРСКИ како ,,УНАТЕД,,. Сакам да кажам де
    онаа пуста надеж за политичко емигрирање во Бриесел, Лондсон, Париз, Берлин или
    САД со бабачко сметки и багаж, некако се стенчи. А бидејќи што САД прави, ЕУ и
    НАТО следат, баш ќе видам каде ќе се склањаат. Знам дека мнозина го меркаат
    слободарско ем бесцаринско Дубаи.
    Ете, таму тукушто ја здрапа и вториот тајландски екс премиер(ка), ама некако брате тесно местово, а терористи во движење едно чудо на сите континенти. Ете, вистинска бежанија влдее и на Филипини каде се одвива најголемата генералка што ја има видено постмодерниов свет. Откако се откри дека
    семејството Маркос здиплило речиси илјада милјарди долари во златни прачки и дека
    златото го чуваат европски банки и трезори како Белгија, Британија, Франција и др.
    Откако беа откриени речиси сите лаборатории за производство и извоз на дрога на
    нарко картелот ЦИА, па по укебаната бродска пратка тешка 1 милјарда долари,
    откриена и уништена најголемата фабрика за емфетамин во близина на Манила со
    спакувано производство тешко 5 милјарди долари. Паѓаат еден по еден сенатори,
    конгресмени, градоначалници, судии и други типчиња. До таму стигна работава што
    западниве евроцијашки мобстери почнаа да се закнуваат со Советот за безбесдност и
    некакви резолуции и казненни мерки. Доцна е дечки! Фронтов за борба со тероризмот
    се окрупни со сега директно нападнатата Америка. И таа дозна што е тоа тероризам.
    Оти и ЦИА и Сорос им се дома. Белким конечно набрзо ќе разбере и кој и зошто толку
    долго ја напаѓа Венецуела и ќе почне слободно, без холивудска индоктринација да
    разликува што е тоа идеолошака и политичка левица а што цијашки и соросоиден
    мафијашки фингерај. Светот го дрмна снажен земјотрес. Афтершоковите како бранови
    ќе стигнат насекаде, па и во Македонија. И пази сега, карма! Јас и Дарко сме на суд со
    дечкиве кои се посочени како терористи леваци во списокот на групи кои потпаѓаат под
    дефиницијата за тероризам. Нивниот случај за оркестрираните мигрантски напади кон
    македонската граница се посебно посочени како пример. А тие не тужат за нарушена
    чеаст и углед зашто сме им ги објавувале адресите, идентитетот. Ќе ни бараат оштета,
    бе! Еј мори мајко моја мила! Чувствувам некако дека ќе биде вистинска калакурница и
    процесот и пресудите и крајниот ,,ауткам,,.
    М. Велиновска