ВАЛАНДОВО

ВАЛАНДОВО

ВМРО ДПМНЕ е единствениот политички и општествен субјект што Македонскиот народ го препознава како свој анкер. Нешто за што може да се врзе.

ВМРО ДПМНЕ, исто така, е единствениот политички и општествен субјект што може да го мотивира народот, што може да ја брани државата и нацијата, а со тоа и интересите на сите нас.

Затоа е и целиов напад, измислени “нови лидери“ и “групациии“. ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски не сакаат доброволно да одат во куќата на француската пудла Жан Моне, ниту пак сакаат да амнестираат било кого за “Диво насеље“. Времето на попуштање дојде до ниво, кога нема повеќе дупки на каишот за да се стега.

Од тука, морам да признам, нејасно ми е зошто ВМРО ДПМНЕ толку брза со вонредниот конгрес!

ВМРО ДПМНЕ е исклучително грамадна и сериозна партија. Таков и лидер има во моментов. Свикување конгрес набрзинка, не кореспондира со тие карактеристики.

На ВМРО ДПМНЕ во моментов, вака набрзинка, не му треба конгрес каде единствена точка ќе биде оставката на досегашниот и избор на идниот лидер на партијата. Ваквата одлука, во Валандово да се оддржи конгрес на 23-ти, донесе ситуација со лицитирање на кандидати според сопствени желби и промискуитет. Па така, се загушивме на ТВ, ФБ, портали од  “мој кандидат е овој“, “оној е само за лидер“ и слични избори според симпатии или женски чежњи.

Ваков краток, воедно и некритички период, дава можност своите амбиции да ги покажат, не дај боже и да ги остварат, најразлични пребези и превртачи кои смениле по 3-4 партии “враќајки се кон матичната“, соросоиди и болно амбициозни наполеончиња. Од друга страна, можеби овој потег е токму затоа! Да се извадат на површина тие ликови. Сликовита поговорка имаат црногорците за вакви прилики: ,,Не пада снијег да покрије бријег, него да свака звијер покаже свој траг ”.

Оваа партија, ваков конгрес требаше да закаже за април 2018-та.

Зошто?

Затоа што тоа ќе беше доволно време да бидат консултирани сите партиски органи и структури. Но, пред се и над се, БАЗАТА. Тоа ќе беше доволно време во месните комитети и општинските партиски центри да има дебата за повеќе теми: иднината на партијата, кандидатите за нов  лидер, промени и освежувања. Со 23-ти декември, вака како датум, таква можност нема. Со мојот предлог за април, секој кандидат, најанпред јавно ќе се декларираше дека се кандидира, а потоа секој од нив ќе можеше да се претстави себе си и својата визија во базата. Во името на ВМРО ДПМНЕ, еден од клучните зборови е ДЕМОКРАТСКА, па така ќе можеше демократијата да се практикува најдиректно.

Но, кога е веќе закажан конгресот, за кој пак за волја на вистината сеуште нема точки на дневен ред, тој треба да се искористи за други цели. Цели кои ќе доведат до зајакнување на разнишаната партија и нејзино експресно враќање на чело на државата.

Па така, како ја што гледам, на тој конгрес доколку Груевски поднесе неотповиклива оставка, делегатите можат да: 1. Не ја прифатат; и 2. Да ја прифатат, но да го задолжат Груевски да остане на чело на партјата до избор на нов (во април).

Ова е техникалија.

Многу по битно, овој конгрес може да утврди нов и кредибилен состав за конгресот каде ќе се бира нов лидер. Бидејки, како што пишув Александар Трајковски: “Дел од делегатите кои беа на последниот оддржан Конгрес, а треба да бидат и на вонредниот, согласно Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, изминатиот период работеа спротивно на програмските цели на партијата со што прекршија друг член од Статутот“.

Одговорноста, што Никола Груевски ја презема на себе ( се саможртвува), не е само негова. Туку е подеднакво и на ИК и на ЦК и на делегатитете. Менување само на главата, а да остане измореното и истоштено тело, нема да донесе радост од следен изборен успех.

Јасно е дека делегатите на секој конгрес, па така и на овој за избор на нов лидер треба да застапуваат ставови на членството на партијата од Општинскиот комитет од каде доаѓаат, а не да застапуваат свои лични интереси. 

Овој конгрес, на 23.12, треба да е (да се нарече) тематски или подготвителен или конгрес за иднината, каде ќе биде донесен: 1. Правилник за тоа како и кога се избираат и како ги претставуваат своите Општински комтети делегатите на конгресот; 2. Предлог за изменет статутот на партијата, бидејки годините кои се изминати и внатрепартиските случувања, покажаа  аномалии што треба да се отстранат.

Откако ова ќе се направи, дури тогаш конгрес, со кандидати за иден лидер што ќе си се кандидираат најмалку 30 дена пред одржувањето на конгресот.

Од друга “меџународна“ страна, тие 5 месеци ќе се доволни ВМРО ДПМНЕ да земе малку воздух, откако со серија удари во плексус им е избиен. Никаков Жан Моне или други глупости без ВМРО ДПМНЕ не биваат. А на “меџународната“ нешто ептен им се брза.

Има сеуште време.

Конгрес да, ама за избор на нов лидер НЕ.

 

 

Миленко Неделковски

 

09.12.2017